ако си поканет скроз сам е тапа да,а на пример јас кога правев свадба ги поканив од работа колешките без мажи,и колегите без жени..
Мене накратко целата поента ми беше партнерот на роднината/другарката да го каниш во зависност од тоа колку се познавате, а не од брачен статус. Пример пологично е да поканиш на другарка дечко што се заедно 5+ години и сте излегле заедно стопати и се знаете него нечив сопруг што никогаш не сте ни го виделе.
Темава прејде од "Што барам секаде со партнерот, па и на свадби, што бара да оди кај што не го познаваат" во "Зошто не го поканиле дечко ми, потпис ли треба за да го поканат" и на крај "Да прашам јас и дечко ми да дојде со мене ама ќе се лутат".
Муабетов не ти беше баш тој. Ако сте излегувале со некого 100 пати, не е дечко ти само твој дечко, туку и пријател на оние што би ве поканиле. Во тој случај, не знам какви идиоти би биле тие што можат да изберат меѓу тебе и него. Нема ни логика ова што го пишуваш. Но, пример да очекуваш да го поканат дечко ти, а ти никогаш не си го запознала со никого, вината ќе си ја бараш во себе, а не оној што не би го канел.
Тоа беше најсмешното што го прочитав да се праша дали може да дојде уште некој Абе си канат кој мислат дека треба, ако ти одговара идеш ако не не идеш и ајт.
Океј де. Ама истово треба да важи и за сопруг(а), а не по дифолт да очекуваш да те канат само зашто сте венчани, а тие абер немаат кој е типот.
Ај реши се шо сакаше да кажеш уствари Ако те поканат како сопруга а појма немаш кои се, да не одиш. Или Да не очекуваш да те канат ако си сопруга Или ... Кои беа другите опции Весела тема за долги жешки денови
2500.-? Да заштедиш по особа? месечно? Ни треба нова тема да дискутираме за ова. Па, на данокот ќе те одерат. Имате многу погрешни претстави од животот во странство. Друго, 50000 годишно не се ништо не можеш да опстанеш со нив. Тие статистики ма гугл се многу неточни тоа е просек некои заработуваат 15 000 месечно, некои 7000, други 4000, трети 2500.- Така да 50 000 се многу пари да се дадат во еден ден, зависи кој какви приорити има, знам албанци платија 300 000 франци за свадба овде но, земаа разни кредити, се позајмуваа од роднини и браќа, сестри, братучеди сите инвестираа.
Мене ми е непочит ако на било која прослава не ме викнат со партнерот. Зборам за блиски пријатели и роднини. Кај далечни не ни одам. Да бидеме реални свадби се голем трошок, да одам кај некој братучед од 3то колено или некој од 8 години пријател што ми бил во второ одделение и што не сум го ни видела, ни слушнала од тогаш немам намера да губам време и пари. Не сум многу по прослави тип, ме замараат веселбите. Поопуштено се чувствувам кога имам познат со мене, секако дечко ми. Ми се случило да не ме викне блиска другарка на прослава со дечко ми, иако јас неа ја викав секогаш со дечко и. Сме излегувале и во парови, не дека не го знаат. Не отидов. Се навредив зошто тоа е прво непочит кон мене. Бевме 3 години веќе заедно со дечко ми, другар негов свадба правеше што не се ни многу најблиски да се секој викенд излезени пример, но во чест контакт преку интернет барем беа, сепак знаеше за мене. Го викна сам на поканата, наводно во муабет спомнал ако сака нека дојде и она. Не отидовме двајцата. Тука малку расправија имав со него, тој не гледаше на тој начин, но на крај прифати дека сум во право. Малку сум искрено злопамтило за вакви работи и јас на моја свадба многу добро знам кого се нема да викнам, како на пример тој што ме заборави во 3 години врска со дечко ми. Не ни е близок, нема зошто да го викнам. Сигурно да му бев жена веќе на дечко ми, ќе ме викнеше, така да навистина има разлика дали си во брак или не. Оженетите другари ги викнал со жените. А, сите што ќе ги викнам и се 18+, ќе ги викнам со +1, па нека дојдат со кого сакаат. Да се чувствуваат неубаво на моја свадба и вака изнервирани зошто не се викнати со дечко/девојка не планирам. И ќе викам само блиски луѓе, тоа ми е одлучено.
