Одење на работа за време на Корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cka, 16 март 2020.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.497
    Допаѓања:
    65.418
    Темава ја отворам како антипод на темата што да правите во карантин за време на Короната.

    Нас короната не ни даде време за да исчистиме, да бидеме со децата и да читаме книги.

    Ни одзеде време повеќе од тоа што редовните работни обврски одземаат.

    Како се снаоѓате ?
     
    На dunika, Doozy, LiliBoz и 7 други им се допаѓа ова.
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.405
    Допаѓања:
    3.467
    Пол:
    Женски
    Искрено едвај , работам за тројца од средата не сум уморна ,умрена сум. Си имам и јас здравствени проблеми ама кој ме прашува мене немам дете и ќе работам до недоглед . Нема слободен ден , саботата работев повторно , не се постигнува незнам дали сте свесни со ова лудилово по маркети што правите на останатите што уште работат. Не работам во маркет ама работата ми е блиску поврзана со истите , нема каде да направам пауза , да купам појадок буквално не сме седнати ниту јас ниту моите колеги . Пешки одам по градот , уште бело био одело ми фали и ќе бидам комплетна.
    Олабавете со панично купување , нема да останете гладни ! И персоналот во маркет се луѓе и тие имаат деца , и семејства и тие не сакаат да бидат болни. Почитувајте препораки и почит малце меѓу себе и останатите што работат за доброто на другите што седат дома , да имаат опција да се обезбедат со намирници
     
    На WORRIED.BT, Marija2212, Lolipop23 и 24 други им се допаѓа ова.
  3. princess5

    princess5 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    5.830
    Мм работи во фирма која доставува пијалоци... јбг идат сите на работа ни маски ни ракавици ни бутур...Греота и жално за тие по маркетите и аптеките што мора да работат
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    15.551
    Допаѓања:
    94.649
    Пол:
    Женски
    Напишав и во темата ќе пишам и тука.

    Ја преземам смената. Дезинфецирам се околу мене, од пулт до картичка за влегување. Земам една чашка и една лажичка и таа ми е за кафе,друга не зимам. Си имам шејк од оние за смути, во тоа си пијам вода.
    Кога јадам пребришувам масата,мијам раце и јадам и пак исто.
    Кога одам во веце имаме марамици за дезинфекција што 99% штитат. Со нив пребришувам рачките и пуштам вода (дека се притиска надоле). Пред и по користење мијам раце.

    Заборавив да допишам дека опремата ја перам често оти се лепи. Кажав и во темата имаме клинери си чистат,ама посигурна и помирна ќе сум ако знам дека јас сум си пребришала.
     
    На emiliana, GirlLove, poppie и 7 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.043
    Допаѓања:
    27.919
    Пол:
    Женски
    Работен ден како секој кај мене. Само што се има повеќе работа затоа што ние што немаме деца сме на работа периодов, додека другите од дома работат. Значи се активни. Дека е потешко е, ама ќе се издржи. И да не работат само маркети и аптеки работат сите други институции и се си тече нормално. Паникава направи поголем хаос од самиот вирус. Олабавете малку.
     
    На emiliana, cresa-jagoda, Nenadskopje и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    708
    Пол:
    Женски
    Многу ми е драго што ја отвори темава :), и во темата за карантин пишав дека е преееекуу потребна.

    Јас одам на работа секој ден, немам многу контакти со луѓе, ама знам дека ни тоа не е никаква гаранција.

