Прво темата ја отворам да напишам неколку, према мене, важни очекувања кои ги имаме, колку се точни кога одиме на терапија и до кој степен. Па дури и шо треба да бараме од еден терапевт. Покрај тоа би сакала да зборуваме за наши лични искуства ( јас немам искуство 1 на 1 терапија, али оти учам психотерапија, мојата терапија е во групен контекст, фактички за да научиш нешто мора да го искусиш нешто во та смисла). Ова сум со план да го спомнам и подолу, ама ќе го спомнам и тука: комуницирате ги вашите чувства и заклучоци додека сте на терапија и во периодот меѓу сесии. Многу е значајно со тоа да отворите за целокупниот процес. Не се осеќате лагодно: к а ж е т е. Накратко: ✎Тука е многу важно да се запомни дека психотерапијата не открива ништо премногу од една средба туку е процес кој трае одреден период и се отпакува секоја сесија по малку. Не очекувајте никакви решенија, или пак инстант подобрување после една сесија. ✎После терапија е природно да чувстувате низа мешани емоции и да не можете сите да ги разграничите веднаш. Тие емоции може да варираат од: олеснување, енергизирање, расположување па се до фрустрација, умор, престимулираност. И се тоа е во ред и на еден начин очекувано. ✎Важното тука е како ќе се справиме со овие емоции. Треба да си земиме време да ги размислиме. Да ги разграничиме и потоа на следна сесија да ги разговараме со нашиот терапевт. Да му кажиме што чувствувавме од после и какви импресии и заклучоци донесовме во периодот меѓу сесии. Очекувај: ✎Очекувај дека ќе чувствуваш м н о г у емоции, дел кои и нема да можеш сам да ги разбереш. ✎Очекувај да определите основите на идните терапии. ✎Терапијата не завршува кога завршува сесијата. Меѓу сесии не заборавајте дека сте на терапија, туку размислувајте за што се разговарале. И слободно на следна сесија презентирајте вашите размислувања на вашиот терапевт. ✎Океј е да се предомислиш. Не секој кликнува со секој веднаш. Линк 1 ┃ Линк 2 ┃ Инста Од тука би сакала да продискутираме дали сте биле на терапија пред се? Доколку не, како го замислувате тој процес? Дали се плашите? Како мислите дека ќе биди? Што ви изгледа како најголем предизвик? Доколку да, како се одлучивте да одите? Дали очекувањата ви се поклопија со реалноста? Што ви се допадна, а што не? Дали останавте со вашиот прв терапевт или баравте додека не кликнавте со некој?
Мислам дека е многу добра тема. Баш ако некој размислува за посета на терапевт, да знае како би изгледал целиот процес.
Многу табу тема е ова кај нас што е навистина жалосно и сеуште е застапено мислењето дека си нетокму ако одиш на терапија. А гледано од страна, по разговори и искуства, многу се претерува со антидепресиви и лекарства, не секој е за тоа, како секоја психотерапија со антидепресив да завршува кај нас, така имам општ впечаток.
Па зависи. Психолог терапевт не смеј да пиши апчиња. Психијатар терапевт смеј. Кај првите нема шанси терапијата да завеши медикаментозно, сем ако не процени дека мора па го пренасочва на психијатар.
Имам одено и ми помогнал. Ко може за се друго да се оди на лекар, може и за ова. А муабети од типот еднаш појдов и не ми помогна сум слушнала неброени пати. Не можам никако да разберам зошто луѓе преферираат да седат несреќни одколку да одат на терапевт.
Цел живот одам по психијатри и психолози. Да не беа тие, кузнај кај ќе завршев до сега. Како што кажа @Mantub , како за секоја друга болест, така и за психичка, се оди на доктор.
