Одење на свадби заедно со партнерот

Дискусија во 'Свадба' започната од Munchmallow20, 31 јули 2022.

  1. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.660
    Пол:
    Женски
    Во глобала, мразам одење по свадби, некако препримитивно ми е, од аспект , се трудат младиве, се спремаат, и на крај дел од гостиве ги коментираат , оговарање вака беше онака, значи никад не би трошела пари за такви особи, селективно би ја правела, со кого добро стојам тие и ги канам, не по дифолт мора да се оди или кани ете фамилија ке замерат, е тоа не ми се свиѓа, некако премногу лицемерно ми делува сето тоа. Можеби малку сум и офтопик, со излагањето погоре, во суштина не сум одела сама,но откако сум во брак се договараме, одиме не одиме, како се чувствуваме така.
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.590
    Допаѓања:
    37.993
    Пол:
    Женски
    Додека бевме во врска само еднаш бевме заедно на свадба. Кај заедничка другарка. Остатокот од врската не сме оделе по свадби. Блиска личност сметам дека треба да се покани со партнерот/партнерката. Кај мене на свадба гостите ги канев со партнери. На еден братучед не ја знаев девојка му, па сепак ја поканив. Од икс причини не можевме да се запознаеме со неа. На една свадба кај што бевме со сопругот, беше и дечко на моја другарка. Ама другаркава ја немаше. На моето прашање зошто не е поканета, одговорот беше... Не ја знаат. А брат му беше со сопругата. И неа не ја знаат. Ама очигледно канеле само со брачни партнери. Нивно право.