Еве моите не идат одамна на свадби двајцата зашто не се заедно. И кога беа уште во брак татко ми не одеше на свадби на мои роднини Причина? Не го осеќаа за близок. Мање битно колку биле во брак. Не го сакаа чоекот од лични причини и не го канеа. Тука почитувам повеќе него канење ради реда зашто биле во брак.
Moите си одеа заедно на свадби и прекрасно си поминуваа, си се канеа од почит и бон тон... и ние си одиме на свадби со мм заедно и преубаво си поминуваме. Може еден ден кога ќе осетиш љубов и почит кон некој маж, и ќе се сакате вистински, ќе си уживате заедно каде и да сте... до тогаш ќе им тупиш на дечковците твои за некој ефтин безвезен твој измислен феминизам, што нема врска со реалниот феминизам, ниту со љубовта и убавите вредности.
Лол не знам кој спомна феминизам во темава. Се работи за почит како личност, не како жена/снаа/золва/комшика и не за феминизам. Уште од сега имаме голема љубов иако сме далеку од светиот трул потпис. Поголема од вашите љубови на хартија можеби. Оти нели, целта е да се докажеме кој е посакан. Ама никогаш нема да бидам врзана со папочна врвца со него. Од негова фамилија едноставно очекувам почит и пред потписот, ако не, нека не ме викаат на ручеци како што прават сега. Ако сум странец, нека сум странец. Сѐ или ништо нека е.
Па цело време истото ти го збориме, почит и пред брак. Ама тебе не ти беше јасно зошто одат на свадба кај некој што не го знаат. Ете пак ќе ти кажам, од почит. Од почит канат, од почит одиш. Едноставно. Веќе почна сама да се побиваш од првичното мислење на темата.
Нарцис зборам дека има луѓе еве на мт роднини што пред брак нејќеле да ти кажат здраво, не те викнале на кафе, ручек, не сте правеле муабет зашто не си му била жена. Ама све тоа одеднаш се менува после брак. Ако пред брак не ме канеле, а знаеле дека постојам и имале сто прилики да напрајме муабет, зашто сега да им идам било каде? Само зашто сум му жена? А пред тоа зашто неќеле да се запознаеме пример? И затоа ми е бесмислено одење ради реда, зашто сме биле во брак а тие едно здраво не ми кажале никогаш.
Не ја поканиле негде на свадба како девојка изгледа, а на другарот жената ја поканиле... и сега е во внатрешна борба со себе, не знае дали е лута, дали е навредена.... се преиспитува.... затоа 8 страни мубаети
Немало таква ситуација досега, кај мене де. Оти скоро се запознав со негови роднини. Зборам за стваарно блиски, комшии буквално. И не одма, може понатака, ама ако чекаат тек ние да се земеме (дотогаш може и 10 години да поминат) за јас со нив да сврзам два реда муабет, а дотогаш не постојам, нема ни после потпис да им правам ќеф за било какви прослави. Ќе иде идниот ми маж и толку.
Не го врти муабетот... сега друго за друго збораш, а на почетокот збораше друго. Ти ја почна темава како нема потреба со партнер да се оди на свадба, ко залепени секаде, ајде ако не на кафе и со другарките носи го. Сега испадна непочит ако не се викне дечко/девојка на свадба.... препрочитај се, усогласи се.
Нема потреба да идете воопшто заедно ако не ги познаваш. Ни во врска ни во брак. Треба да идете како дечко и девојка и како маж и жена ако ги познаваш и се блиски. Две спротивни ситуации со иста поента.
Поентата во сите постови не ти е ни поврзана... Ти кажаа САКААТ да одат со партнери на свадба, и САКААТ да ги им бидат поканети партнерите без оглед дали е свадба на братучетка, другар итн... Што им докажуваш ти, дека не се во право? Во право се оти им е убаво и си прават како што им е убаво а не ти како ќе кажеш. Тебе ако не ти е убаво не оди, толку е просто.
Мислиш мажите? Оти цело време вас муабетот ви е дека нема што мајка да бара дечкото или девојката на свадба туку само ако се фамилија. И јас сакам тој да е поканет ако го познаваат ама зашто е мој близок, а не зашто ми е маж у матична книга. Ако неќеле да го канат пред брак, во брак нема поента да го влечкам, тоа е работата. А ако го поканиле како мој сопруг, ондак и пред брак требало да го почитуваат.