Одлична тема, браво! Јас долго време имав желба да отидам на терапија, претрпев многу трауми кои се таложеа и како и се што е неорганизирано, ми предизвикаа хаос. Моментот кога решив дека дојде време за помош од психолог и дека не е доволна самопомошта, беше момент што ме оддели од самоубиство. Ќе беше или терапија или.. она другото. Отидов на неколку сесии, излезе се како што очекував и замислував, ги добив заклучоците кои потајно ги претпоставував но не сакав да ги признаам сама на себе. Од моја гледна точка, ми беше исклучително важно речениците и чувствата да ги изразам така што терапевтот нема да ги извади истите заклучоци. Се случи пандемијата и не успеав да ги посетам сите сесии за кои имав уплатено, но мислам дека ми беше доволен стимул да знам во која насока да се грижам за себе и да не барам од себе повеќе од тоа што можам. Најдобро потрошените пари и време, препорачувам на секој што има и нема потреба
Imam prtoblem sto ne mozev da najdam do sega terpaevt koj se razbira od соматска терапија ako znaete preporachate. Do sega zborenjeto za traumite samo mi go predizvika simptomite na PTSD i nekako mi e strav da otdam kaj nekoj sto nema razbiranje za ovie raboti poshto preku zborenje ne sitgnav nigde.
Ова е многу битна тема. Јас лично имам доста лошо искуство со повеќе психолози. Кога бев помала (околу 12 години), бев во депресија - мисли на самоубиство, безнадежност. Многу ми беше тешко, а залутав кај психолози и психијатри кои не веруваа дека едно дете може да биде во депресија ниту пак се обидоа да дознаат што ми тежи на срце. После тоа, проаѓав низ тешко раскинување, тој емоционален стрес ми донесе проблеми со инсомнија. Не можев да спијам по цела ноќ, што резултираше ја да не спијам на пример цели два ноќа по ред, не по свој избор. Кога успеав да заспијам, се будев после 3-4 саати и не можев пак да заспијам. Кога отидов на психолог, доста искусна и прочуена жена, ми рече дека јас растам и телото ми се менува и дека нејзиното тело и бара само 4 саати спиење преку ноќ и тоа не е ништо страшно, нормално е. Мене не ми се веруваше. Сега еве, повторно минувам низ тежок период и пак се решив да дадам шанса на психотерапија, и се молам да не ме разочара, пошто некогаш тоа ти останува како последна надеж и ич не е убаво да се осеќаш отфрлено од таа последна надеж. Ќе се обидам још поубаво да објаснам низ што минувам, за таа од прва сесија да сфати дека ми треба помош, а повеќе ќе ме запознае од наредни сесии секако.
Стварно ми е жал. Во слична ситуација со анксиозност и депресија бев како дете шо ме остај со трајни последици по телово. И знам чувството кога буквално "се ти е" освен то шо вистина ти е. То сите го игнорираат, и родители, и доктори и терапевти. Оти дете нели. Стварно ми е жал. Можам да ти речам дека не се сите исти и тоа да е вистината ама тешко ќе ти е да ми поверуваш после вакви искуства. И то е сосем нормално. Мој совет - биди отворена од старт. Зборувај за претходните искуства и како се осеќаш во моментална ситуација ти поради тие претходни искуства. Се надевам ќе бидиш кај добар терапевт, и ова ќе биди важно како и за целиот процес, така и за тебе. Се најдобро!
Шо ти се чини, шо треба за да одиш на психотерапија? И да немаш дијагноза, психотерапијата е најдобриот метод за решавање внатрешни конфликти, соочување со секојдневието, модифицирање на однесувањето итн итн. Пробај, ќе видиш колку бенефити има. Под услов, да е добар психотерапевтот.
