Ако ти е блиска другарка сигурно и со дечко и ќе бидеш колку толку блиска нема сигурно странци да бидете или онака на здраво, барем мене не ми е логично што и не мора да значи. Во секој случај зошто да не биде поканет, никаде не е кажано дека мора на иста маса да се дечкото и девојката нека бидат на различни. Пак ќе си има женска маса со другарките тој на друга маса ќе седи. Другарките што немаат дечко ќе си дојдат сами, не е срамота сами да дојдат, а впрочем не мораат да идат сами можат заедно да дојдат. *Зборувам ако во случајот станува збор за блиска другарка (што најверојатно ќе се познаваш со нејзиниот дечко, јас да сум во секој случај ќе го поканам се работи за на моја најблиска другарка дечко и што неверувам дека нема никогаш да сум го сретнала/видела/запознала дечкото) *Во тој аспект за дека бивши/бивша ќе биле па зошто да ги има на сликите - едноставно ако е за до толку работата дојдена немора заедно да се сликате ако толку ве мачи тоа сликајте се посебно.. --------------------------------------------------- Прочитав една членка напишала дека кога ќе стапиш во брак тоа не те прави фамилија - точно, но во пракса кога си во брак те сметаат дека си од друга фамилија - за тоа е и бракот на некој начин да официјалирираш дека формираш фамилија/заедница. Дури и да живеете со неговите/твоите родители пак ке добиете заедничка покана вие, а неговите/нејзините родители друга, ако живеете само вие двајца заедничка покана добивате, дури и да не сте во брак а живеете заедно сигурно подолго сте во врска и најверојатно пак заедничка покана. Ама не мора да значи се зависи од тоа чија е свадбата некогаш канат со сопруг/сопруга, дечко/девојка покануваат ама не секогаш поради Х причини. А тоа со роднините ако ви се блиски роднини која е веројатноста да не знаат за вашиот дечко/девојка? Нели блиски роднини како може да не знаат. А од друга страна ако ви се подалечни роднини и ве канат на свадба а вие имате споруг/сопруга и сте правеле свадба најверојатно и тие биле поканети што значи дека знаат дека сте во брак како може да не ве поканат како сопруг и сопруга а биле на вашата свадба? (тука се исклучок ако не се согласувате или поради некои фамилијарни причини не е поканет некој) Еве и да не сте правеле свадба сигурно роднините се известени или слушнале од некаде, виделе на социјални мрежи, вие сте кажале исл.. -------------------------- Секој на свадба кани оној кој сака да го види на неговата свадба. Дали бил/не бил поканет некој е сосема друга дискусија која влече и други теми од типот: односите во фамилијата, согласувањата меѓу фамилиите, блискоста меѓу роднините/колегите/пријателите, финансиите исл.. Секој си има различни сваќања на оваа тема и многу зависи и од кој аспект се гледа на целата ситуација и околносите зависат исто така. За некој тоа што е правилно за друг не е и обратно. И онака никој неможе да те натера да каниш некој што не сакаш на твојата свадба и секој сам си знае како е најдобро да си ја организира. Тоа е мое мислење не значи дека мора така секој да мисли и постапи.
Јас на мојата најдобра другарка новиот дечко уште не го познавам, додека со бившиот супер си стоиме. Дали ова значи дека ако сега правам свадба треба со бившиот да ја поканам?
Првенствено нели најдобрата дргарка ќе си ја поканиш сигурно. Натаки зависи од ситуацијата како сметаш дека е правилно. Сигурно нема сите 3ца на иста маса да ги седнеш
Ова вооошто се јавува како проблем пошто навикнати сме да каниме по 300-400-500 луѓе. Да се викаа само најблиските сигурно немаше никој да замери.
Јас мислам дека тоа викање од почит, срамота ако некој не викнеш итн. е 90% од времето притисок од родителите пошто нивната генерација толку формално ги сфаќа ваквите работи. Јас барем за мое блиско друштво (генерации меѓу 20 и 26 години) знам дека не сме програмирани да замеруваме за вакви работи ама ич. Sure, ако некој те викне на свадба од почит, супер, ама ако не те викне (во ситуации неблиски роднини, со партнери итн.) не е автоматски непочит. Дури и ми е себично што некој се навредува и сфаќа лично што некој си ја моделира прославата по нивен ќејф. Баш тетки работа, не знам.
