Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одземање животи (Vidas robadas) [MTM]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 15 ноември 2011.

  1. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Дали некоја ја гледа Одземање животи или немате време од турскине заостанати серии?

    Ова е аргентинска серија на МТМ телевизија, а веќе се дава и во други македонски градови на локалните телевизии. Во главната улога е Факундо Арана, познат како Иво од Дивиот ангел.
    Серијата е многу убава, нема плачење и сплетки како во други шпански серии а се работи за трговија со млади девојки.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.225
    Допаѓања:
    167.486
    Сакаш да кажеш дека тука Хуан Пабло нема да открие дека на неговото дете уствари му е и дедо и прв братучед,но и покрај тоа ќе ја љуби Флоренсита до крајот на животот?! :|

    Мислам сериозно ми е језива категоријава кога ќе видам за кое се недело е отворена тема! Поим немам кој е филмов,ама мтм...шпански?! Не може да е добар!
     
  3. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    A добро е тоа што се дава на Сител и Канал 5? Изместени се критериумите. А има разлика и кај шпанските. Серијава е аргентинска и не е од тие плачки шпански серии. Ама добро, за ниските вкусови си постојат Прељубници, Љубов и не знам што, Лале, Џанан и такви серии.
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Шала на страна, не за џабе јас сакам у Аргентина да живеам :emo: - овој Факундо (па уште и името какво му е леле леле, гризење усни) ми е неверојатно секси :wasntme:

    А серискиов не го знам, се соблекува ли барем некој аир да видам? :D
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.225
    Допаѓања:
    167.486
    Посветена су ја на Лале,у ист термин ни ја даваат,а на пола ми ја фаќа хм...Лисјата паѓаат,не можам.

    Тој си е критериумот,шо да му праа!
     
  6. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Некогаш се соблекува :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Темата е доста тешка, трговија со девојки, а дијалозите се доста испревретени и некогаш и несфатливи.