Една од најдобрите теми на форумов. Одамна, многу одамна сакам да појдам на психијатар. Психолог не може да ми помогне. Уствари толку сум fucked up што не знам кој би можел да ми помогне. Имам еден огромен хаос во глава што изгледа вака: Спојлер и многу ми е страв да почнам да го отплеткувам ова, па само си го потиснувам. Некои работи што ми тежат како планина ги немам кажано на никој затоа што се плашам да ги кажам на глас, се плашам од чувствата што ќе ги преживеам одново. Е тоа е мојот предизвик, што ќе успее да извади од мене и како ќе се осеќам? Дали воопшто ќе може да извади нешто од мене или само ќе се потсетам и пак нема да бидам мирна? Моментално сум во многу лош период. Буквално се будам сабајле и чекам да дојде вечер. Многу ми треба разговор, поддршка од некој, гушка. Најлошото е што ги научив сите дека можам се сама и веќе на никој не му текнува да ме праша како сум. До душа и да ме праша ќе се насмеам и ќе речам Топ! Уф за кај сум со оваа глава? Ве молам кажете ми дека исто сте се осеќале некогаш во животот
Имам искуство со двајца психијатри, кои ме натераа сама со себе да си ги решавам проблемите после сесиите иако очигледно не можев сама. Првиот после првата сесија ми беше океј, си реков ќе одам почесто. Тој период имав многу проблеми со самодоверба, буквално на 0 бев, нејќев од дома да мрднам. И океј, раскажав сето тоа за на последното одење да ми каже "Е зошто немаш самодоверба не ми е јасно, виде ли како те меркаше човекон пред влез" а човекот можеше комотно прадедо да ми биде. И од тогаш го отпишав тој психијатар за навек. Пред неполн месец исто бев кај една жена, не беше толку страшно онака повеќе беше обичен разговор затоа што сами по себе работите почнаа да се средуваат и во моментот кога дојде денот да одам кај неа, некако во полесна ситуација бев и немав желба нити потреба да се отворам за оние полошите работи. Али иако зборев за глуп проблем се чувствував дека не ме слуша доволно, ме пресекуваше на пола реченица и не знаев ни што да одговарам. Скроз спротивно од она што сакам да и го кажам, едноставно не се пронајдов. И после таа сесија си реков ни кај таа веќе не одам. Сакам да најдам некој што ќе ме ислуша убаво, без прекини, и со кој ќе бидам доволно опуштена за се можно да раскажам и да се ослободам. Ама изгледа ретко некој таков да постои.
затоа, за разговор се оди кај психотерапевт или пак психолог клиничар, а не кај психијатар, овие три професии се скроз различни. на Психијатарот не му е главна алатка разговорот напротив, дијагностицирање на некоја душевна болест. Затоа за следен пат да не си разочарана ќе си посетиш еден од тие двајца што ти ги наведов погоре. Секое добро
@Jana06 оди на психотерапевт. Тој можи да е и психолог и психијатар. Небитно. Важно е да има изучено терапевтски правец. Буквално работата на терапевт е да отплетка сликата која ја постави. Многу луѓе сме биле на то место, има начин за надвор. Само напрај го првиот чекор. @Hellobeautiful се согласувам со членката под тебе. Психологијата е обично зборовна професија, ама уштњ подобро, психотерапијата. Пошто ко завршив психологија да, знајш многу работи. Од ко запишав психотерапевтски правец видов колку не знаев и сега скроз поинаков пристап имам. И то е та разлика шо ти треба. Барај психотерапевт. Тој можи да е и психијатар ама важно е изучен терапевтски правец кој му дава поткрепа за "зборовна" терапија. То да е приоритет, не брза дијагноза, не апчиња, не да гледа да ти дај решение тој. Туку да "отпакова" то шо те мачи. И заедно, со негова насока и взаемен труд - да се стигни до решение. Со среќа на двете!
Јас можам барем целосно да те разберам.Не можеш пред сите да си слободна. Јас кога ќе раскажам на некој за моите трауми од психајтрите/психолозите ме мислат дека сум ,,луда" и тоа го препишуваат на мојата состојба дека размислувам ирационално. По напишаното и не е толку страшно во споредба со моето ама сепак и тоа не е во ред. Каде што идам сега кај последнава се трудев да и објаснам колку ми е тешко сега што ме здебелија апчињата.Но, не мислам дека баш ме сфати зашто ми рече дали сум доживеала некој да ми каже дека слабите не се приметуваат, повеќе дебелите паѓале во очи. Во смисла дека тоа било убаво. Јас не сакам да се погледнам во огледало ваква.Мене ми е гајле за останатите. Сакам самата да си се осеќам убаво во сопствена кожа. Мене ми е голем проблем ова, секоја чест на исклучоците. И немој да ме тешите дека здравјето е побитно.
Во обид да ти даде друга перспектива или решение направила девалвација. Односно твојата посакувана цел (слабата фигура) ја претставува како помалку пожелна, и вредна.