Жити се, никој не оди непоканет на свадба, за свадба се рачунаат многу работи според број на гости и никој не е луд да се утрапи. Ако во поканата пишува без деца, нема да доведеш дете. Ако пишува едно име, еден оди. И така.
Јас имам доволно блиски роднини што ме канеле ама ако утре го немаат запознаено него, како би го поканиле (а ние да сме еве веќе тогаш во брак)? Ќе пишат манчмало и маж ѝ што лице не му виделе ни еднаш
Кога ќе те канат, ќе те прашаат дали имаш некој, таков е редот. Ама сигурна сум ќе дознаат дека си мажена, ич не се секирај
Епа ако си во брак и да не го знаат, по дифолт ќе го поканат и него. Сигурно нема мажена, сама да те викнат.
Ама нарцис он за нив е некој непознат. Значи име му знаат само и тогаш ќе му знаат, во живо не го виделе, он не знае кој се мажи и жени ама ќе оди. Со која логика ќе оди кај непознати? Јас на моја свадба ако воопшто ја правам ќе канам познати само. Мажи и жени што не ги познавам, нема што да ми доаѓаат.
Освен ако е бивш на невестата, тогаш можно е да не го поканат него Не се работи за логика, туку за бон тон. Маж ми го покани другар од детство на свадба, а мене само име ми знаеше. На пликот пишуваше Нарциско и Нарциса Култура е, бон тон, не знам како да објаснам. Почит спрема другар му и спрема мене, иако не ме знае.
Јас идам за да играм пајдушка. Некои луѓе си прават големи свадби, мислат дека е некултурно ако не те поканат и тебе и сл. Ако си поканета, иди забавувај се. Прослава е. Не мора да се согласуваш со нивна листа на гости.
Ќути, по ново дури и мораш и да живееш со сопругот/сопругата. Страшно значи, што се нема да измислат за да те форсираат да си заедно со некој што го сакаш.
Ај пример еден ќе кажам. На братучетка ми золвата беа доолги години со дечкото во сериозна врска и заедно живееја. Значи човеков сите го знаеја и кој е ама од двете страни на 2-3 прилики на свадба беа поканети посебно. Причина? Не биле во брак, не биле фамилија. Се земаа и оп, на следна свадба двајцата поканети. Значи ако немате потпис, ништо. Така му доаѓа?
Ама не не. Значи нејзин(а) роднина ја канел(а) само неа, не и дечкото. Негов роднина го кани само него, не и девојка му. За тоа зборев. Иако долго беа во врска. А после откако се земале, се смениле работите зашто тек тогаш ете биле фамилија, претходно не.