Може било така, ама мене ми е крајно некултурно да ги делам. На мојата свадба сите беа со дечковците/женските канети....
Смее де. Ама дали некогаш сами идете со другарки или секогаш него го мкнете, тоа е зборот. Оти нели, мора СЕКАДЕ со мажот.
нема споредба свадба и кафе со другарките. ама очигледно тебе ти е слично мислам ако не онда роднина да вика мајка (73) татко (75) и синот (50). уствари шо мажот, боже сачувај, шо ако се 50 год у брак... шо има тој да иде. само мајката бре! нема лабаво!
Ај не зезај, кафе и свадба не е исто. Исто безвезе е ако имаш швалер, па го носиш кај него За повеќе партнерски совети, запратете ме.
Ако го знаат мажот да. Ако не го познаваат не. Тоа е целиот муабет. Дека е глупо да идеш кај непознати на свадба. Уште и непоканет. Само зашто сте потпишале парче хартија.
јас бев на свадба кај братучедка која никад ја немав видено. дали според тебе требаше да ја одбијам поканата? онака ме интересира шо мислиш...
Твоја братучетка или на маж ти? Ако е твоја океј е. Ако е негова збориме, аман. Збориме дека не мора во брак двајца да се понашаат ко врзани со папочна врвца.
Зашто тебе пак ти е роднина. А негова роднина тебе ништо не ти е. Мои роднини не му се ништо на дм и понатаму мм.(ако биде) Никаква поврзаност нема меѓу нив и него. И еве ме интересира дали теороиве важат само за брак или и сериозна врска? Скоро бев на свадба кај што дм не беше поканет оти фала богу не го познаваат. Зашто да биде поразлично ако сме во брак? Еве стварно ме интересира.
А пред потписот? Може неќеме да се венчаме, така само у врска да сме цел живот. Тогаш важи истото или не?