Нас не ни е муабетот тој, ти само имаш некои муабети. Ние велиме тој што си прави свадба одлучува дали ќе поканува парови (девојки и дечковци), дали ќе ти рече +1 или сама да одиш, и дали ќе биде тој и тој со фамилијата. И да, бракот, тоа за тебе безвредно ливче хартија означува фамилија, сакала или не сакала.... и да не е ливче, на другарка ми татко и си имаше невенчана жена додека не почина таа, сите му ја сметавме за ЖЕНА, иако не беше законски сопруга. Другарка ми ја викаше на татко ми жената, а не женската. Ако имаш партнер со кој имате сериозна врска, живеете заедно, делите сметки, деца, дом... значи сте фамилија така ќе ве сметаат... ако си се фатила со некој пред 1 месец не може да е исто со "безвредниот" брак. Се си има тежина.
Месец не, 6 години се. Не делиме сметки и дом ама ќе биде за брзо се надевам. Полека си учам работи кои ќе ми требаат за тоа. Бтв ако одлучува сам, може да те покани тебе без маж ти и тогаш нема љутиш нели? Ете и јас мислам дека е сосем океј канење и одење без брачен другар кај помалце блиски луѓе. Вие за ова дигнавте фама. Дека ако сте во брак, мора заедно да идете секаде.
Можете и сто години да се влечкате заедно... кажав, ќе ве сметаат поинаку кога ќе бидете една куќа што се вели. Ти можеш дечко 10 години да имаш, па да не е ништо сериозно. Игри на зборови се, ама сепак си значат.... сум имала дечковци, ама со еден сум делела покрив, сме планирале буџет од платите, сме се договарале кој ќе испазари, кога да се исчисти дома и сл. Тогаш си фамилија, тогаш ќе те гледаат поинаку и неговите тебе и твоите него... затоа што не сте веќе двајца за рака само шо шетаат по улица, туку луѓе кои живеат заеднички живот.
Ако чека некој да сме една куќа за да ме поздрави...не фала. Оти да, верувај ми и ова го имам видено. Не е битна, само девојка му е, нема што да ѝ правам муабет. И истиве после брак ќе ме канат на свадба јер ќе сум му жена тогаш. И мене ќе треба да ми е океј тоа и најнормално.
Ама сега за одење со маж на свадба е муабетот.... или одење кај некултурни луѓе (што не ме поздравуваат) на свадба? Тогаш темата не треба да биде ОДЕЊЕ НА СВАДБИ ЗАЕДНО СО ПАРТНЕРОТ.... туку ОДЕЊЕ НА СВАДБА КАЈ ЛУЃЕ ШТО НЕ МЕ ПОЧИТУВААТ... тогаш би имале сосема поинаков тек на муабетите.... ако цитираме што пиша прво, ти рече нема што да се оди со сопруг/сопруга на свадба кај нивни роднини, не ни се крвно сродство. Сега велиш не одам кај луѓе што здраво не ми прават
Одење кај некултурни што не ме посакуваат таму само зашто сме маж и жена. Вака сумирано. Со маж не одам кај некој што не ме познаваат само зашто ми е маж. Ќе оди тој. Пошто фактички велите вие дека еве негова роднина додека сме во врска е сосема океј да не ме поздравува и да ми прај муабет зашто не сме ништо. А после брак зашто сме фамилија тогаш треба. Еве кажав пример поназад со на братучетка золвата. Тие 10+ години заедно и живееја заедно и никој не ги викаше заедно по гости и свадби. Се земаа и оп, она најмила за нив стана. И сега одат заедно секаде само зашто се во брак, не зашто она е стварно посакувана на свадбата. Мене ова одење ради реда ми е преглупо. Баш примеров отсликува што сакам да кажам цело време.
Јас и ја сфаќам поентата, има и логика. На пример јас имам случај кај што мајка му едвај здраво ми викаше со пола уста и генерално беше bitchy спрема мене, а од кога почнавме да живееме заедно ме бара на гости да сум одела, по ручеци, праќа јадење за мене по дечко ми итн. Мене ова ми е крајно лицемерно.