Одење на свадби заедно со партнерот

Дискусија во 'Свадба' започната од Munchmallow20, 31 јули 2022.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.083
    Допаѓања:
    188.421
    Па после во темата-колку ве чинаше вашата свадба-се паѓа во несвест колку се претерувало со трошење. Сега баш ја ѕирнав, видов 9.000 евра:o
    Абе со толку пари учество за стан ќе платам, и ич свадба не праам.

    За мистеријата како се спрема свадба ме мрзи да објаснувам. Ама колку ти е долга чергата, толку ќе си ги пуштиш нозете, па може да биде и свадба со 10 души, и со 50, и со 500. А за поклонот во плик, повеќе ми се исплати свадба од 10 отколку од 100 луѓе, јер сигурно тетка ми ќе ми даде повеќе отколку дечкото на @Peanut Butter да речеме;).
    Пред 100 години правев свадба, и поканив толку луѓе колку што можев да си дозволам, без донации од родители, банки и броење пликови. Добивме и вазни, и греалица, и тавче, и никому не сум пишала крст-аха, тие тавче ми донесоа, каква дрскост и непочитување ]:). А кој донесе греалица појма немам, ама сега ќе си ја земам од кај свекрва ми, и веројатно ќе го благословувам непознатиот дарител оваа зима(fingers)
     
    На Ugly Duckling, Алек***, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски

    Глупост е тоа што нема разбирање дека нејзината другарка ја покани неа и никој дечко не беше поканет само нејзините другарки и девојките од другарите не беа поканети туку само другарите.
    И да се нема разбирање дека луѓето може не сакале да имаат гости што не се нивни блиски.
    Ако некогаш правам свадба нека се лути кој сака нема да канам луѓе без веза само затоа што некој му е битен некому.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.739
    Допаѓања:
    8.981
    Пол:
    Женски
    Ама како и да е...не гледам зашто би се лутела ако не го кани дечко ти..стварно
     
  4. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Зошто вака за дечко ми? Поверојатно е дека тој ќе ти донесе повеќе, од мене поскржава нема. :D
     
    На Bozica1980, cresa-jagoda, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.083
    Допаѓања:
    188.421
    Па ти кажи ако ти е дечко Серж Брин, ако треба и кума ќе те турам, во најбитните 10 ќе бидете:rofl:.
    Шо има везе тетка, шметка, само ме пораснала од бебе, и си се сакаме и поштоваме без кусур... ама на кантар нејзините 200 евра и од дечко ти 2000, се знае шо ќе превагне;):D
    Их, замислив веќе, свадбата платена од кумот:inlove:, мераци:rofl: (highfive)
     
    На Peanut Butter, NarCis@ и senjorita-v им се допаѓа ова.
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.739
    Допаѓања:
    8.981
    Пол:
    Женски
    Исто. Не разбирам стварно.
    Како може да се лутат за ова.
    Не го канеле дечкото мислам оауу големото чудо....дај пораснете луѓе и не бидете размазени
     
    На Ursi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.820
    Допаѓања:
    173.234
    Пол:
    Женски
    Бидејќи во воведот на темава стои МАЖот на членката еве јас ќе искоментирам дека ако ме поканат без МАЖ ми нема да одам..
    Ако ме поканат без дечко ми, немам проблем да одам..

    За мене е бедно и мизерно да го каниш човек сам, ако е во брак. И точка.
     
    На CareTee, ladydy13, jacqueline.s и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Еве ќе кажам како е кај мене.
    Дечко ми е швајцарец ако правиме свадба ќе биде таму и сметавме колку би испаднало се вкупно за нешто по скромно со околу 80 луѓе треба да сметаме околу 50 000 франци, па нема да канам дечковци или мажи ако не ги знам добро и ако не ми се толку битни да бидат со мене на нај убавиот ден во мојот живот.
     
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.820
    Допаѓања:
    173.234
    Пол:
    Женски
    Па 50.000 таму се како кај нас 5000 евра.. нема ништо страшно со ценава..
     
  10. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Како бе нема ништо страшно? Тоа се огромни пари да се заштедат треба со години да штедиш, да не купуваш ништо и да не одиш никаде.
    Со тоа се дава учество за стан.
    Да не бидам офф, се работи за тоа што
    јас плаќам, јас организирам моја свадба е, мој ден е така да нема никому да му удоволувам и да му правам услуга ако имам 10 другарки треба 20 да сметам?
     
