Ко дечко и девојка секаде кај што бил поканет мм сум била и јас. Еднаш доби покана на месинџер од другар од средно со кој се немале видено со години и другаров што се женеше цело друштво го имаше поканато што се дружеле во средно. На пораката имаше пишано, ако сте со девојки поканети се и девојките - нешто во тој стил. Јас немав слушнато за човекот до тогаш. Мене ми е почит другарка моја да го покани и мм ако ме кани мене. Исто и мене да ме поканат неговите другари, почит кон него е. Неговите почнаа да ме канат на свадби кога за имендени и родендени ќе ме однесеше со него на гости. И никогаш не сум се осетила дека сум недобредојдена од луѓето. Не знаеле дека ќе се појавам на врата, ама баш кога ќе сме влезеле кај нив дома ептен сум била пречекана, колку што го почитуваат него, толку и мене, седнувале до мене и се интересирале што работам, од кај сум, ама не она безобразно трачарење туку посветување внимание за да се осетиш дека припаѓаш со луѓето. Епа истите луѓе кај што сме биле на имендени, родендени, кога правеле свадби обавезно ме рачунале и мене во поканата, а уште сме биле дечко и девојка. Исто и ние. Кога каниме некого, внимаваме да се поканети сите. Со колега се задруживме многу, ама во главно на работа и после работа на кафиња и ја немав запознаено вереницата. Кога го каневме, ја поканавме и вереницата, иако јас само на име знаев како се вика. Крајно глупо ќе беше да го викневме само него, си дојдоја луѓето дотерани, весели, во пар како што ги личи. Не го викнавме него само како колега, па ај може да дојде сам, туку веќе ни беше другар, а блиските на моите другари и другарки се и мои блиски.
Си знае секој кој и зошто кани некого на свадба. Парови кои се само во врска, некаде се канети двајцата, некаде едниот од нив. Па што? Ако сакам на свадба само близок круг на гости, нема да поканам некого што не познавам. Ако сакам да имам повеќе гости, ќе поканам парови. Културно е да се покани, ако знаеш дека се во (сериозна) врска
Јас не сум имала прилика да одам на свадба со партнерот, пошо не сум била на свадба од 2017. Ама, знаејќи како сум се почитувала со друштвото на партнерот (дури и на проаѓање само), и како они секогаш ги вклучуваат сите партнери на поединци од друштвото во различни работи, мислам дека би ме поканиле. Баш се работи онака за почит. А инаку секој си има преференца за какви гости ќе има на свадба, тоа е тоа.
Досега и јас се осеќам почитувана од негови роднини ама имало прилики како роденден и матура и слава на кои не сум била поканета. Годинава февруари негова братучетка славеше роденден, дм и мајка му биле, за мене не ни спомнале. А си славеле така најблиски. А ме знаат луѓето. Е сега јас не бев добра со здравјето баш тој период ама не ни ме поканиле. Значи на кафе сме биле кај неколку од нив зашто он ме однел, ама вака посебно да ме поканат у стил еј за роденденот на Трајанка да знаеш и манчмало е поканета, не. За свадба уште немало таква прилика. Е сега, дали ако јас и он утре се земеме автоматски тоа ќе се смени или треба да се смени? Пошто ако некој не ме канел во врска, не знам зашто во брак да им се макнам. Или ме осеќаш за близок или не. Пошто така испаѓа, во врска ако сте не си битен ама со потписот автоматски сте врзани и морате сегде. А ако неќеме да се земеме?
Јас сум слушнала дека ако сте во врска, а не земени и после се оставите тебе ќе те има на сите слики. И ќе биде, ти текнува на оваа кога одеше со нејзе? А он може со друга ќе се ожени, па невестата ќе мора бившава на сликиве да ја гледа. Лошо.
Епа не знам, еве нека не ме викаат воопшто ни на кафиња и ручеци, ама и во брак нека е исто зашто може да се разведеме. Не сакам да сум третирана различно ради потписот.
