Освен кај колеги од работа, друг изолиран случај кај што сум била поканета сама не памтам, и кај другарки и кај роднини. Мене ме прашувале луѓе кои не ми се блиски дали да ме планираат со партнер. Сите ме канеле со +1, од некои 22-3. Дали бил моменталниот партнер или друг сеедно. Исто и од страна на моменталниот партнер. Мене не ми е удобно да одам сама, а и општо не обожавам свадби, па подносливи се со партнерот.
Не е толку голема филозофија. Имаш сељаци луѓе и такви баш те заболе како те гледаат. Ни за 20 години немаше јас и тој пемпеле да имаме, и несериозни ќе бевме уште Таквите уште ехе одамна ги избришавме, оти народ што ми суди колку сум битна (или битен) според брачен статус, таа личност не е битна за да се замараме ние со неа. И треба да те канат со +1, јака муда дали ќе се смени дечкото или нема. Уствари твојава тема ме потсети на еден муабет од пред добри 10 години. Значи со дечкото тогаш бевме заедно околу 3 год и бевме на свадба кај негова братучетка (тогаш и ја запознав). Како и да е, една рандом Х личност, си коментира (дечко и' и' раскинал): ми е гајле, на сите снимки кај брат му на свадба ме има како оро играм, нека пукне идната јас малце се подзадавив од смешно што ми дојде дома имам по слики бивши сечии, па и на моите родители, што оделе доаѓале по свадби, па еве сите сме живи се' уште
Па така и треба да биде. Што е битно дали е за навек или не. Глупо е да каниш некого сам, а и со фамилија да каниш, пренесуваш дека ако има партнер добредојден е.
Па ова до негде сакам да го кажам. Не е свадбата формалност да мериме кој е посериозен. Или ме викаш од ќејф, или не ме викај. А само зашто сме се потпишале, а до вчера не сме се знаеле со случајниот роднина не. Не е секогаш за лутење, немало прилика нели за запознавање ама па не би идела едноставно ако не ги знам. Значи поаѓам од себе дека на гости/родендени/прослави било какви одам кога стварно ми е мерак да отидам, биле мои или на партнер. Така ради реда оти сум му била жена, не. Друго е нѐ канат на кафе, врземе муабет едно друго и гледаш дека се мили луѓе и тогаш од мерак одиш. Ама и овде не сакам тек да е во брак а знаеле за мене со години. Онака рандом прилика еј Трајче долго идете со Манчмало, ај викни ја да ја видиме. Значи кажав пример за едни а знам и општо други примери каде ни родители ни роднини на едниот никогаш не го/ја поканиле партнерот/ката оти не биле фамилија, да не се срамат пред луѓе. Мање битно што се тие двајца гз и гаќа со години во врска, битно утре ќе глумат хепи фемили со снаата на свадби и собиранки оти готово, биднал потписот. До вчера името не ѝ го знаеле, денес највеќе ја сакаат, важи. Фемили се, колку се хепи е друго. Факт е дека со сила не може да се почитуваш и сакаш со некој само зашто ти е нешто. Јас првично бев со тој став да нема запознавања никакви. Ама искрено сега покомотно се осеќам да отидам кај него или тој да дојде кај мене и да не се плашиме дека нечив родител изненадно ќе дојде и да не знаеш како да реагираш.
На две свадби сум била "кума" тогашен партнер бил кум Некогаш си викам кога ќе им ги гледаат децата фотографиите од свадбата може малце подзачудени ќе се зашто сегашната кума не си личи со фотографиите
Нема врска Мене ми се интересни приказните од кога моиве и блискиве општо биле млади. И веридби раскинати, и бракови разведени има, се' е тоа живот
Да не го пофторувам истово од ченовите над мене.Не само до почит.Оди каде што си поканета иако ен ги знаеш луѓето,ем ќе се социјализираш,ќе поминеш убаво време,ќе избегнеш монотонија.Може ќе запознаеш ноќи луѓе кои ќе ти станат многу блиски.Луѓе кои ќе ти се најдат и во добро и во лошо.
Можеби и затоа не те викаат, оти си интроверт. Ама па како ќе ги запознаеш ако не им отидеш, ако не се видите на кафе, на гости? Не мора да чекаш да те викнат, викнете вие, отидете им ба гости. И немој да мислиш дека откако ќе се потпишеш на сите ќе им станеш мила и сите ќе те сакаат. Баш напротив. Секое видување еден културен разговор и толку. Нема потреба од љубов и блискост, почитта е доволна. Еве ме 5 години во брак, па роднините на мм се исти спрема мене исто како кога му бев девојка. Разбирам, во такво семејство си растена и затоа така размислуваш. И за тебе тоа е нормално. Ама за други не е.
Мислам дека секој за себе треба да одбира дали ќе оди на некоја свадба, или не. Јас за мене, маж ми за него. Ако сакаме на сите свадби да одиме заедно, супер. Ако не сакаме на ниедна свадба да одиме заедно, супер. *Исклучок се брат му и брат ми
Поентата е дека е некултурно да поканиш некого без партнер, а дали тој ќе дојде сам, со партнер, е веќе нивен избор. Нормално дека не мора сите секаде да одат, ама мене ми е скроз без везе да поканам некој сам. Дури да не знам дали има партнер, пиши +1, па со другарка нека дојде ако сака.
