Имам некои блиски луѓе кои ги знам од различни места, сме се зближиле ама немаме заеднички пријатели. Очекувам дека ако ме канат би ме викале со +1, и да немам партнер во моментот, сигурно не би дошла и седела сама. Тоа е почит кон мене, не кон партнерот. Бидејќи не ги каниш луѓето само ради реда, ваљда очекуваш и убаво да си поминат на свадбата. Кај некои што не ми се блиски, подобро нека не ме канат, отколку да имаме незгодни ситуации, ама баш ич не би се навредила. А мислев е јасно, со колеги никој не зема партнер освен ако не сте ептеееен блиски, а со фамилија нема правила. Буквално секое семејство е различно.
Вистина се јавив Иначе да зависи од колективот, пишала Каме погоре. Од мое искуство досега, скоро никаде не се канат колеги со партнери на свадба, барем во мојава сфера. Ама имало случаи кај што сами си прашувале дали може со мажот да дојде или жената, а поканата заедничка на колегите. Мислам, малце очајно ми е. 3-4 саата се ќе издржите да не сте заедно
Нема правило. Еве јас лично никогаш не би отишла некаде непоканета, сметам дека ако ме сакале таму, ќе ме поканеле. Ако не, поради било која причина, немам што мајка да барам таму. Од друга страна, и домаќините треба да имаат осет и пример ако канат другарка/другар, што не знае никој од фамилија, да го викнат со +1. Па тој/таа сам/а нека одлучи дали ќе земе партнер или пријател. Јас на моја свадба, би сакала на сите да им угодам, и сите да се осеќаат комфорно. Ако сакаат да дојдат со женска, па макар и 2 месеца иделе, слободно. Нема да ме осиромашат 1800 денари ако веќе правам свадба со 200-300 гости. Ако немаш финансии-не прави свадба. Или прави за најблиски. Ама за вакви работи фаќате мислам стварно глупости…
Се надевам ова нема да е премногу сурово, ама дефинитивно се почесто стапуваат во брак ради „што ќе рече околината ако останам стара мома без дете“. Исто и тој факт што го имаш спомнато „да ги издржува некој“ е многу точен, за жал. Барем јас во моја околина познавам доста девојки што ете, се мажиле колку да се рече дека се мажени, мажот нека прави што сака, нека лумпува до сабајле и за викенди дома нека не се прибира, ама важно тие дете си имаат, па сега цел свој живот ќе го посветат на тоа дете. Спратот од свекорите е тука- супер, нема потреба да вложувам во ново живеалиште, золвите и јатрвите по цел ден тука со нивните деца, јас ќе си одам кај мама ќе си седам и што ќе ми е маж? И се така во круг ова се дешава во Македонија, верижно си оди И мене истото ќе ме чекаше, затоа спакував куферите Друга работа што не можам да ја разберам е тоа пусто неработење и чекање некој друг да те издржува. Направи си дете, оди на породилно и работа заборави. Чекај бе малце, како планираш да живееш ти? Детето ќе пораснело така во една соба, па уште се токмат и за второ, трето. Не знам како не им е незгодно пари за влошки од мажите да бараат и како не им е ќеиф да се самостојни жени. Абре мерак ми е од платата да му купам нешто убаво, да го однесам на вечера, на одмор, да купам нешто за дома- а не да се осеќа дека се е на негов товар. Па уште најјаки ми се кога ќе кажат дека сакале да си ја најдат работата од соништата и затоа во меѓувреме само мажот работел- бил жртва за неа од што ја сакал. Сестро, тоа твое „меѓувреме“ е претворено во годиништа и преминува во злоупотреба на маж ти и останатите што им земаш пари од страна. Жал треба да ти биде за нив и срам, а не со гордост да кажуваш дека си domestic princess и дека никогаш нема да работиш повеќе. Реални да бидеме на кој му се оди на работа, али морам да те разочарам- паричките не растат на дрво Имам слушнато и „ќе му земам на заем на овој, знам дека има“- прво земи работи нешто, после мисли за земање на заем. Гајле си немаат бе Ова е веќе претерано оф топик, sorry
Добро сериозни ли сте, заради дечко што не и маж читајте ДЕЧКО ништо повеќе, таа да не оди со мајка и брат и па што к*р тражи дечко ми со мајка ми и брат ми, и тоа на не блиски луѓе. Сфаќам да е и е маж да оди или пак сама да е канета да и прави друштво дечко и. Ама доволен ми е брат ми нема што дечко ми да оди кај непознати роднини. Кој и е дечкото ако е нормален нема да сака да оди кај непозната и не блиска фамилија на девојката, како и да е и и јас не би сакала ако дечко ме покани кај некои непознати да плаќам порција, односно да давам поклон од мои пари нема шанси. Кога сме кај порциите доколку дечко ја покани девојката на придружба кај непознати мислам дека тој треба да плати и за неа или обратно.