    Одам со точак до работа и дома, одев и претходната година да бидам искрена, така да тоа не ми е тешко. На работа одам по скали, од пред некој ден престанав да го користам лифтот, зашто е еден за многу луѓе. Држам физичка дистанца од колегите. Свој прибор за јадење носам во ранец (кој сега е видно потежок од порано), дома го мијам, не ги користам сунѓерот и приборот од заедничката кујна на работа. Кујната ја користам само вода да стоплам, во свои садови. Храна, пијалоци и грицки од дома носам истотака за да немам потреба да одам во продавници. На пауза не излегувам.
    Психички се држам, ама физички сум поуморна. Имам две деца над 11 год. кои до денес беа дома сами. Од денес се со мм кој работи од дома (конечно!), па малку ми олесна. Претходно ги контролирав само по телефон дали се дома, зошто поголемото сакаше да искача надвор и морав да вршам контрола да не кидне негде 8)
    Инаку се осеќам растргнато на две страни, дома кога ќе дојдам не седнувам, а као требало и да си одморен за да имаш добар имунитет (ха! ќе видиме за тоа..). Подготвувам храна за наредниот ден и за тековната вечер, нормално, зашто ако не им спремав ручек немаше децата да имаат што да јадат дури сме на работа. Некогаш немам време ни своето јадење да го изедам на раат, се некој е гладен..Мм сега нешто ќе помогне околку јадењето преку ден, но нема да може многу, сепак ќе треба да работи..Обично навечер помага со вечерата и нешто знае да приготви.
    Перам секој ден, ама искрено тоа го правев и претходно, сега е тоа малку и почесто (две место 1 машини на ден), зашто почесто ја перам облеката со која доаѓам од работа. Чистам дома, но не постигнувам да поминам се што сум планирала или зошто немам време или зошто сум преморена. Сега еве читам и на форумиве сите пазат дупло на тие работи, јас едвам успевам само редовните работи да ги вршам и тоа ме фрустира најискрено што неможам да средам асално.
    Децата во минатата недела си средија до детали по собите, и во шкафовите направија чистка и реорганизација, бар за тоа ми помогнаа премногу, но некои други работи си чекаат на мене.

    Најголем предизвик ми е да го контролирам постарото дете да седи дома. Прво вели зошто не смее да излегува ако ние одиме на работа. Им личи на децава тоа лицемерно од нас возрасните. Отворено ти кажува дека ти ќе му донесеш дома вирус, па џабе е што седат дома тие. И донекаде во право се, и во себе истиот страв го чувствувам, јас може да им донесам дома болест ама не смеам тоа да им го кажам инаку отиде возот. Ако така настапам пред нив ќе гледаат на тоа како на согласност моја да излезат, па нема да можам да ги соберам дома. Па затоа ги седнав и им објаснив дека ризикот е поголем ако сите 4-ца се движиме надвор отколку ако тоа го прават само 1 или 2-ца од нас зошто мораат. Второ, им реков дека тие двајца (ние возрасните) многу пазат што прават надвор и се трудат да внимаваат на сите свои постапки, а тие како деца, помалку би пазеле надвор што прават од нас. Па на тоа се подналутија :D. Демек ама ние сме големи/зрели/разбрани, што не мислиш нас?!. (facepalm) Абе до недоглед.. како и да е. Пена устата ми фати, згора на сите обврски, ама за тоа ич нема да се жалам. Ако треба и уште ќе им зборам само да не се изложуваат на дополнителен ризик.
     
    На emiliana, dunika, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.640
    Допаѓања:
    24.020
    Јас сум на работа, а децата ми ги чуваат бабите пошто не работат градинките.
    Не ми е напорна работава, ама со оглед на тоа што сум цел ден овде затоа што колешката е бремена, искрено ми доаѓа зорт! Децата едвај си ги видувам, па и ММ е цел ден на работа, така да препуштени се на баби и дедовци. Ќе се издржи некако!
    А мене малце ме нервира што оние кои се ослободени од работа не се придржуваат до правилата туку времето го користат за прошетки.
    Труданата колешка и вчера и денес си е на прошетка низ град. Баш и спомнав дека треба да се чува и дома да седи, затоа е ослободена од работа. Ама склет ја фајќало дома и плус не се ракувала и поздравувала со никој! И така, што и можеш! По нејзина логика се што прави е во ред.
    Тука сум јас да ги покријам нејзините работни часови додека она се шета оти склет ја фајќало.

    Имам уште неколку примери каде ослободени мајки си се шетат со нивните деца оти убаво било времето!
    Се злоупотреби тоа ослободување од работа, ама тоа е!
     