Не трескајте глупости,не навлегувајте во нешта демек "модерни" во денешно време.Јас и партнерот сме партнери во се,одиме на свадби,крштевки секаде заедно,штом прават роднини секако дека двата сме поканети и двата одиме,е сега разумно ако прави некој колега/колешка мој или негов може и да не одиме заедно,јас да се договорам заедно со колегите да одиме или тој така да направи. Не воведувајте нови правила во старо село. Што ако не ги познавам неговите роднини,па за да ги запознаам ќе одам.
Абе иди ако сакаш со маж ти, ако си поканета Ама да не се лутиш ако е поканет сам тој од луѓе кои не те познаваат. И да не идеш ако не си поканета. Или ти ако каниш, дека не мора да каниш брачни партнери што не ги познаваш. И децата ти се фамилија па многу луѓе канат без деца и тоа е океј нели? Или мажот е повеќе фамилија од децата?
Јас кај вакви како тие што ги опиша воопшто не ни одам, ни ми требаат. Ги сметам за намќори. Значи не се блиски да го викаат ни дечко ми/маж ми во иднина ако не знаат дека постојам или сметале дека не е битно моето присуство. Многу чудно размислување е твоево. Навредливо е кон луѓето. Партнер значи да си со него и во убаво и лошо. Како ќе се забавувам некаде ако сум без него викната на прослава и да отидам некаде ако него не го викнале, додека тој седи дома и е навреден од ситуацијата? Значи не си го почитувам партнерот.
Зборам еве за мене. Ама и обратно за него истото би важело. Како може да не ме познаваат кога сме со години заедно, на социјални мрежи имаме премногу споделени фотографии, секаде спомнал дека има девојка, неговите родители веќе ме викаат снаа и често на фамилијарни собири ме спомнуваат... Сериозна врска е, не е врска од 3 месеци. Ако не ме викнале, намерно ме заборавиле. Ако се немаат ни на социјални мрежи, ни воопшто немаат контакт и никако не слушнале за мене, значи ептен се небитни и неважни, кај такви не се ни оди. Не знам веќе и кој прави воопшто такви свадби, да вика луѓе што не ги видел и слушнал одамна.
The Wedding Guru says: It’s proper etiquette to invite the significant others of the invitee, so a spouse, fiance, or partner should be invited. This holds true even if the significant other isn’t known by the bride or the groom.
Ај види постот над тебе. И тоа без деца е некоја нова мода што не ја разбирам. Јас сум рачунала, Петко, Петкана и 2 деца, нив ако им е проблем или сакаат да одморат од деца, нека не ги носат, ама јас ги рачунам фамилија. Петкана не сум ја познавала ама знам дека постои, била таму за Петко да не биде сам, јер магарешка клупа на свадбата немав. Бтв баш беше весело со децата, ѕвезди на денот беа, сликите со нив просто греат
И нашава е сериозна и знаат одамна дека сме заедно ама пошто нѐ поканија како фамилија, он не беше вклучен. Немав срце да де лутам сега оти имав разбирање зашто не е викнат.
Добро за тоа иако моите веќе на свадби одамна одат само татко ми и мајка ми, дури и да сме цела фамилија викнати. Кај пример блиски први братучеди сум била и со дечко ми и со родители. Но, еве горе кажав јас примери за другар на дечко ми, за моја другарка. Навредливо е многу и невкусно. Не знам што си мислат луѓево кога некого го викаат без партнер, а знаат дека има партнер. Преглупаво. Истото мислење го имам и за свадби без деца.
Како си земате за право да се вреѓате кој кого ќе викне на негова прослава? Уште лично ќе си го сфатиш, ау. Од толку гости она тебе лично те навредила. А кај ти е почитта спрема другарка ти која со тебе сака да слави, а не со дечко ти? Подоле си пишала дека си злопамтило и точно знаеш кого ти ќе викаш на свадба... ако прослави, нешто позитивно, правиш да ти бидат одмазда, да вратиш некому, тоа е тажно. Не можам воопшто да го сфатам концептот да се дувам ко бебе што некој ме викнал некаде без дечко ми. Каква трагедија... па нема да отидам, па срамота, па памти па врати... незрела теткинска работа.
Они не мислеле дали ќе се навредам, нема зошто и јас да мислам. После тоа секако веќе и немам контакт со таква другарка. Не ми е гајле на некој форум кој што ќе мисли, непожелна ако се чувствувам некаде не одам и не останувам во контакт со такви луѓе. Секаде била викната со дечко и од моја страна, викнала луѓе што не ги видела со години, а него го заборавила. Не ми требаат такви мене.