Одење на свадби заедно со партнерот

Дискусија во 'Свадба' започната од Munchmallow20, 31 јули 2022.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.765
    @Mantub се сетив на една поскорашна ситуација.

    Значи одма после разделбата беше, дали месец имаше поминато.

    Мои познаници (не пријатели, ама драги познаници) ме поканија на свадба со него.

    Во тој период уште ми беше се' свежо, не сакав никаде да одам, а најмалку на свадби, посебно каде што доста луѓе ме знаат и ќе прашуваат за него.

    Културно ја одбив поканата и реков дека не можеМЕ да дојдеМЕ, не објаснував на невестава што се случува, не сакав да замарам со мои депресивни муабети.

    Сега, може изгледам некултурно, не знам, ама во тој момент во животов бев 100% само и само на себе посветена, искрено дишењето ми беше тешко, раздразлива бев, се' живо ме повредуваше, свадба ај што секако не беше соодветно место за мене во тој момент, него ете немав сила и со прашања да се справувам.

    После реков на моите да кажат по роднини кога ќе не' канат некаде дека сама ќе одам, чисто да знаат и едноставно да не ме прашуваат каде е тој.

    Бев после и на свадби и други настани (сама) и фала богу сите имаа осет што знаеа, ќе се најдеше по некој да праша и за да избегнам испрашување викав "на пат е", и слично.

    Денес веќе не ми е свежо и немам проблем, па и да ме прашуваат не ме боли да кажам, ама иако искрено ми е криво што на таа свадба не бев (стварно ќе сакав да беше поинаку), одлучив дека едноставно нема потреба да се форсирам и измачувам.

    Месеци подоцна објаснив, фала богу наидов на разбирање :)
     
    На sj *O*, senjorita-v, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Не ми се десило да биде поканет само еден од нас на свадба освен кај колеги кога идат колегијално сами.
    Ќе наведам некои примери.
    1. Кога започнав врска со мм, моите беа поканети на свадба од роднини, ама бидејќи знаеја дека сум у врска лично ми кажаа дека е и дечко ми поканет иако не го познаваа.
    2. Другарка ме покани на свадба исто со придружба
    3. Кога правев свадба и ги канев другарките, напоменав дека се со плус еден поканети сите без разлика дали имаа дечко или не.
    4. Поканета бев на свадба од другар од детство на мм кој не го ни познавав нити пак ми знаеја име. На покана пишуваше името на мм со сопругата.
    5. Покана имаше за мене и мм од фамилија на нина(жена од чичко од мм) :D , го канеа свекор ми и посебно покана за нас иако не се познававме.

    Нормално е, од почит кога каниш некој на свадба, да понудиш да дојде со придружба без разлика дали има партнер или не.

    Доколку некој ме покани само мене или само него (освен ако не е колегијално) нема да идеме на свадба. Дури и се случило да не отидам на роденден, слава и сл кај брат, сестра сама без мм кога бил на работа, нити пак тој бил ако ја не сум била во можност да присуствувам на некој настан.
     
    На sj *O*, nevermet18, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    23.012
    Јас еве скоро што бев на свадба на мои роднини, либе не беше поканет оти не го познаваат, фала богу:) Не ни очекував да биде поканет. Знаат одамна дека сум во врска ама сепак непознат е за нив.
    Ама исто ќе беше и да бевме земени. И тогаш многу нормално немаше да е поканет ако претходно не го запознале.
    Не треба да прави разлика.

    Ми рекоа само ај донеси го некој пат да го запознаеме. Дали ќе се смени нешто после тоа евентуално запознавање не знам. Мада и не верувам.
     
    Последна измена: 2 август 2022
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    23.012
    Сакаш да кажеш дека ако отиде 3 месеци на пат, од дома не излегуваш тој период?
    Ептен глупо ама океј, никаде без нив.
    Ако треба да ми е страв и срам да одам некаде сама, а кај луѓе што ги знам, ондак сериозен проблем имам.
     
    Последна измена: 2 август 2022
    На Amelia и Bubbles02 им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.765
    Абе требало да пишува +1. Па ти ќе си одлучиш дали треба или не да оди.
    Ова што го кажуваш земени/неземени е истата работа.

    Нема потреба да размислува никој во каква врска си, едноставно те кани со +1 оти ТЕБЕ те почитува.
     
