Како и кога да ја применуваме оваа стара дисциплинска мерка за да не ја влошиме состојбата? Праќањето на детето во ќош е дисциплинска мерка која до ден-денес ја применуваат и родителите и воспитувачите во градинките. Во теорија, оваа мерка звучи брилијантно: детето е немирно, го праќате во ќош за да остане само и за да се смири и, ете, одново е соработливо. Но, практиката тврди нешто друго: детето одбива да остане само, плаче додека е под казна и е уште повознемирено отпосле. Според неодамнешното истражување на Универзитетот за здравје и наука „Орегон“ во Портланд, 85 проценти од родителите кои го користат овој метод прават клучни грешки кои ја намалуваат неговата делотворност. На пример: разговараат со децата додека се во ќош, им дозволуваат да си понесат играчка со себе додека се под казна, пречесто ја користат мерката. Праќањето на детето во ќош не е комплетно безопасна мерка. Кога детето доживува тантрум или се соочува со голем наплив на нервоза поради неможноста да излезе на крај со сопствените емоции, праќањето во ќош може да биде контрапродуктивно. Во овие ситуации, на вашето малечко му е потребна утеха, всушност, нему сте му потребни кога му е најтешко, па неговото праќање во ќош може да делува како да сте го напуштиле. Да, одењето во ќош може да биде делотворно сѐ додека се користи во вистински ситуации, на соодветен начин кај деца над три години, не помали. ВООБИЧАЕНИ ГРЕШКИ > Пречесто ја користите мерката Одењето во ќош не треба да биде со цел да го натерате детето да учи преку лошите дела што ги направило, примарната функција на оваа тактика е да спречи нештата да ескалираат. Никогаш, ама баш никогаш во историјата не се случило некое дете да појде во соба и навистина да размисли што лошо направило. Напротив, додека е под казна, детето размислува за тоа колку се сурови неговите родители. Имајте на ум дека едукативниот процес започнува по завршување на казната, тогаш детето е смирено и е спремно за разговор. Ќошот е мерка за смирување, едукативнот дел, пак, ви останува вам како задача. > Му обрнувате внимание на детето додека е под казна Детето е неопходно да почувствува блага последица по заминувањето во ќош, во спротивно ништо не сте постигнале. Поголемиот дел од времето детето пати за вниманието на родителите, па е спремно тоа да го предизвика и преку лоши дела. Бидете внимателни, тактизирајте, бидејќи ако му дадете преголемо значење на лошото однесување, тоа може да донесе уште полошо однесување. Детето го добило посакуваното внимание и сега му останува само да го повторува она што ги натера мама и тато да го караат. Праќањето во ќош воопшто не мора да го поврзувате со столче или агол во собата, доволно е да му го скратите вниманието на детето на краток временски период. Неопходно е детето да заклучи дека со неговото однесување предизвикало да го изгуби она што најмногу му значи. > Ја користите мерката за погрешна цел Истражувањето на Државниот универзитет во Оклахома „Стилвотер“, откри дека тајмаутот најдобро делува кај малите деца кои обожаваат да контрираат, се однесувaат пакосно удирајќи или намерно го прават споротивното од она што ќе го побарате, но само ако прво пробате со поблаги мерки. Ако детето го ставите во ќош за различни типови проблеми или ако пречесто се користи мерката, однесувањето може да се влоши. Малите деца кои „кенкаат“ за чоколада или плачат за да играат на мобилен, подобро реагираат на други мерки. Кој го смислил седењето во ќош? Оваа воспитна техника датира од 60-тите години како похумана алтернатива на строгите мерки кои биле вообичаени за тоа време. Благодарение на д-р Артур Стаатс, просветните работници престанаа да ги удираат децата со линијар, а родителите заборавија на ременот, стапот и чешелот. Денес, ваквите мерки се назамисливи и строго забранети!!! Цели декади посветени на истражувања покажаа дека децата кои редовно се тепани, е поверојатно да станат агресивни или да се соочат со депресија и анксиозност понатаму во животот. > Само едно предупредување во однос на мерката може да ги редуцира седењата во ќош за 74%, ако детето не почне да соработува по 5 секунди, применете ја! > Не користете фрази како: „Стопати те предупредив!“ – и тоа се смета за обрнување внимание. > Колку време да седи во ќош? Една минута за секоја година од возраста на детето. Сите информации погоре ги имам прочитано од едно списание и ме инспирира да отворам тема. Доколку е глупа префрлете ја во корпа. Дали ја користите оваа воспитна мерка? Колку ја користите оваа мерка? Дали сметате дека оваа мерка е корисна мерка?
