Лооллл, сигурно му е забавно на дечко ти со тебе. Нема свршувања, нема одења по свадби заедно... Уште колку ли вакви правила имаш? Сериозно, се надевам дека има слични ставови како тебе, инаку ќе те остави кај и да е... Инаку имам одено на повеќе свадби како +1, кај луѓе што не ги познавам, исто така и мажот ми, тогаш дечко, на свадби кај што сум била јас поканета а тој не ги знаел младоженците.. сме си поминувале најубаво Мислам, ова отсекогаш е било најнормално, дури и не ми беше јасно што се зборува на темава, ама јас и мојата пуста љубопитност се најдов да ја отварам
Јас секаде каде што сум била на свадби го канеле и дечко ми. Не го познаваа но ме прашаа ако имам дечко може и него да го донесам само да ги известам. И роднини и пријатели, а исто и од негова страна.
Имам две неродени, нечовечки, се надевам и бар едно човечко и од мене родено ќе создадам де Си има Дете не се носи на свадба ако не можеш да го контролираш, иначе се носи ако сакаш да го однесеш Ја осеЧам во полна постава секаде ќе одам, за инат
Јас и мм сме веќе 6+ год во брак , но сеуште не ми ги познава ни пола од роднините. До пред крштевката на малиот ( тоа беше пред 3 м) знаеше само 10% од моите роднини. Со тие кои што дојдоа скоро со сите прв пат се запозна на крштевката , имам уште бааѓи блиски роднини кои ги нема запознато. Не правевме свадба , не сме во исти градови , немало прилика ...па не се знаат лично. Тоа значи дека коа ќе прават они свадба нема шо да го канат него, така? Да си одам јас со мама и тато и брат ми со жена му, оти снајка ја знаат повеќето Боже сачувај
На свадба не се оди за да се оддаде чест. На свадба се оди заради пирошката! И секој има право да си покани кого сака, дали сам или со партнер, односно секој си знае колку му тежи џебот. Исто така секој има право да прифати/одбие, односно да процени дали ќе оди со колеги пример од колектив, сам/а или пак сака да иде само со партнер. И ондак то.
И онака не ги сакам оние традиционални македонски свадби а и не сум фамилијарна, би одела на некоја скромна свеченост со малку гости само доколку се работи за блиски пријатели кои веројатно би го поканиле и дечко ми.
И за тие со кучиња да го соберат недојаденото месо од тањири, за да им го дадат на кучињата @Biljarkata
Нема недојадено месо на моја маса. Ама, ако е кучето е таму, ќерка ми ќе му даде скришно под маса. Иначе на диета кутрото
И кај мене исто Ама ова со кучињава ме потсети на комшивка шо редовно носеше ќеси на свадби и при крај на вечера ко келнер ги прашуваше дали се готови и го собира месото. Штета је да се баци
Некни бев на свадба, немаше пирошка. Уште ми нема разочараноста поминато, 3 дена кенкам оти свадбата без пирошка ја поминав! Иначе не верувам да правам свадба, ама ако правам би поканила луѓе со плус 1 ако имам финансии. Ако немам и ми се блиски ќе кажам искрено. А ако не ми се блиски нема да двојам, нема да поканам, и онака не ми се блиски. За све има решение. Само за немање пирошка нема, тоа е недозволиво и недопустливо! А иначе другата половина ако ме викне, ќе прифатам секако, што одговара на првичната тема. Ако сме заедно, заедно сме за такви моменти. Биљо ти да не си јас? Како тоа да не се дојаде нешто, како да не се биде буре без дно