Давањето задуша е православен обичај. Изворното значење е за да се дава на сиромаси. За жал и ден денеска има многу луѓе кои се хранат од храната што се остава по гробиштата. Но, и во книгата Товит од Свештеното Писание има еден стих, кој кажува, дека е добро и благочестиво да се јаде леб на гроб од праведник. Главната цел е да се направи милостина во име на починатиот, за прошка на неговите гревови. Поскурата, благата пченица и виното се користат при помените. Инаку, кога се посетуваат гробовите без помен се раздава друга храна... Кога раздаваме, подобро да им дадеме повеќе на оние кои вистински немаат, а на нашите блиски да им дадеме нешто поскромно.
Тоа де, да се даде на оној кој е “гладен”. Значи не мора да си на гробишта за да дадеш и да се најде, така нели?! Оти знам дека многу од тие раздавини се фрлаат од луѓето ако посебно не се соодветно спакувани.
На вчерашната Задушница (6.11), конечно масовно се посетија гробиштата, барем во Бутел. Дури никогаш немам видено толкава посетеност: имаше и полиција. Бевме фамилијарно и баш приметив дека секој втор гроб беше посетен и луѓето купиле многу цвекиња: свежи, вештачки, суви и свежи во саксија, бардачиња за вода, кандила итн. Браво! Добро е што овој пат не видов масовно оставање на храна, за да се собираат кучиња и бубачки, туку беше обележано како се налага од црквата: со многу цвеќе и нормално, свеќи и кандилца, пченица, поскура и вино... а храната се делеше на сиромашните наместо да се остави на гроб (почитувам). Срцето ми се наполни кога видов толкава посетеност и уредени гробови.
Кај роднини се оди на гости? Ако се оди кај роднини на гости, зошто да не се оди и на гробишта? Ама битно и в црква да се појди, не само на гробишта или само на лапање.
Секако ќе одам во црква, па после тоа сакав на гробишта, а не знаев дали се оди т.е. дали има народ по гробиштата за Божиќ, дека ако нема народ мене страв ми е сама (од кучиња). Одам секоја Задушница, но тогаш има луѓе и не се плашам... а немам со кого да одам дека моите се загинати, а баба е многу стара да ја носам. Читам на нет дека и за Божиќ и Велигден е убаво да се појде после црква на гробишта. Се надевам ќе има народ.
Се сеќавам дека еден поп рече дека празниците се за живите. Мислеше на големите празници. Тоа значи дека тие денови се за да се провеселат и израдуваат живите. Тоа е времето кога треба да се празнува. Во многу места за празниците што се слават три дена, како Велигден, Божиќ, на гробишта се оди кај починатите блиски тек на третиот ден. Првиот ден одат прво во црква па ручаат и слават дома со семејството, вториот слават со роднини и одат на гости едни кај други, третиот одат кај претците на гробишта.
Така е, да се провеселиме. Ама секој јазикот си го турка на забот, што го боли! Патем најрадостната вест која ја добил некој, е веста за воскресението Христово! И каде се случила таа? На гробишта! Впрочем, ако сме Православни Христијани ќе знаеме, дека во Христа сите се живи. И ние што сме уште на земјата и оние чии тела се погребани!
И мене така ми има поп кажано, дека тогаш Христос се родил, Воскреснал и се слави животот не се одело првите денови на гробишта, дека тоа луѓето сами го измислуваат.
Така е, многу убаво кажано. Мислев да пишам, а не пишав дека оние кои изгубиле близок, најтешко ги преживуваат празниците. Многу е нормално што тогаш си ги спомнуваат или што тогаш имаат потреба да ги посетуваат нивните гробови. Нема тука потреба од страв @LolaL, тоа се твоите претци и блиски. Човек се обидува да се справи со недостигот и тагата по блиските како што знае и умее. А треба во тие моменти да се сетиме на ова што го пиша @Orthophill, дека во Христа сите се живи. Тоа е вистина и дава утеха.
Здраво на сите! Во која црква во Скопје може да се купи свеќа-кандило за на гробишта? ...или маркет, освен Кам и Стокомак.
В чаршија, во златарската улица има две продавници за свеќи. Во едната има многу убави свеќи/свеќници/кандила. Се` што би можело да Ви се најде.
Дали знаете зошто се оди прво дома после погреб, а не по други куќи? И ако некој отишол на друго место па после дома што треба да направи?
Не знам како да ти објаснам а да не бидам дрска, значи јас кога ќе си одам дома од погреб се осеќам како воз да ме прегазил, одам дома, се туширам, и одмарам малку да се стабилизирам после сите тие церемонии околу погреб.. Не знам дали воопшто постои човек на планетава земја на кого после погреб мѕ се оди ма гости..
Во мојот град на вториот ден одат на гробишта бидејќи на првиот ден луѓето треба да бидат дома и да чекаат гости или,пак,да одат на гости,а мислам дека некаде прочитав дека и секаде во земјата така се прави,сепак,јас мислам дека не е проблем и на третиот ден да оди некој на гробишта ако сака,само никако не на прв ден затоа што тогаш треба да биде дома и да чека гости или,пак,да оди на гости.