Одење на свадби заедно со партнерот

Дискусија во 'Свадба' започната од Munchmallow20, 31 јули 2022.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.642
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl: Добро, твој живот. Како што реков, и онака немаш почит кон другарка ти ако не си отишла ради такво нешто. Тоа е.
     
    На Misskirova и -црноока- им се допаѓа ова.
  2. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Не е мала работа за мене и го сметам за навреда. Секој си има различни граници на толеранција. Тоа е ;)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.642
    Пол:
    Женски
    Не си пакет со дечко ти. Некој може само со тебе да сака да прослави пошто со тебе е другарка. Не е должен никој да го викне и него. Не е во прашање граница на толеранција пошто нема што да се толерира.
     
    На Misskirova, Amelia и -црноока- им се допаѓа ова.
  4. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Дечко ти не ти е фамилија. Се додека не си мажена твојата фамилија е родителите и браќа/сестри.

    Не знам на каков јазик уште треба да се напише ова. Кога ќе се омажиш тогаш ќе имаш ТВОЈА фамилија, а до тогаш ќе ги канат твоите родители со НИВНАТА фамилија - со тебе.

    Јас до сега со дечко ми сум била на една свадба бидејќи со братучед му сме ептен блиски, а на сите други свадби сме оделе посебно, нив ги канат како "фамилија У" (што ја вклучува само неговата фамилија) и нас не канат како "фамилија Х" (само мојата фамилија).

    Точно дека дечко ми ми е партнер, но не ми е фамилија. Сите мои роднини ме канеле фамилијарно, а сите колеги ме канеле сама.

    Кога ќе правам свадба тие што се во брак ќе ги канам заедно - фамилијарно, а братучеди и братучедки доколку не сум блиска со нивните девојки/дечковци ќе ги канам сами! Истото важи и за другарки мои, ако се во долги врски ќе бидат канети како пар, ако не сами.

    Искрено не планирам да правам трошок за сите да имаат +1. Побога тоа е моја рода и мои другарки сите се познаваат еден со еден, никој нема да седе сам во некој ќош. Не знам зошто драматизирате.

    Зошто да плаќам порции за некои кои пробуваат да ја легнат моја другарка или братучедка 2-3 пати, па ајде да не доаѓала таа сама туку со него? Другарката ќе си седе со деугарките, братучедката со нејзината фамилија. Ај чао сеа.
     
    На poi, Ladybug98, Misskirova и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Ама ми се закачи де. Ако не сум напишала во детали и не знаеш што е ситуацијата не знам што се мешаш и глумиш адвокат на "другарката".

    Не ме викнала со него за да можела повеќе луѓе да викне, за повеќе поклони да имала, двајца со поклон еден доаѓале, не и се исплатело, а и не сум и носела многу скапи поклони, сакала привезок пандора за дипломска, а јас немало тоа да и донесам, па и со дечкото ќе сме и дошле двајцата. Викала луѓе што носеле поскапи поклони и биле добро ситуирани. Да заработила од прославата. Таква цинцарка што гледа кој што ќе и донесе не ми треба во животот. Од срце сум купувала поклони, колку сум имала толку, а некој да вика некого што не го сака и го ругала пред тоа само за скапи поклони ми е очајно и не сакам такви луѓе. Ја знаев и пократко од времето со кое сум со партнерот и си направив и јас одлука како она што бирала кој што ќе и донесе.
    Не бев само јас навредена од прославата туку и наши други колешки од факултет зошто муабетов го правела јавно во групен чет и правела пресметки кој што ќе и носи, стигнаа скриншотс до мене.

    Не се тригернувајте толку кога не знаете ситуација, ни детали. Чил.
     
    На babybubu, penelope10, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.642
    Пол:
    Женски
    Па тоа е ок... Има милион километри разлика измеѓу тоа дека си навредена што си сама поканета на прослава и да си навредена што бившата другарка ти е материјалиста.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.791
    Допаѓања:
    22.946
    Значи целиот проблем е дали е фамилија или не. Не дали е близок.
    Кој вели па дека сопругот е фамилија? Матичарот?
    Сме се потпишале и оп, фамилија е. До вчера ништо не беше
    А ако решиме да не се зимаме а сите го знаат него? Тогаш да го викнат или не?
    Јас ќе канам партнери ако ги познавам, без разлика биле дечковци или сопрузи.
     
  8. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    И за двете бев навредена секако. Нема врска, секако небитна личност е веќе за мене таа особа, само си споделив пример.
     
  9. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Ако веќе имам сериозна врска сигурно со тој човек планирам иднина и фамилија. Ти зошто си со дечко ти толку многу време? За да му вршиш ваква психичка туртура и да го учиш како да сврши без да исфрли сперма или за да имаш фамилија еден ден со него? Бог да чува и да бране. Гајле ми е мене за Стојна - девојка на втор братучед со која не сум блиска, ќе си биде тој поканет со неговата фамилија - мајка татко браќа сестри, а не со Стојнето.

    На свадба ќе канам стриктно фамилии а не посебно кој со кого. А под фамилија не спаѓа дечко ти. Исклучоци би ми биле другарки со дечковци и девојки/дечковци ептен ептен блиски на братучеди.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.791
    Допаѓања:
    22.946
    И јас планирам.
    Бтв фамилија не создаваш кога ќе се потпишеш. Еве моите го викаат дм на ручеци, често праќаме јадење, за скромни прослави и частенки он е планиран. Да, не делиме јас и он сметки и не живееме под ист кров ама он за мене веќе не е само дечко за провод. Исто и за моите дома.
    Еве не очекував на последнава свадба да го викнат оти нормално не го знаат. И маж да ми е, ќе разберев
    Ама замисли се жени утре брат ми и да не биде поканет дм оти....не е фамилија?:|
    А се знаат одамна и они, на иста маса седеле толку пати.

