Тоа се изолирани примери со специфични луѓе и тоа нема врска со одење на свадба. Со некој што се однесува како идиот кон партнерот мој без причина, кој нема ни да го поздравува и сл, нема ни ЈАС да му одам на свадба, не па и партнерот да го терам.
Ноуп. Бар не е така напишано, а шо мислела не знаеме. Буквално е "шо бараш на свадба кај некој шо не го знаеш".
Има разлика меѓу да одам на свадба кај некој роднина на мм што не го познавам, и да одам на свадба кај роднина на мм што го познавам ама бил тотален идиот кон мене.
Ок, ај потпишете се и не го води по свадби, и ти не оди кај негови роднини. Разбравме. Еве на пример кај нас на свадба имавме ситуација братучед на мм дојде со девојката и татко му бидејќи мајка му имаше здравствен проблем, не можеше да дојде. И? Ниту ние се изедовме, ниту ден ми расипаа, ништо. Напротив, се запознав со девојката, сега веќе му е жена. Се изнаиграа и баш рекоа дека супер си поминале. И мило ми е. Јас имав братучед што си ја донесе и девојката, иако не беше поканета, ама на поканата пишуваше тој и таа со фамилијата. Значи они си ја сметале за фамилија. Сега се верени. Моите не се изедоа што платија порција плус. Ниту пак на нас ни засмета што дошла.
Лично не можам да одам кај роднина на сопруг ако по душа не ги осеќам блиски тие роднини, без разлика од која причина. Дали немало прилика или ме навредиле или чекале потпис да ме поздрават, не можам да одам ради реда едноставно. Кај и да одам, сакам да не седам ко на трње. Сакам да сум опуштена и посакувана таму, а не само негова придружба. @Orchidea мене ми е океј тоа. Ми смета тоа што некои сметаат дека САМО во брак треба да ве викаат заедно и тогаш САМО зашто тогаш сте маж и жена. Значи идете само зашто сте во брак. Не од мерак. Е тоа ми е баш ради реда идење. Значи од ќејф и пред брак ќе ме викнеш. А во брак не можам така колку да се рече да идам со сопруг. Ќе отиде тој, ќе направи чест и доволно е.
Мојте роднини, немажени братучетки, сестра ми, машки братучеди, сите на свадба кај некој наш заеднички роднина доаѓаат со свој дечко/девојка за рака, не се ни во брак, девојката/дечкото нивен најчесто не ни знае кај кого доаѓа на свадба, ама буквално се мокнат заедно, рака под рака.. Врвот е братучед ми кој на секоја свадба носи различна девојка зш е кретен и не може да задржи девојка па затоа секогаш различна носи, која ја има периодот ја носи ама сам на свадба не доаѓа.. Еве јас, никогаш дечко немам однесено со мене на свадба кај роднини а нема ни да донесам, кога би ми бил сопруг, да, ќе одиме заедно ама додека ми е дечко не.
Дали тоа @Munchmallow20 пак најде начин да проповеда мизандрија? Направи нов профил, ама изгледа џабе, воопшто не си се променила...
Јас како што сфатив неа никаде не ја канат со дечко и па сега сака сите да не убеди дека тоа е правилно
А твоите заедно ли одат на свадби или секој сам си оди кај негови роднини? Не разбираш дека кога си во брак веќе сте едно, посебна фамилија. Нема тогаш со мама или со тато. Кога ќе се омажиш ќе разбереш. Роднини да ме поканат сама без маж е непочитување спрема мене и нема да одам, исто и мм. Сосема различно е колеги, јас ги канев без партнери, ама бевме многу 20тина луѓе. Мм во моментот не беше вработен, ама си ги покани колегите кај што претходно работеше, бидејќи се дружат многу и сега. Со жените. Еве и мене претходно ме канеле колеги на мм, иако тогаш не бевме во брак, а со едните воопшто не се знаевме лично.
Еве кажав поназад татко ми одамна не оди кај мои роднини од мајка ми зашто ради лични причини се закараа со него. Значи беа уште во брак некое време а одеше без него. И ова ми е океј, ако не ти е некој мерак да го каниш, не мора само зашто се во брак. И мајка ми била канета кај роднини сама без мене и брат ми. Значи ако сме фамилија не е зорт сите да мора да се поканети. Јас разбирам дека тој ќе ми е тогаш фамилија. Не разбирам некој да ме смета за невидлива сѐ додека не му станам фамилија па тогаш сме цуци буци, а претходно нигде не ме викнале (а имале прилика) зашто сме биле само во врска. Значи лично сум ептен интроверт и тешко се зближувам со луѓе и затоа ми е шубе да идам кај (за мене) непознати на свадба.
Леле @Munchmallow20 каша попара направи,од "немање потреба да се оди на свадба кај непознати" до "не знам зошто роднините од дечко ми не ме канат на свадби" ... По последново што го пиша изгледа си од дисфункционално семејство и многу работи ти се измешани.
Одев ако бев поканета, не одев ако не бев. Исто и тој. Што е толку трагично ако некаде те поканат, а не ги знаеш? И искрено, културно е кога те канат лично, да биде поканата +1, па дали маж ти или швалерот ќе си ги земеш, произволно.
Буквално не се десило да не не' поканат и двајцата некаде. Мислам, брат му се женеше 2 недели после официјалното "фаќање" па бев поканета. Исто и од моја страна, секаде бевме канети и двајцата. Искрено да ме канеле без него, ќе сум била навредена, и немало да отидам. Исто и за него важеше. Зборувам за роднини и пријатели. Кај колеги нормално дека колеги група одат.
Каме мене ми е сосема океј канење нечив партнер од мерак. Не ми е океј да ме канат само откако ќе се земеме оти нели тогаш сме маж и жена, ко претходно да не сум постоела. Значи ако некој негов роднина не ме покани сега не се лутам. Ама ако истиот роднина непосредно после наша венчавка одеднаш се смени на предобро према мене и јас треба да почитувам само оти сум жена, тука е проблемот. Затоа првично реков глупо ми е одење како придружба негова кај луѓе кај кои не знам дали стварно ме пожелуваат таму.
Еве ова ти е едно паметно мислење во темава, а скроз спротивно од сите други. Викаше што има некоја далечна братучедка на мм да ме кани на свадба, епа баш таа ако му е толку далечна нема потреба ни него да го кани нели. Тие што се доволно блиски да го канат него, значи би требало да те канат и тебе