Одлично, пак да одиш кај вакви на свадба без либе, како таква најарна ќе те памтат Наивно ти е многу либе, ама негов проблем со оглед што и како маж ќе ти е сеедно дали е канет или не. Важно ти мирна и кротка по свадбите без скандали орото фати да го виеш без него. Пишав што нема да се прочита тука
Види да знаев дека ќе го примеа, ќе им кажев без проблем. Ама знам дека само ќе превртеа очи, леле манчмало најде проблеми да ни прави и сега на свадба. @LadyLollypop не ги прашав. Оти ако ги прашав ќе се навредеа. Значи еве кажав ги познавам. Младоженецот ми е како брат, он не би се налутил знам, ама еднава роднина од сватовите одамна не ме мириса многу многу и дури и да прифатеа, ќе беше така на сила. Истава што не не сака многу одби да ја поканат и другава роднина што се скарани. Јас отидов оти дечково што се жени стварно го сакам, неќев друго да правам проблеми.
Епа си покажала колку го цениш дечко ти. Да ти е стало до него, одма би прашала дали може да дојде и тој. Со тоа би им дала до знаење дека ти значи и сакаш иднина со него, па полесно и би го прифатиле.
Не знам зошто темава, многу е едноставно во суштина. Ако си поканет, бираш дали одиш, ако не не. Поприлично е јасно кој е поканет. Не бидете само таа беда од луѓе кога сте поканети како колеги да прашувате дали со партнери да доаѓате, нормално дека колеги се канат без партнер најчесто
Над тебе се дообјаснив. Младоженецот не, мајка му ќе правеше проблеми оти одамна не се мирисаме со неа. Мајка му одлучи да не поканат и една тетка со која не се сакаат исто, иако дечково океј му беше она да дојде. Работава беше ако она рекла така за гости, така ќе е. Јас отидов ради дечково оти цело детство сум била со него, како брат ми е. @LadyLollypop полека малце со осудиве. Сакав да отиде сфаќаш? Ама сфаќаш каков скандал ќе излезеше дури и да прашав? Огромен. Можеа и со моите да се скараат у најлош случај. Наречи го претерано ама убаво ми е јасно дека така ќе беше. Им реков ќе го запознаат у некоја прилика и тоа е тоа. Едноставно и за нив нечив дечко не значи ништо, не е фамилија нит близок.
Не, не сфаќам како може да се направи скандал од едно прашање. А у осталом, штом мајка му од тој не те мириса, немало потреба да се замараш. Ти си отишла почит да му дадеш на тој шо праел свадба, не на мајка му. Едит: Знаејќи ја каква е, намерно би и рекла да ме планира со партнер.
Зашто ќе беше аа сега да мењаме распоред? Ајде гледај кого можеш да откажеш (оти рестораните не беше нешто голем), или гледај кој нема да дојде. Па ако нема, планираат поинаку де. Па ќе биде ама зашо да доаѓа он, не ви е фамилија, денес се заедно утре не се. Па ајде преку сила ќе се најде место. Па ајде таму оти сум им направила проблем со местата ќе ме гледаат попреку. Па со моите шепотење Абе оти вака луѓе ни го тупосавте? он да не чуе. И све ќе биде awkward as fuck. И ќе им ја усерам цела среќа а он ќе биде обележан како непожелен и некој што се бута ради мене уште на прво запознавање.
Абе кај си ти. Се појави на најјаката тема, а? Јас не сум прашувала дали со партнер, кога ме канеле колеги нормално и мм бил поканет. Не одиме на тим билдинг побогу, зошто не и партнер?
Па тоа де е глупото. Да седнеш да размислуваш аха мажени немажени. Јас лично кај себе сите млади ги канам со +1 а не како "фамилија". На мојата веридба повеќето и беа со дечковци/девојки од присутните. Другарка ми е мажена па без маж дојде оти тој не беше во земјата, си дојде со брат и'. Едноставно каниш +1 и не се замараш понатаму, нивно право дали ќе доаѓаат заедно или не.
Зависи од колективот. Ако кај мене не' канат со партнери, бројката лесно преоѓа од 100 колеги нагоре Најчесто е така затоа што приватно не се дружиме секако, а како колектив сме ок. Претежно е така на свадби од работа.
Ај да не забегуваме сега. Искрено, и јас не би прашувала кога ме канат некаде, дали може да го земам дечко ми/маж ми (дечко ми зборам во минато време, да не мислите имам и дечко и маж ) Ако личноста која ме кани смета дека само мене треба да ме покани, нејзино право. Мое право е дали ќе одам сама или воопшто нема да се појавам.
Абе како може роднини да одлучуваат дали јас МОРАМ да им дојдам сама на нивната свадба ?! Нема што да им се лутам. Ако не знаат дека имам дечко и ме поканат сама, ќе им кажам дека имам партнер . Ако Не им одговара да дојдам со партнерот , фала лепо . Убо да си поминете . Не ми паѓа на памет да одам на нивна веселба а јас тажна да седам таму зошто немало место за моето либе . И не е битно дал го познаваат или Не . Битно е што јас сум им кажала дека во мојот живот постои некој си Узбекистанец,а тие и покрај тоа ме канат сама
Никогаш нема да седиш сам. Ако те канат, значи знаеш некој. Дали ти се колеги, дали пријатели, дали роднини.
Абе може ќе треба и ресторанот да го реновираш. И ти преувеличуваш сега. Ако има човек плус на маса додаваат стол, прибор и тоа е тоа. Никогаш не е толку кнап масата за да не можеш да додадеш +1. На крај краева затоа и се прават свадби по ресторани. Вработените секогаш имаат солуција за сѐ.
Јас би си прашала дали може дечкото да си го земам еве кога ќе си фатам, па сакам фино-лепо да си го носам. И сакам да ме носи, нормално
Јас тебе и со мачките ќе те викнам, не па со дечко Мене не мора да ме прашуваш ништо И плус 1, 2 гости да се донесат на маса, или на свадба воопшто, спремни се секогаш рестораните со плус порции. А често и не доаѓаат сите гости кои се поканети, така да ништо страшно. На пример пострашно е кога имаат 100 спремни порции, а свадбата се откажува