    Тоа пробувам да кажам од почеток. Некои викаат сум мешала поенти ама сакам да кажам глупо е да мораш да одиш кај некој непознат само зашто сте потпишани и глупо е да не те поканат само зашто не сте потпишани а го знаат и него младенците.

    Ако до вчера негова фамилија ме игнорирала, а денес ме сака највеќе оти сум им фамилија јас на нив официјално, нека одјебат, оти таква фамилија не сакам.

    Бтв и другарките не ти се фамилија, не знам зашто да ги каниш па нив.
     
    Последна измена: 5 август 2022
  11. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    379
    Токму така. Штом не го знаат т.е по име само го знаат и дека постои нема голема причина за лутење..но ако се многу блиски роднини и го знаат тогаш треба да е поканет..сепак зависи колку е долга врската, како вие се однесувате пред роднини и семејството во смисла дали доаѓа дома или на прослави или што би се рекло колку е станат дел од семејството..
     
    На Bubbles02 и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.083
    Допаѓања:
    188.421
    Има уште еден друг аспект со другарките. Да речеме едната има дечко, другата е сингл, третата незнамшо, итскомпликејтед. Секако ги викам како мои другарки, се знаат меѓусебно, ич не ми оди дечкото на едната да го викнам, па другата да биде 13 то прасе. Ќе биде женска маса, дечкото нека одмара.;)
    Абе цела наука е канење на свадба, не е плукни залепи:sweat:
     
    На senjorita-v и -црноока- им се допаѓа ова.
  13. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Ама ете гледаш горе пример, таа имала дечко а ја поканиле сама и не отишла пошо не го поканиле дечко и. Да или 4 другарки само 1 има дечко и зар само тој ќе се кани... не знам :rofl:
    [​IMG]
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.083
    Допаѓања:
    188.421
    Само ако е дечкото Серж Брин:D, инаку не може.
    :shake:
     
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.292
    Пол:
    Женски
    Ај заклучок: како и да напрајш ќе згрешиш.

    Зато дечки канете 10 души ама да ви се блиски. Да дојдат со мерак, а не да се лутат за се' нешто. А вие да сте среќни шо дошле без да ви е гајле дали ќе донесат пари во плик или ништо.
    Многу драма за нешто шо е едноставно.

    На никој ништо не му должам и немам потреба да викам роднини до 12то колено, само зато шо баба ми ги знаела.
    Само таквите се лутат, не му чини јадењето, не му чини музиката, па оти невестата ваков фустан, па оти дечко/мажот ми не е поканет... ти неа не ја знајш не па дечко и'. :angel:
     
    На kikkki, mal.ecka, Srckata28 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Кога бев во врска, не гледав потреба да одам секаде каде маж ми бил викнат, дури и таму каде ме викнале. Да бидам искрена, и сега не ми се оди, зашто еден од другарите негови имаше обичај дури и за кафе сите четворица да сме се собереле, јас со мм, тој со женска му. Мене не ми е другар, не ме интересираат нивните теми, а женска му е ко со клешти да и вадиш зборови. Затоа ја мразам таа шема што настанува после брак, дури и со негови другари да мора на едно кафе да се акате сите заедно. Не со сите, ама има вакви што мора сегде во пар да се гледаат со други парови. Може ако станеш нагло сингл, ќе те отпишат од дружење, што и не би ме чудело со такви фаци.

    Инаку за побитни прослави и се тоа, мислам дека е коректно да ве викаат двајцата, дури и во врска кога сте, ако се знаете и се дружите.

    Јас немав време и желба за вакви политики, кои ужасно ме нервираат, па затоа не правев свадба, ги собравме на ручек 30 души најблиски и тоа беше се народе.
     
    На Ugly Duckling, Bubbles02 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  17. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.414
    Пол:
    Женски
    Ја не гледам ништо лошо у тоа да дојде другарка со дечко. Кога ги каев моите другарки и другари на сити им кажав дека се со плус еден поканите и на самите покани пишуваше име на другарка + 1, им кажав сакаат дечко да донесат, сестра, брат, не ми беше битно. Е сега тие се договориле сами да дојдат, само една дојде со дечкото. Никој ништо не и рече нити па дечкото се чуствуваше лошо, си беше весел на свадбата.

    Мене ми е повеќе ко бон тон однесување, кога каниш некој без разлика дали е роднина или пријател треба да се покани со партнер.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Hija.de.la.luna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.744
    Пол:
    Женски
    :( Ете гледаш, затоа не викаат луѓето така, знаат после што ќе се случи.
    Се знае, нема што да бара на свадба некој/а си таму партне/ка демек и тоа е.
     
    На kikkki и NarCis@ им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    182.768
    Пол:
    Женски
    Си треба претпазливост. Еве сега она правеше свадба, и не нѐ викна. Ај бившиот, ама нас!? Треба да се воведе закон, ако одиш на повеќе од 5 свадби со партнерот, нема раскинување, ни развод. Мора да се стави некој ред.
     
    На kikkki, Ladybug98, Noemi и 7 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.744
    Пол:
    Женски
    Епа како да ве викне, што ќе рече после кога ќе објаснува за сликите, кои се овие? Еее на бившиот едни. :^)
    Мора ред, се согласувам.
     
    На kikkki и NarCis@ им се допаѓа ова.