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    182.768
    Пол:
    Женски
    Ама 50 000 звучи повеќе :D
     
    На Noemi, cresa-jagoda, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.816
    Допаѓања:
    97.368
    Пол:
    Женски
    Споредбата е дека 50 илјади франци во Швајцарија не се исто ко 50 илјади франци во Македонија.
    Таму 50 илјади свадба, овде 5 илјади за истата свадба, пошто овде ако просек е 400 евра плата, во Швајцарија не е ништо необично 4 илјади евра, двете се десет пати повеќе, драматично звучи, ама земен во предвид податокот за плати, уствари не е толку драматично, а ти секако дека кого сакаш имаш право да го поканиш :)
     
    На cresa-jagoda, Anie93, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.820
    Допаѓања:
    173.234
    Пол:
    Женски
    Се работи за тоа што 50.000 франци се годишна плата во Швајцарија, исто како што 5000 се во Македонија
    Не гледам ништо бомбастично со цената..
    Ако не ти е толку долга чергата, тогаш подобро ич не си ги пружи нозете во Швајцарија и напрај си една македонска една швајцарска свадба. Пошо идиотски е да му речеш на маж ти - ауу колегава твој мора без жена му да дојде на свадба.. и старосватицата моја ќе ја каниме без маж и
    Ептен глупо...ептен

    Па башка швајцарија ..ааа мамо ќе се мажам со швицарска:D
     
    На cresa-jagoda, senjorita-v, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    1.954
    Пол:
    Женски
    Мене не може да ми стане јасно како имате другарки блиски, најблиски (зборам за во години кога веќе правите свадби, а не во тинејџерски години), а нивните партнери за вас се непознати/небитни луѓе.
    Какви се тие најблиски другарки?
     
    На Angie1432, Ugly Duckling, LadyLollypop и 11 други им се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    182.768
    Пол:
    Женски
    Ние ручек правевме и другарот што ни е близок, не можеше да дојде, а имаше девојка, околу година дена беа заедно. Ѝ рековме без разлика он шо не може да дојде, она да си дојде, заедно да прославиме. Девојчето беше пресреќно. Е не се заедно, јбг, се дешава и ја има на слики, ама тогаш си поминавме топ.
     
    На mal.ecka, LadyLollypop, Noemi и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски

    Како прво швајцарците се први кои што не канат многу луѓе на свадби а посебно колеги од работа се канат многу ретко и тоа ми се допаѓа.
    Не е исто 5000 во Македонија и 50 000 во Швајцарија зависи како споредуваш еве спореди со тоа што во двете земји кога купуваш кола ако еден Мерцедес во Швајцарија е 50 000, во Македонија нема да го најдеш истиот за 5000.
    Така е и со свадбите во Мк ќе направиш една многу скромна за 5000 со 200 души овде ќе биде мал аперо, торта и локација за 50 000 во тие не се вклучени фотографот, венчаница итн.
     
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    9.448
    Истиот мерцедес тука ќе го купи газда, таму ќе го купи регуларен граѓанин, тоа не го сфаќаш. Тука ќе го исплаќаш 15 години, таму 5.
    Никој не прави свадба од плата туку од заштеда, двајца да заштедат по 2500 франака месечно, за 10 месеци ги имаш парите за свадба.
    Ако имаме во предвид дека просечната плата во Швајцарија е 6500 франака (податок од 2020та), немаш гајле да викнеш дечковци и мажи на другарки :rofl:
     
    На Dust и Amelia им се допаѓа ова.
  18. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.112
    Допаѓања:
    10.952
    Пол:
    Женски
    Луѓево сакаат да прават свадба, ама не сакаат да се потрошат. :lol:

    Како Македонка си ги ценам парите, и не би дала толку пари во Швајцарија за една свадба, би ги вложила во нешто друго.

    @Ursi разликата е во тоа што во мк со 5000 евра на годишно ниво ќе живееш беден живот, а во Swiss со 50,000 нормален.
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.642
    Пол:
    Женски
    Што се случи со тоа кој кого сака да си вика на свадба? Нема да умрете без маж ви или дечко ви сама на свадба. Има различни причини зошто некој ве вика сам и не морате толку лично да сфаќате. Ако познавате уште некој, не гледам зошто не би оделе и сами. Бре бре.

    Ретко нешто поглупо да имам чуено, претпоставувам снашката само женско друштво решила да вика и тоа е океј. Безобразно е што другарката не отишла на ебана свадба кај другарка и ради глупост. Никој не е должен да те вика во пакет особено кога веќе цело друштво познаваш... чил аут.
     
    На Misskirova, crimson, Anie93 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Кога сами би си ја финансирале свадбата, а не родителите, ќе бидете повнимателни кого каните.
    Особено па мали и ограничени свадби, да се лути некој затоа што дечкото или девојката не биле поканети. Ако сум го/ја запознала и дружела, во ред, ама ако тој што го канам, не се дрзнал ни еднаш да ме запознае со дечкото или девојката и да очекува да поканам непозната личност на свадба финансирана од свој џеб, тогаш не гледам простор да биде навреден/а.
    Јас доста роднини не поканив, ич нема ни да нарушувам комодитет за нечив дечко или девојка, што само знам дека фигурира.
    Кога јас би била во таа ситуација, да имам дечко, а да ме канат само мене, не би отишла само доколку никој друг не знам на таа свадба, ако имам роднини и пријатели, не би правела проблем.
    Мислам како би ви текнало да се чувствувате навредени кога некој друг плаќа. Секој со своите можности.
     
    На Ursi и Amelia им се допаѓа ова.