Не се воспитуваат деца со праќање во ќош. Само фрустрација може да се предизвика кај детето. Психички лошо може само да влијае, ништо добро не гледам да има оваа мерка.
Досега не. Еднаш ја пратив у соба. Сама си се качи. Одам по 5 мин, седнала на кревет, наведнала глава, споила ножиња.... абе срце ми се скрши. Оттогаш ако ја искарам, вика, пак ќе ме пратиш у соба? Сега само разговарам, објаснувам, се заканувам ама казна не.
Не користам ваква мерка. Памтам дека во школо често ја применуваа јас кога учев. Кој не е мирен се знае кај оди.
Не се чуди, затуцани луѓенца има кај нас. Жива глупост. Не сум добивала вакви воспитни мерки од никого, ниту сум била сведок на ова. Ама знам дека уште некои луѓе го користат. Сметам дека е глупост.
После насловот нема потреба да се чита воведот. Не за ваква мерка. Ниту ми текнало, ниту ќе применам. Ептен ми е нелогично ова, се праќа порака дека е цвеќе или ламба?
Не ми текнало на ваква мерка од причина што не ја користеле моите на мене.Моето дете е скоро 4 години и веќе лесно се разбираме што е правилно , а што не. Не користам казни бидејќи со разговор сме решиле многу проблеми , па по разговорот самата се извинува.Со извинувањето сметам дека ја дознала грешката и секое казнување би било вишок.
Само два пати ми се случило да го применам ова. Првиот пат, го пратив во ќош синчето затоа што беше немирно и направи белја, искрши нешто стаклено и му реков да седи таму додека не исчистам. Утредента пак беше немирен и скрши играчка, си го зеде столчето и сам отиде во ќош. Вториот пат се истепаа двете деца ги седнав во ќош и им реков додека не се смират да не се померат од таму, малата плачеше, после 5 мин почнаа да се смеат и да се гушкаат.
Немам деца и не знам што би коментирала на темава ама ме потсети на интересна ситуација кога чував едни близнаци. Децава по 5 години беа и цела мака на родителите им беше да ги натераат навечер заби да мијат, можеа да бират помеѓу стоење во ќош и миење заби и скоро секоја вечер си стоеа по 5минутки, а една вечер па едниот се мие, другиот одбива и стои..на секоја секунда прашува уште колку време има и на крај оди брат му го мењава дека жал му било да стои така цркнав од смеење тогаш
Корисна е верувај,еднаш напраив една глупост и мама во ќош ме стаи да седам десет минути и од тогаш не ми текнало да цртам по ѕид.
Мене два пати во градинка ме имаат пратено во ќош и знам дека не плачев ни се жалев, туку бев испосрамена зошто седам во ќош, ме испојадоја бруки.. Иначе не сум за ваква воспитна мерка.
Интересни ставови. Во децата и градинките кога се зборуваше на темава, добар дел ја оправдаа меркава.
Не сум ја применила оваа мерка. Ама еднаш ја пратив во соба оти ме удри и за кратко излегува и ми кажува Јас сега па ќе улезам а ти да ме затвореш. Така направивме и пак излезе и истото го кажа и уште десет пати така беше, ај јас ќе влезам ти ме затвори. Кај нас не функцинира ова оти малата е толку голем инат, што никакви шанси нема да седе во кош или сама во соба затворена. Не закани, не уцени, ништо не помага.
Моите не ја употребија оваа "мерка" никогаш со мене и брат ми, нема ни јас да ја употребам со деца. Безвезно скроз, ни пак мислам дека ќе стои дете во ќош сега, во денешно време.
Големо НЕ за оваа мерка. Јас сум по стара генерација каде во школо се применуваше. Додуши никогаш не бев во ќош ставена, ама тие што беа, беше голем срам...понижување на битие. Денешниве деца се по напредни. Многу внимавање со нив треба. Никакви репресивни мерки. Ми иде да вриштам понекигаш, ама се воздржувам. Родителството е НАЈголемиот предизвик.