Сакам да одам на гробот на дедо ми, имам број на гробно место, но не знам точно каде се наоѓа, немам кој да ми каже, дали таму кога ќе стигнам гробишта Бутел, има ли некој и кого може да прашам, да ми покаже, да ме однесе? Исто до колку работат гробиштата дали во работна недела после 5 часот е затворено? Тогаш За викенд би одела бидејки сум на работа до 5, но не знам да се снајдам
Ако сакаш да прашаш за локација на гробно место и го знаеш бројот на парцела, на влезот од гробиштата (не тој кај капелата, туку тој малку погоре што е) има една куќичка на самиот влез од лева страна, таму имаат мапа на гробиштата и отприлика ќе ти објаснат каде се наоѓа гробот.