Брак е официјално "покажување" дека сте сериозни и затоа понекогаш не ги канат додека се во врска, ама кога ќе стапат во брак ги канат. Зависи колку се претставувате блиски. Некои парови едноставно не се трудат да се прикажат ко сериозни, иако се. Врските им се прилично тајни, никој не знае за нив, слика ни една немаат, не излегуваат јавно, не се држат за рака надвор, никогаш не можеш да знаеш дека се во врска. Е сега ако не те поканат едни, може тие така си размислуваат, може имаат некоја филозофија дека канат само венчани. Ама ако си приметила дека не те канат повеќето роднини и другари, може не се претставувате ко сериозни, па не се сигурни како да постапат. Нагаѓам. Мене никој не ме канел на имендени и слави кај мм, ама секогаш сум одела зошто мм ми рекол дека ќе одиме заедно. На имендени сме оделе заедно, на слави, на нова куќа, на честито за бебе, секогаш ме носел со него и јас него на настани кај мои роднини и другари и тоа било наш "начин" да се претставиме дека сме сериозни и потоа луѓето ме канеле и мене. А за канење не дека мораш да се осеќаш близок. И јас сум канела луѓе што не ми се блиски ко вереницата што ја спомнав погоре, само на име ја знаев, ама дечкото ми беше близок другар и поради него и таа беше поканета, и тоа со голем мерак ја поканивме.
Зошто некој би се замарал со ова. Врската со бившата ако била доволно сериозна за да ја има по свадби значи била дел од животот доволно долго што не може да се избрише. Зарем ќе си расипувам расположение зошто бивша на мм ја имало на некоја слика. Мислам скрос истово може да се деси и во брак и да се разведеш, кој мисли на вакви работи.
Кај овие едни поблиски роднини лани онака низ муабет падна од него ко еј сакам некогаш да те запознаам со тетка ми ама нека нѐ покани прво. Првиот пат екшали не бев поканета туку сосем случајно однесовме нешто и ајде влеговме па изнесе мезе женава па муабет едно друго. Си реков тогаш фини луѓе. Уште неколку пати се деси да отиде он за некоја работа, јас да го придружам и да ме видат дека сум таму. И да, фала богу ако неќат, нека не ме канат. Ама ако после потписот сум срце душо за нив од нигде никаде, не фала. Кај друга роднина сме биле неколку пати по една недела на гости. Женава веќе си има планови што ќе носи на наша свадба Е тоа што велиш несериозно, не знам како треба да е очигледно дека е сериозно. Многу неќам искажување чувства меѓу нас пред луѓе, фала богу пристојни сме пред познати особено. Се однесуваме најнормално, како што доликува пред други луѓе.
Зошто да не . Неодамна бев на свадба кај колега на мм , воедно и мои пријатели . Девојчето не го познававме , но кога за прв пат дојде на гости кај нас , ми остави многу добар впечаток . Ептен фина личност и голема чест ми е што ја запознав . Секогаш позитивна , секогаш искрена и сака дружби . Чест ми беше што бев поканета и јас . Јас не канев многу луѓе , бидејќи кај нас беше свадба само формално да се помине редот . Повеќе ни беше за крштевање на децата . Секако братучедките на мм беа поканети со емотивни партнери , додека пак моите братучедки веќе беа во брак и секако беа поканети со сопрузи и дечиња . Но и да не беа во брак , ќе беа испочитувани нивните моментални партнери и секако ќе беа поканети и добредојдени .
Све океј ама мене ми смета што различно се гледа во (сериозна) врска и во брак. Пред брак да не те ебаваат а после брак сите те сакаат и канат или сегде мора да идеш со него/неа само зашто сте у брак, а не од мерак Што потписот е пресуден дали да викнеш некој или не, или па ти да идеш. Ако канам партнер(ка) на другар(ка) еве или на роднина, ги канам без разлика биле или не во брак. Ако не ги канам, и во брак да се не ги канам. А не - маж ми оди, морам и јас зашо сме во брак. До вчера немало да те поканат ич, ама сега мерак им е. Абе важи.
А што би барале па на свадба кај роднини кој не ни знаат дека сме во брак. Друго е кај колеги ако одат само група колеги, друго е ако пишува на поканата ( со сопругата или партнерката).
Воопшто не го гледам ова како проблем. Како што рекоја погоре, од почит е, не дека мора секаде ко врзани да одите со партнерот. Свадба не е исто ко обично излегување или шетање некаде што се дешава скоро секој ден. Јас сум била на повеќе свадби со бившиот, скоро секогаш ме канеле и мене, и одев да покажам почит, во смисла луѓето што се дел од неговиот живот не се за мене никој и ништо. Дури и на крштевки фамилијарно со неговите заедно ме канеле. Бев како дел од фамилијата иако никогаш официјално. Е сеа што ќе ме имало на слики а не сме заедно.. Кој да мисли толку унапред, а плус и тој се посере на врската нема многу што да правам јас. Ако е за така и брак можи да се растури па да ја има бившата жена на слики. Минатото не можиш да го смениш.
Абе не им е мерак, од почит те канат оти ти и маж ти веќе сте посебна фамилија. А ако имате деца без потпис, они треба да одат или не?