Додека бев во основно често се применуваше оваа мерка, и јас како многу "мирна" постојано имам стоено во ќош. Пробав да си го вратам филмот наназад да видам како сум се осеќала. На почеток, првите неколку пати засрамено, после тоа кога ќе ме пратеше наставничката со задоволство одев, бидејќи бев навикната веќе, и среќа моја често имаше уште некој со мене ставено, па можев бар да си го споделам срамот, а и муабет да си прајме тивко да не ни е досадно. Можеби некогаш функционирала меркава, ама денеска мислам дека е веќе нефункционална, најпрво што нема да те послуша и да застане, а друго е чувството кога родителите ќе те пратат, а друго во школо или градинка. Дома мислам дека не би функционирала многу, зошто сепак родител од жал ќе попушти одма, и детето ништо нема да сфати и разбере, а доколку е во градинка, сепак има други деца коишто го гледаат и воспитувачи, па би требало да делува засрамувачки и казнено на детето, за памет за друг пат.
Знам дека ќе ме изедете жива ама ај... Во сите теми сите против секаква дисциплина. Тема за ќотек, никако тоа. Тема за карање, никако ни тоа. Сега тема за ставање во ќош, па ни тоа. Мислам дека културава за политичка коректност малку отиде предалеку. На крајот од денот сме родители и некаква форма на воспитување преку награда и казна мора да имаме со нашите деца. Не викам дека не треба и разговор и многу труд, ама дајте малку реални бидете. Стоење во ќош 5 минути за мене е сосема во ред како воспитна мерка. Кога детето прави нешто што е погрешно и опасно, да го изолираш од тоа, и да му дадеш некоја минута да сфати зошто не му е дозволено да продолжи со активности, мислам дека може да биде многу ефективно. Но, само ако е проследено со разговор од типот на "дали знаеш зошто си тука, не е добро тоа што го правиш, друг пат да направиме вака е подобро" за да може детето да поврзе како подоброто однесување ќе му овозможи да продолжи со игра наместо да гледа во ѕид. И не мора да ми кажувате дека може со убаво истото да се постигне. За среќа имам релативно мирно дете, и до сега генерално само со строг разговор сум постигнала доволно. Ама да не беше така, или ако понатаму се појави потреба, стоење во ќош воопшто не е лоша дисципллинска мерка според мене.
Глупава е мерката. Нема никаква поента, во основно често учителката ги праќаше во ќош учениците што беа “мирни”. Ако добро се сеќавам немаше исход бидејќи секој нареден ча сбеа се полоши. Реално подобро ќе му се налутиш на детево отколку да стои во ќош.
Ова како time-out му доаѓа во денешно време, нели? Кога се трга детето од тоа што го правело и се остава да „размисли“ за тоа што го направило, така беше? Јас не сум практикувала вакво нешто, особено не во ќош да стои, мислам дека е тоа застарена метода и нема некоја корист од нејзе. Мојата и да направи нешто обично разговараме.Немало ни некоја којзнае каква причина да ја казнувам построго, мало дете е. Што, според вас, би требало да направи детето за да го пратите во ќош?
Кога поголемава ќерка беше мала беше многу не послушна и многу се инатеше, совет од педијатар ми беше дека мора да се воведи некаква дисциплинска мерка, и ми рече да ја ставам во ќош кога направи нешто што не треба. Во ќош треба да стои толку минути колку што има години, пример 4 год. 4 мин. А не да ја ставиш во ќош и да ја заборавиш таму, како што на пример правеа на школо во мое време. Ја ставав во ќош неколку пати, после одредено време отакако ќе направеше беља сама си одеше право в ќош и си се смееше Не знам дали тоа помогна да се смири скроз но дефинитивно почна да прави разлика меѓу работи што треба и што не треба да прави.
Ехе ама има разлика од пред 10 години и многу пред тоа, еве јас основно имам завршено пред 25г. Стоење во ќош беше нај минимална казна, со прачки не маваа по раце, имаше една наставничка што секој втор збор и беше скотови едни Мило ми е што сега не се практикуваат такви "воспитни" мерки.
Каква дисциплина ќе воведете преку надредено однесување? Детето прави грешка, и вие одма:"Оди во ќош!". За што да размисли детето тие 5 мин. додека е во ќош и зјапа во под, таван или ѕидови? Дека погрешило? Па ако е мало 3-4 години, што ќе размисли? А и поголемо? Само ќе си ја намали довербата. Строгоста има правилен начин преку која да се покаже, ама казна во никој случај не е една од нив. Методот "казна или награда" еве уште не можам да го разберам, голема сум. Никогаш не сум била казнета, никогаш не сум имала забрана за нешто. Ниту пак сум била наградена за добро однесување. Се' што сум правела и добивала било дел од нормалното однесување на мене и моите во секојдневието. Лично, кога некој ми налага нешто, без претходно да укаже преку нормално однасување, нема да променам ништо. Прво, логично е кога нема "зошто?", а второ- оти сум критички настроена и бирам совети дали и зошто ќе ги прифатам. Само револт се пројавува.