Заклучок: ке канам само блиски , зашо само близок човек и човек што ме сака и сака да ми дојде на свадба нема да се налути ако не го канам со дечко /девојка ако немам можност а ако имам ке ги канам. а тие што не ми се блиски не ги канам нив а не па партнерите нивни.
Мој другар се венчаше во матично и црква. Изнајмија куќа со двор. Отворена забава со диџеј. Секој поканет. Сакаш дојди - сакаш не, со партнер - без партнер, твој избор. Опуштена атмосфера и без формалности, без додаден притисок и пропратен кичерај. Луѓе си џускаа, малку пивце, мезе и муабет, секој по дома и тоа беше. Ете, и после неколку години живи, здрави и среќни. Не пропадна светот, затоа што првиот заеднички танц не беше „Лутка“ од САРС или зашто невестата не промени 3 венчаници.
Ова е апсолутна одлука на младите како си имале замисла и се сосема во ред. И другар ќе прави свадба во ресторан ама со некој рок бенд без адети и слично и ми е ок зашто они се среќни и ќе биде како они сакаат и ќе се журкаме како они сакаат. Деуг другар исто свадба ќе прави невестата во фустан со црн корсет и долен зелен дел, музика незз каква ама и тоа е ок , зашто они така сакаат. На крајот од денот секој си прави како сака и треба да се почитува тоа. Ако ги сакаме и почитуваме како луѓе , ќе бидеме еднакво среќни за нивната среќа.
Пред 5 год Точно бев на свадба кај сестра на мажот ми тогаш дечко од 2 месеци.. Бев поканета да одам со него како придружба, без обврска да носам поклон, но јас сепак се одлучив да си носам бидејки ми беше непријатно да одам "со празни раце " а и излегувавме само 2 месеци, по 2 недели ме побара мене се земавме.. На нашата свадба сите што беа од друштвото им кажавме да си идат со придружба, но сите дојдоја сами и на мажот ми другарите и моите другарки тоа со беше нивна одлука... За разлика од брачеда ми правеше сега свадба и повекето и потенцираа ке дојдиме ако можи да иди и придружба, што направија проблем бидејки не им беше планирано така... Сакам да кажам дека ако се потенцира придружба во ред е да се оди ама да се наметнува не е во ред бидејки сепак сите си прават некои планови..
Моја другарка која ја рачунав за доста блиска правеше мала прослава за свадба (матично и ручек), директно ми кажа дека сум само јас поканета а не и дечкото мој, кој патем го знае и сме се дружеле заедно, настрана од тоа што со него сум 5+ години и живееме заедно. Мене ова ме навреди затоа што ја рачунав како блиска другарка, се знае со мојот дечко и сме се дружеле и таа сама со нас двајца и како парови дури и кај нас дома ни била на спиење неколку пати. Така да културно и ја одбив поканата а и некако го преиспитав другарството.
Kako be ne znae deka imas partner? Kolegite na rabota da ne znaat deka ima devojka/zena? Nesto ne e vo red vo vrskata vo toj slucaj. Na site pokani i da ne me znaele licno, sum bila pokaneta. Da ne se pokani partnerot e nepocituvanje.
Dve komsiki kade sto ziveev drugarki od sekogas( generacija). Pravi ednata svadba i drugava ja kani sama bez verenikot. Mislam na drugarka od detstvo so koja se druzam i znam deka ima maz, verenik ili decko da ja pokanam sama mi e nepocit prema nea. Ama ima sekakvi i toa nemoze da se promeni.
Кога правевме ние свадба, решивме да ги поканиме роднините со кои што стварно имаме контакт , пријатели и колеги. Со сите што се дружиме и имаат дечко /девојка, сме излегувале повеќе пати заедно, нормално беа поканети во пар. За тие што знам дека се сингл, ги поканивме сами. Досега неколку пати сум била поканета сама на свадба откако сум во брак, сум отишла и тоа биле свадби кај колеги. Тука нема што некој да се лути, 20-30 луѓе од фирма поканети, и секој ако носи +1, тогаш треба пола гости да бидат само колеги од фирма. Кога не бев во брак , само во врска , сум била канета сама,секако дека одев. Во брак откако сум, ако некоја другарка или роднина ме покани сама, не би одела.