    На sj *O*, senjorita-v, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  6. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Не реков дека не излагам од дома, ама на настани кај шо не е поканет мм нема да одам. Ако немаа почит према мм за да го поканат, значи немаат почит ни према мене.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda и TheTruth* им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    23.012
    Па Каме ова што збореа неколку членки, јас сум била дел уште од фамилија со моите дома, а дм не бил дел од истата и затоа не требало да се канат "туѓинци".
    Ваљда и родниниве истата филозофија ја имаат.
    Мајка ми онака ми спомна а ***** не е поканет а? Викам па како да го канат кога не го знаат.
    Не знам ни како би го запознале воопшто пред моја свадба, во друг град се тие.
    ****
    @LadyLollypop ти кажа не идеш кај што не можел он да отиде, не беше за канење.
    Мене ми е глупо еве најблиска другарка да не ми дојде на роденден само зашто маж ѝ бил на пат, а инаку би бил и он поканет
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Либе не го знаеле па затоа не бил поканет и либе да ми е маж и не го познаваат пак заслужува да не е поканет.:drunk:
    Што либе ви е тој бре членки или маж кој очигледно ниту го сакате доволно, ниту го почитувате штом не го придружувате на свадба или ако негови го канат што нели го познаваат дека вие нив не ги познавате, криво ве погледнале или што ти ја знам таму не го придружувате?
    И јас се чудам за ова или влегувааат за да ги издржува некој, а немаат допирна точка со него ниту сакаат да го дружат или заедно да одат на прослави или еве не знам.
    Стварно не ги разбирам ваквите личности, па толку цепидлачење и филозофирање за нешто што се прави од почит, за чест на младоженците.
     
    На sj *O*, Кена Рис, nevermet18 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    23.012
    Ете де, не им текнало на него додека планирале, не знам.
    Што да им речам треба? Да се лутам?
    Ќе речат па ела донеси го да се запознаеме па ќе го каниме. Накратко јас ќе бидам крива.
    Да, ќе се лутам ако чекаат наш потпис за тие работи. Ама вака на ептен невидено нема смисла лутење.
     
  10. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Ти си знаеш што си требала да им речеш, вака како што го држиш во подрум може па и ти одговара што не било либе покането, а и не би бил поканет ни како твој сопруг.
    Што нема да се прочита тука:D
    Со ова што пишуваш дека заслужено е да не е поканет и како либе и како маж, затоа што демек не го познавале покажува пред се колку ти го цениш и почитуваш тоа либе во твојот живот, ама ај ти си знаеш зошто е тоа така.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    А зошто самата не си кажала дека ќе идеш со дечко ти? Мислим си можела да прашаш ако ништо друго, како и да е ќе ја плати порцијата дечко ти. Сигурно не би ти рекле дека не може да дојде.

    Да, не сум била на роденден на внука ми затоа што мм беше на терен, ама отидовме после два дена кога се врати. Никој не ми замери за тоа. Туку ја испочитуваа мојата одлука дека одиме во „пакет“ и не ми е срам ако на некој му е смешно тоа.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda и TheTruth* им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    23.012
    Зашто планирале број на гости и места, и онака ако јас сум од нивна фамилија, он не е од нивна, ниту е нивен познаник. Значи преку мене го канат, не зашто нив нешто им значи неговото присуство.
    Да и мене ќе ми беше мило да го однесам ама не сакав проблеми да им правам на таков ден.

    Плус и онака бевме тројца, и он да беше немаше ни кај да спие.

    Замисли се мажиш ама преместуваш гости и порции и све оти некоја ненајавено си го донела дечкото.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Точно дека не би им значело неговото присуство ама па би те испочитувале тебе.
     
    На Bubbles02, cresa-jagoda и TheTruth* им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    23.012
    Епа ете он е за нив уште странец и непознат, гајле им е колку ми значи мене.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Е убаво кога појасни вака, меѓутоа во ваква ситуација јас лично нема да одам.
    Еве родниниве пуштиле покана за фамилија таа и таа и секогаш прашуваат колку лица ќе може да присуствувате, вие ако сте рекле двајца, ќе си одите во договор со твоите ти и тој или нека одат мајка ти и брат ти, спомна не живеат заедно со татко ти.
    Се е ствар на договор, а убаво и ти пиша членкава погоре си можела да понудиш да му ја платиш порцијава ако било толку за ограничените места и парите за порции.
    Ама не ќе да е така, мене ми личи дека тебе ова либе ти е само за на закачалка да ти стои, жално за него како дозволува да е третиран.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    23.012
    Сфаќаш дека можев само да се искарам со нив ако го донесам него?
    Одевме јас, мајка ми и брат ми. И така нѐ планирале, тројца само.
     
  17. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Нив им е гајле затоа што и тебе ти е гајле за него.
    Кога ќе се потрудиш да им е гајле и да те испочитуваат тебе со тоа што ќе ти кажат +1 или ќе понудиш да доплатиш се би било поинаку, ама твое си е како ќе си правиш во иднина.
     
    На sj *O*, BezglasnaBukva и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    гајле им е затоа што не им значиш ни ти ништо на нив
     
    На cresa-jagoda и TheTruth* им се допаѓа ова.
  19. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Не не сфаќам, кај такви нема ни да одам, а не да се карам и објаснувам. Културно одбивам покана ете нека оделе мајка ти и брат ти.
     
    На sj *O* и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    23.012
    Ги знам луѓето, не е до мене.
    Блиска од фамилија не поканија оти не зборат со неа со години, за дечко ми па ич не би го канеле.
    И не сакаат едноставно скандали и водење луѓе кои не им се нив блиски на НИВНА свадба.
    Не сакам ни јас проблеми и да бидам запамтена како парти пупер од сите таму на нивен ден.
    За нив би било детско и незрело да им де лутам оти не го канеле непознатиот мој дечко.
    Би го однела со мерак, ама така одлучиле, не можам јас тука.