Нормално дека ќе му кажеш зошто е казната. Мора да имаш надредено однесување спрема дете, во рамки на здрав разум, се разбира. Не може да прави се' што ќе му дојде на памет.
Не мора. Не треба додуша. Сум имала искуство и со двата третмани, каде некој ме третира како еднаков на него во склоп (и покрај) возраста, и некој кој цело време се однесуваше како јас да сум подредена на неа. И ако добро прочита, за втората персона веќе зборувам во минато свршено време. Затоа што само таа се однесуваше со мене на тој начин. Никој друг близок во ниту една ситуација не ме потценил никогаш. Авторитет така не се добива.
Затоа пишав во рамките на разумот. Не да бидеш цело време доминантен со детето, туку да го научиш на граници, а воедно да не го осудуваш за се' и сешто, туку отворено да разговараш со него, соодветно на моменталната возраст.
Ни во рамките на разумот. Се' зависи од детето, да, знам дека јас сум исклучок сама по себе, ама моето воспитување имало неколку фази, негативни со позитивни, и врз основа на тоа знам што зборувам од лично искуство. Кога се губи балансот, се губи и односот. А нема баланс кога некоја страна покажува надмоќ. Било родител или дете во таа врска. Треба сите да бидат на иста бранова должина во една врска. И онака никој не може да постави граници на друг, па така и родителот на детето. Децата обично ќе (сакааат да) пробаат се', и ќе пробаат да го остварат тоа по секоја цена. Кечот е кога се на пат да направат нешто опасно или не правилно, да можат сами да проценат какви се последиците. Тоа може да се случи ако претходно некој им објаснаснил на некој начин што, како, зошто, и после им дал слобода да бидат самостојни. А кечот тука пак е, тој "некој начин" да биде "со убаво", оти луѓе се засегнати, не некои примитивни суштества кои не знаат да мислат и комуницираат. Односот со родителот треба да биде здрав, за да може да превнтира нешто да случи на неговото дете, или ако се случи, да може да побара совет и помош дома. Тоа значи и авторитет да има родителот, ама истиот нема да биде стекнат со страв, а со доверба. Што истото нема да случи ако детето не верува и не ги почитува родителите, за да ја има таа опција да се обрати кон нив. Ако знае дека ќе добие некаква казна, нема причина да каже. Казната не е решение, дополнителен проблем е. Макар била и "Оди во ќош!"
Првенствено сум за разговор за укажување на грешката. Во краен случај само би го пратила во соба, ама не повеќе од 5 минути. Во ќош не. Кога мајката ќе одлучи да го казни детето на некој начин, детето тоа го сфаќа како мама не ме сака затоа што сум лошо дете. И детето сака да се поправи за мајката да го сака. На децата важна им е љубовта што ја добиваат, ова многумина го занемаруваат. Затоа, посветеното внимание преку кое детето ќе ја почувствува таа љубов е многу важно за неговиот развој. Разговарајте. Не само да му залепите шамар, да го удрите по газот и да го испратите во ќош.
Каков баланс има во: Како би се почуствувал родителот ако позициите се заменети на пример? Детето вика на родителот: "Оди во ќош!"? Тоа се однесува надредено спрема родителот, во рамките на она што тоа подразбира под здрав разум, се разбира... Поента?
Не го испраќаш во ќош на секои пет минути. Само во случај да повторува нешто ризично, иако веќе си разговарал/а со него секој пат кога ќе ја направи грешката. Под грешка подразбирам, загрозување на сопствената безбедност (пример).
Не го испраќаш на секои пет минути, аха. Еве родителот е дијагностициран со некое заболување на дишниот апарат и пуши, детето кажува дека не треба, објаснува што, како, зошто, ама родителот не го променува однесувањето. Следно, треба да го прати родителот во ќош, така? Едит: И што следува после одењето во ќош, исто ме интересира?
Кога ќе си полнолетна, имаш право да пушиш. Методава е за мали деца... до кај 9 години максимум. После тоа не верувам дека би делувала нешто значително.
Ама нели баланс, сите личност во врската да се третираат како еднакви, на иста бранова должина, со убаво да се објасни, луѓето можат да мислат и да комуницираат, имаат исти права... каква врска имаат годините со сето тоа? Значи, поентата со "меркава", која е?
Како 'еднакви' сите луѓе да се? Имаат права децата, ама медицински е докажано дека не се способни сами да донесуваат разумни одлуки. Ако не, ќе беше во ред, од раѓање да ги оставаме сами да се грижат за себе. До 25 години се развива фронталниот кортекс. The development and maturation of the prefrontal cortex occurs primarily during adolescence and is fully accomplished at the age of 25 years. The prefrontal cortex (PFC) is the cerebral cortex covering the front part of the frontal lobe. This brain region has been implicated in planning complex cognitive behavior, personality expression, decision making, and moderating social behaviour.