    На Smiley11, kukla21, emiliana и 7 други им се допаѓа ова.
  8. princess5

    princess5 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    5.830
    Изгледа и да е крајот на светот без пиво и сок не се "умира" ... нит редуцирани ни со маски и ракавици нит ништо и после мм вели ја параноична станувам па нешто да ги опремеа додека акаат низ цело Скопје
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.287
    Допаѓања:
    132.497
    Пол:
    Женски
    Звучиш претерано љубоморно на колешката. Ако се зарази ќе наебе она и бебето . А ти ако ти е толку напорно фокусирај се на одмор а не на колешката кај е.
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    708
    Пол:
    Женски
    Дечки, би сакала да ве замолам да не си правиме кавги овде и да се шејмаме за чувствата што ги имаме во ситуацијава. Искрено и јас се фаќав себе си како осеќам завист кон жените што објавуваат колку креативно го искористуваат времето дома и што имаат слободно време за се. Ама потоа ќе прочитав по форумов дека не им цветаат баш рози и тие си имаат негативни мисли и чуства. Може ете кај снегулката е поизразено зошто и останал теретот на работа на неа, јас немам таков терет. Од мојот сектор сите се погоди да сме на работа.. Како и да е. Мислам човечки е и разбирливо да се осеќаме така. Не мислите така?
    А и со Liliboz се согласувам дека не треба да си ја храниме таа љубомора и треба да имаме во предвид дека тие луѓе со причина се ослободени и не само за нивно туку и за општо добро е сето тоа. Па што да кажат аптекарите, продавачките и лекарите? Мене ми помага да ја имам големата слика на ум кога ќе ме фатат такви мисли, што знам..
     
    На cresa-jagoda, GirlLove, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.497
    Допаѓања:
    65.418
    Морам пред да отидам на работа да спремам ракавици, маски и гел за цел ден.
    За жал, и да ги разбудам моите да ме однесат до работа оти не одам со автобус, да не се мешам у народ.

    На работа менувам околу 3 или 4 пара ракавици, бришам биро со алкохол. Имам 3 пати повеќе работа за да надоместам и за другите што не идат.

    Јадење од дома, ми е страв да купам оти тетката зборува врз бурекот :) вика, со месо или со сирење? Ете ти вируси.

    Идат луѓе, идат у канцеларија, фаќаат цел спрат кваки... пак бришење со алкохол и блага језа кога некој ќе се накашла.

    Дома идам со кола. Прво дезинфекција пред кола па дома.
    Дома ме чека гладно дете и чистам готвам перам бришам кваки...

    Дете неизморено од градинка и скитање, па седи до 12. Паѓам у несвест у 12 и пак од почеток.

    Плус психа ме јаде да не донесам нешто дома.
     
    На WORRIED.BT, Safira26, emiliana и 9 други им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    4.917
    Допаѓања:
    18.842
    Пол:
    Женски
    Кај мене на работа нема никаква промена, се течи како и претходно.
    Ќерка ми ја чуваат моите во Битола, а јас и маж ми одиме на работа (во Скопје).
    Претходно одев со автобус на работа сега ме носи маж ми и на работа сум скоро еден час пред почетокот на работното време. Како и сите вас, кожата ја истенчив од миење раце.
    Ама тоа е, мора да се издржи. Ќе помине, ќе бидеме подобро, сигурна сум.
     
    На Nenadskopje, kristina.k, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    21.384
    Пол:
    Женски
    Влегувам на работа облекувам униформа,папучи,ставам ракавици и маска.
    Бришам тастатура/маус/дигитрон со алкохолни марамици, со дезинтал поминувам секаде каде што мислам дека некој допрел.
    Ставам гел за дезинфекција и на ракавиците, ги менувам на 2 часа исто како и маските.
    Пребришувам неколку пати, пред одење дома се пресоблекувам со облека што ми ја носи мм и одам дома на бањање.
    Не носам резервна облека на работното место зашто не сакам да ми стои овде и да мислам дали нешто ќе закачам.
    Раце ми омодреа од миење ..
     
    На emiliana, kristina.k, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.640
    Допаѓања:
    24.020
    Ептен сум и љубоморна! Немам зборови да кажам колку! Ама ти знаеш, блиски сме јас и ти, и од таму ти информации за моите чувства!
    Ќе пукнам!

    Иначе ЈАС настојував да си седне дома, да не доаѓа на работа! Ова доволно кажува за тоа колку и љубоморам!

    А и во право си, јас дома немам деца за да се грижам, со песна ќе ги одработам нејзиноте часови изложувајќи се на ризик за она да има време за прошетки!
    За тоа се ослободени трудните, нек се шеткат!


    Многу малку кажав од ситуацијата за да донесеш така избрзан заклучок.
     
    На lackygirl, Smiley11, Lolipop23 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    8.375
    Пол:
    Женски
    Јас работам во маркет. Како застанувам на каса се дезинфикцирам околу мене. Каса тестатура... Потоа рачките на вратите се дезинфикцираме на секои 20 минути. На рацете ракавици плус маска. Па ке видиме како ќе биде...
     