Убаво си пиша тебе ти е за парите, тоа што би ти се отворил дополнителен трошок па вака размислуваш, а никако да ја видиш поголемата слика, баш таа за која и таа зборува и е револтирана во темава. Нешто што и се случило и во живо и очигледно и присметало па го сврти како ај така е не треба да канат +1, независно дали е дечко или маж, ако не го познаваат. Пример таа може викенд пред свадбата да се венча со него и сега како маж да дојде тој така, а како дечко не? Иако тој не и е било кој како дечко, долга врска имаат напиша 6 год. ете и еден месец нека се во врска не е тоа најбитно, битна е почитта на тие што канат. Еве ги поканиле тие рекле 3ца можела таа, тој и брат и да одат или можела да си доплати порција за него. Тој и прави неа чест што ја придружува, а организаторите неа и прават чест што и даваат покана + 1 како што таа им прави чест со присуството на веселбата. Многу заборавате што значи зборот почит, па уште дали сме биле сериозни бре, не не сме ако ти е тоа доволно за утеха. Мислам секој си има право на лично мислење, еве не ти се допаѓа како размислуваме не само нас две што си не означила туку скоро сите на темава во ред е, ете добро и ти си имаш право на тоа, ама настап со сериозни сте и ваква драматизација, па и муабет ако дечково бил нормален нема потреба. Испаѓа ние како девојки што сме оделе вака сите сме ненормални.
Боже Божеее, зошто не сум ја видела темава порано. Штета. Треба да сфатиме неколку работи. 1. Секој може да кани кој сака од нему разбирливи причини. 2. Секој може да оди или не од нему разбирливи причини. 3. ЗОШТО толку се замарате со нечија туѓа свадба? Што фактор во животот ви е и дали навистина немате поголеми проблеми? Не сум фан на свадби, одам кај што морам, некои луѓе ми се налутиле што не сум отишла и баш ме боли к. Не сум тип што се лути што некој не дошол, ама дефинитивно некој да ме праша дали може да дојде дечко ми е мизерија. Без разлика што ми е мизерија, нема да бидам фрапирана бидејќи има секакви луѓе и врски, ќе кажам да или не. Едноставно е, нема потреба никој никому да се објаснува.
Па еве правам свадба роднина си ми имаш дечко и сакаме мала свадба и одбегнуваме да каниме се и сешто и нормално приоритет ми се родите, нормално родителите твои брат/сестра дечкото твој не ми е роднина, со исклучок да си живееме и со него да одиме на кафе вечери тогаш би го поканила или да е вереник ,а вака да го знам како поим дека имаш дечко 1/2 пати да сум го видела нема потреба да биде поканет или пак да не знам дека постои дека имаш дечко и како гром од ведро да кажеш ќе дојдам со дечко. Луѓе дечкото не е исто што и маж затоа е дечко, дечкото е минлива категорија, денес го имаш утре не. Нели е глупо на некоја свадба кај роднини однесеш дечко па раскинеш, па на друга друг, па на третеа трет, нема потреба да се носи кај роднини на свадба дечко, освен ако не е вереник или со младите да е близок. Инаку не рипајте веднаш ова мое мислење е само за свадби на роднини.
Познавам една девојка која не отиде на свадба на другарка и затоа што не ги поканила дечковците туку само другарките и таа се налути рече: Па, што ќе барам тамо со другарки, не сме во средно школо. Јас сум со него како мажена не може така да не дели. Таква глупост никогаш немам слушнато.
Глупост е тоа што другарка и знае колку и е близок дечко и, и не го кани. Убаво постапила, затоа шо ако оваа шо праи свадба и била вистинска другарка, знаејќи ја нејзината ситуација ке го поканела и дечко и.
И маж може да е минлива категорија- можеш да се разведеш еднаш, два пати, три пати, сто пати. Чудото големо ако одиш на 3 свадби со 3 различни дечковци. Сигурно дека ти не си се фатила со нив за да раскинеш еден ден, ама ете сте раскинале и што сега? Секаде одење сами како превенција да не раскинете еден ден е многу лоша стратегија, штом размислуваш ‘да не не сме заедно еден ден, па шо ќе речат луѓето после’ значи ти не си за во таа врска.
Луѓе дали сериозно се лутите за вакви работи ? Може нема пари бе за плус порции како за дечковците на пример...не ве разбирам ,многу детско размислување
Се лутат, оти парите растат на дрво...овај, тате носи мама меси, ммм мераци А многу е просто. Ако ме викнат со дечко, одам со дечко, ако ме викнат со маж, одам со маж, ако ме викнат сама одам или не одам сама, евентуално прашувам кој друг ќе биде таму, да знам со кого имам муабет. Не препрашувам а може ли со маж, дечко, швалер, оти ако требало да го спомнат ќе го спомнеле. И викнале и не викнале, не се лутам.
А поклон во плик не се носи? Барем знам јас коа одам носам и повише од тоа шо ке ги кошта нив за мене
Точно дека и е дечко и не се знае дал ќе и биде во иднина нешто повеќе или ќе раскинат. Во моментот е нејзин партнер а и самата членка кажа дека сакала и он да биде со неа на свадбата. Ништо лошо немало да се случи ако прашала дали може +1 да земе. Како што и кажав на самата членка, ќе им дала до знаење дека врската и е сериозна и сака да го запознае со фамилијата, посебно со младоженецот за кој кажа дека и бил ко брат. Е сеа тие да одбиат поради порција е смешно затоа што сите носиме пари во плик за поклон и со дел од поклоните(парите) се плаќаат порциите во ресторан
А нели сите прават свадби не за да бидат во трошок, туку повеќе да добијат од тоа што ќе потрошат? Работава не ги каниме дечковците да не случајно дојдат со една илјадарка и двајцата па во минус да бидеме