Искрено, ми се бендисва и ова канењето без +1. Се знае со кого-каква врска имаш. Таа не му следува по дифолт и на партнерот и не треба да се зема ко зло, ако некој не не покани на свадба 'од другата страна'
Е ако де нека се врти муабетот тука, да имаме на што да се понасмееме. Озбилно неколку пати се засркнав од смеење на коментари од членки Ај кога се навеав на темава, да потсетам поединци да отворат во речник да видат што значи зборот почит. Сум одела на свадби кај што ниту јас ниту партнерот сме ги знаеле младиве, ама нивните родители се роднини со неговите или со моите и наместо постариве да присуствуваат решиле ние да одиме. Сум си поминала на некои од нив преубаво и пак би одела така на непознато. Малку треба да се радуваш на туѓа среќа без да ставаш ситници на кантар, криво ме погледнале, не ме познавале, далечни биле, блиски биле, абре ме испочитувале мене или моите или неговите јас дупло ќе им возвратам.
И шо ќе ви е тогаш свадба со самци? Без деца, без партнер, само ти сам затоа што ти си ти мој рода. Другите се небитни. Матичарот и попот исто ми се рода. Оти ако не ми се нема да се радуваат дека се мажам/женам.
+1 e за тебе почит, имателот на врската со славеникот Можеш да не ја искористиш. На работа во два наврати ме канеа со +1 (иначе колектив се кани). Еднаш го земав бившиот оти се знаеше со колешката што се мажеше, еднаш не, немаше потреба.
Бевме на свадба кај што ни јас ни тој не ги знаевме младите. Уствари на 2 бевме така. Топ си поминавме искрено
Не кажав дека неговите досега не ме викнале на свадби. Немало прилика кај ниедни. Кај едни роднини сме биле на гости и се многу фини луѓе. Други беа тие што реков не ми правеле муабет оти сум му била само девојка. Е за вториве нема да им се молам со сила да ме запознаваат. Ама и после потпис не мораат. А не тогаш Аа сега си му жена, ќе ти прајме муабет.
Мене исто ми е некултурно ако сум поканета да не појдам исто ко што ми е некултурно да го поканат мм, а не мене. Имам таков во фамилија, никаде не оди, жена му сама секаде, не му се социјализира или има попаметна работа за правење дента. Е такви луѓе што не знаат да покажат почит ич не почитувам ни јас. Ко децата мали, мора да му е се погодено за да направи нешто, чувај боже труд да внесе и да се стави во ситуација кај што малку му е неудобно. Никакво излегување од комфор зона. Некој ако ме покани, одам. Штом ми покажал чест и ме поканил, најмалку што можам е да возвратам исто.
Тоа е пример на хронично однесување без везе, него од 1000 причини може некој да не може да отиде. Може да е на пат тогаш или било што друго да е во прашање. На свадби се случувало да не отидеме (едниот) во два-три наврати, иначе сме оделе заедно. И да оди само еден, и да не оди ни еден, добро би било да се научиме дека треба да јавуваме со време.
Па тоа +1 е за да не седиш сам/а. Барем јас така си го сфаќам. Еве мене би ми било глупо да одам скроз сама на некоја свадба кај што не знам никого а не сум ни многу блиска со невестата и малдоженецот.
„Одење на свадби заедно со партнерот“ Па ваљда затоа ти е партнер, за да одите секаде заедно. Ние двајца не сме биле на многу свадби и во глобала не сме баш the wedding type of people, можда на 4 сме биле се на се од кои 2 беа кај негови блиски, а другите кај мои бивши колеги кои ми дадоа покана на која ги пишуваше двете наши имиња. Ниту јас бев толку блиска со колегите, а камо ли маж ми- сепак отидовме да ја возвратиме честа на луѓето. За ниедна од овие свадби не бевме уште земени, но си бевме поканети заедно. Последно маж ми доби покана од негов колега и човекот ме викна и мене иако никогаш не сме се ни запознале, меѓутоа не бевме во можност да одиме поради работа, исто како и за уште 2 свадби летово. Мене лично ми е апсурд да поканиш на свадба сам некој што знаеш дека е во врска/брак. Дај им покана за двајца, па нека си одлучат сами дали и како ќе дојдат. Ова за мене е непочитување. Секој си има различна врска и немам за цел никој да убедувам како е правилно. Сестрата на маж ми, на пример, еднаш го убедуваше да одел сам кај некој си сосед нивен, тоа било нормално и маж и нејзин сам си одел по свадби, визити, родендени Дури и се налути кога маж ми одби да оди на свадбата без мене, иако јас немав воопшто проблем да оди сам, бидејќи не знаев ни невестата која е. Имам приметено дека не само и на свадби, туку и на секакви мали свечености луѓево си одат сами без разлика дали се во брак или не секој си ја тера својата страна. Секој со своето друштво си се собира, жената дома со дете- мажот по визити, родендени, рандом собиранки од јутра до сутра. Јас овој начин на живот не го сакам за мене. Мислам дека сите „легнуваат на брашното“ и мислат дека ова е модерно, а во суштина за да живееш вака нема потреба да имаш партнер. Излегувај си, прави што си сакаш, дете можеш да имаш и од непознат донор и чао пријатно, не знам која е потребата свесно да влегуваш во било какво партнерство ако сакаш животот да си го тераш сам?