    На Nenadskopje, Cosmic Girl, snegulkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    18.250
    Пол:
    Женски
    Одам со јавен .Вратите автоматски се отвараат или чекам некој друг да ја фати не ги вадам рацете од џеб.
    На работа кога стигам си мијам раце со сапун и си имам крпа што си ги бришам .
    Ништо не дезинфицирам.Само ако фатам некоја рачка на јавен се мачкам со дезинфекционо средство.Компјутерот само јас го користам и нема потреба да дезинфицирам.
    Ако добијам документи од странка ги редам и одма си мијам раце.
    Немам ниту маска ниту ракавици.Не правам ништо посебно од кога е короната.А не ве излажав, ако некој во јавниот кашла или седне до мене одма менам место.А имам една ѕвезда одма ги привлекувам тоа болните:worried:
     
    На Nenadskopje, Lattina и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    708
    Пол:
    Женски
    Како се држите дечки?
    Кај нас на работа се организираа конечно да одиме половина од вработените и се организираа дежурства. преку ден или два му иде на секој да дојде на работа. Прво малку ми олесна за одлуката. Ама во деновите кога сум на работа, додека сум таму, психичкиот притисок ми расте, а приметувам и кај колегиве е исто. Дезинфекција се прави и ќе се прави и понатака со средства и на подовите и на работните површини. Кваките ги пребришувам, бар двапати на ден. Некои носат маски и ракавици кога се движат меѓу луѓе, некои само држат дистанца од 2 метра. Нема групирање. Се чувствува дека сите се уплашени.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.752
    Допаѓања:
    74.574
    И ние се поделивме на два до три дена,зависи од сектор.
    На работа ни дадоа марамчиња за дезинфекција бришам цело време,плус чистачките бришат кваки,под. На јадење еден по еден,максимум 3,4 ца. Храна само од дома спремам или таму нешто брзинско. Телефон бришам цело време. Ташната пред да си појдам исто. Се враќам чевлите и јакната на тераса.

    Одма алиштата во машина ,се бањам,вадам шминка, потоа седнувам да јадам.
    Навечер бришам кваки, масичката кај што си игра малото, џогирам подот во спална преку 2,3 дена ,во дневна секој ден со алкохол.

    Чоколади,пудинзи ,грицки за малото,ги пребришувам,друго не, дека пипка се и сака он да отвора.

    Крпи менувам на 2 дена исто.
    За рацете да не зборам. Партал ни се на сите :(
     
    Последна измена: 20 март 2020
    На cresa-jagoda и emiliana им се допаѓа ова.
  19. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Pa toa ti e privaten sektor, ne odi na svoja volja, ke potpises otkazno resenie, a tie ne te osloboduvaat sami
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RumShtangla

    RumShtangla Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Rabotam vo market. Stokomak..
    Standard so lugje.. Nadvor na vlez pishuva 6lica smeat da vlezat oni od sabajle 166 vlagaat od ednas. Pa kasa pushti e nema kasa. Mene duri vekje me fakja strav da odam na rabota. Koleshkive slabo im teknuva da dezinficiraat jas si dezinficiram okolu kasa,tastatura pult aparat za karticki.. kvakata na vrata na sekoi 15min.. menuvam rakavici na 2,2ipol saati.
    Ne se izdrzuva. Premoreni sme od guzvata shto beshe minatata nedela bez sloboden den,ne iscrpija i dalje nemame sloboden den.. ne znam do koga.. Dzabe od ponedelnikot vovedoa reduciran vlez vo market koga nie vrabotenite nemame veke sila. Isto mi e dali 2ca vlegle dali 20. A toa shto nemaat osnovna kultura nemaat. Pri vlez kolku stigam im davam da se dezinficiraat a i pri iskacanje,dezinficiram korpi pred da zemat i os koga ke mi ja predadat prazna pak. Kako sto sum jas covek koj se plasi za svoeto zdravje taka i kupuvacite. Megjutoa nejkam da me osudite ama za nekogo ne se mrda ni so prst. (Zboram za odredeni potrosuvaci). Koj raboti vo market ke me svati najubavo.. ubava vecer
     
    На Doozy, lackygirl, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.