Значи до потписот е целава работа. Човек ако од еден потпис зависи дали ќе ме каниш или не...не ме кани воопшто тогаш.
Поентата е дека каниш некого САМО зашто се потпишани. А ако не треба да го каниш кога се во сериозна врска, а треба кога се венчани, нели е тогаш па уште побетер? Или кани ме и во двете прилики или ич. Затоа велам не мора сегде со мажите зашто да бевте во врска немаше да ве канат, факт е. Јас пре би се навредила ако ме покани само зашто сме во брак оти ете морало. Ако ме каниш, од ќејф кани ме.
Бракот не е само потпис на парче хартија, семејство и фамилија е. Ако има тоа некаква тежина и значење за тебе. Ете затоа се канат и мажот и жената.
Де бе какви калкулации правите.На мојата свадба беше канета бившата на мм.Девојчето културно си дојде,колеги беа.Една другарка ја поканив со плус еден зошто немаше партнер па и реков да си избере со кој сака да дојде.Си дојде со брат и.Канам кој сакам,доаѓа кој сака.Требало не требало...свашта
A без потпис дали сте фамилија? Јас и без потпис можам да го сметам него за фамилија. Потпис да, ништо не ми значи ако и без него доволно сме "фамилија". Потпис е и треба да е само формалност, останатото да постои треба и без него.
Кои непотребни муабети човече ауу Па и дискусија си има едно четири страни Што не ќе прочитам и видам уште
Мене не ми се верува дека се отвори цела тема за ова. Првичната тема беше оваа, за мажи и жени и зошто морало да оди едниот ако не го познава тој/таа што прави свадба. И мислам дека ја опфативме темата околу тоа. Сега веќе е каша-попара темава и отиде во други правци. Канење на свадба и смислата на истото - тешка животна филозофија, сѐ уште неоткриена
Јас не ја отворив, кај модераторите тоа види И патем да додадам дека затоа сте несреќни у брак (не ти конкретно) оти очекувате со потписот да се смени сѐ, пред него нит сте фамилија нит сте блиски со некој.
Па за модераторите и мислев За среќни, несреќни небитно, секој си знае. Јас пред брак се изнаодев на свадби кај шо не ме знаат со маж ми, тогашен дечко Баш тоа пишав, нема врска дали имаш или немаш дечко, маж, девојка, жена итн. Културно е да те поканат со придружба, освен во случаи каде се колеги од свадба. И нема ништо чудно во тоа некој да оди на свадба кај некој што не го познава. Уствари тоа е поентата на целиот муабет.
Тебе или партнерот не те вика со себе, или неговите колеги, роднини, не те викаат. Нешто вакво слично е сигурно. На друг начин не би те сфатила за овоа шо си го пишала во темава...
Нарцис еве скоро бев на свадба кај близок роднина што не го знае дм и не го покани. Бевме јас и моите пошто сме нели, роднини. И фала богу не беше и дм. Дали дм треба да се лути? Пошто ако бевме во брак (со потпис) тогаш ќе го поканеа, макар и да не го знаат. Ако во врска не треба да иде, зашто да иде у брак кај мои роднини?
Подруга ситуација е. Не си само ти поканета, туку и твоите. Да те поканеа само тебе, сама, е навредливо. Бар јас ќе се навредев. Затоа цело време го потенцирам тоа плус 1.
Епа добро и во брак ќе одам со моите, не мора маж ми да го влечам кој не го знаат. Сепак моите и понатаму ми се фамилија нели?
Според мои пресметки, тогаш сте 2 фамилии, ама вие како ќе си се договорите. Или ете една нека е, ама и маж ти е дел од неа. Инаку ништо не мора. Да го влечеш па никако, со извалкано одело на свадба, не бива. Ама на пример може ќе сака да дојде и нема да му смета што никој не познава, а ти ако вака му кажеш, може и ќе се навреди. Земи ги во предвид и неговите чувства.