Не ги разбирам овие што одат на свадба со сопруг(а) кај роднина негов(а) што не ја ни виделе. Ако маж ми го поканат на свадба кај роднина/колега/било кој што јас не го познавам, не знам што мајка барам таму ако не сум посебно поканета. А како ќе сум ако не ме познаваат? Замисли идеш на свадба и појма немаш кој се жени и мажи. Исто и мене ако ме поканиле кај некој што маж ми не го знае, не мора он да иде. Или ќе слушнам - како без жена ти/маж ти идеш на свадба, вие сте фамилија. Ако сме фамилија, не сме се врзале со лисици.
Сакаш да кажеш дека одиш на свадби кај непознати и непоканета само зашто маж ти е поканет? За тебе треба плус место и плус порција.
Како тоа непоканета? Одам кај роднини кај маж ми, не канат заедно исто и он кај мои. Ако мои роднини ме поканат само мене, нема зошто да одам
ај од почеток. кога си во брак нема непознати. а и да има на поканата скоро увек пишува тој и тој со фамилијата. Сем од работа, што знаат колегијално да одат. Не ми е јасно како ова ти е чудно...
А зошто не отидеш на свадбата, па ќе си пинеш, ќе си замезиш, ќе направиш муабет, ќе поуживаш. Па ако пинеш доволно ќе биде ко сите да ги знаеш 15 години.
Дечки не зборев за роднини и пријатели со кои двајцата си живеете. Зборев за некој еве негов колега маж ви го кани ама вас не зашто не ве знае. Ќе одите тогаш?
Јас мислам дека членкава нема потреба ни да се мажи. Шо сеа, сегде заедно ли да одат па дури и во кревет? Сакаш деца? Одиш како на бензинска да ти наточат сп.... и готово. Сеа морало свадба па...
Ти пиша за роднини, а не за колеги. Кај колеги е нормално да се оди без маж/жена, освен ако се поканети заедно, се дружат приватно итн
Па и кај роднини не толку блиски. Некоја далечна братучеда што не ја познавам јас и не сум ја видела и не ме поканила. Зошто да одам?
Има луѓе што едвај чекаат повод за славење и луѓе што едвај чекаат нешто за плукање. Има разлика. Морав да цитирам извини вака.
Нормално дека не. Ама ако пишува +1 или му рекле да ме понесе, ќе дојдам. Конкретно за колеги, одиш со друштво на колеги, никој не носи партнер. Ама далечни роднини обично ако знаат дека си во сериозна врска или во брак, викаат.
Ако не е доволно блиска за да те кани тебе, тогаш не е доволно блиска ни да го кани маж ти. Simple as that
За роднини секогаш си планираат двајца кога канат на свадба. А бе не ми е јасно шо има толку лошо во тоа. Во Америка канат Џон + 1, не им е ни битно дали го знаат или не тој плас уан. Може и другар/ка да биде, не мора ни партнерот да е. За бон тон се работи, гостинот да има придружба.