Сите имаат еднакви права, да. Децата се деца, и родителите треба да ги воспитуваат без да им ги прекршуваат нивните. Казните како такви одат против нив, почнувајќи од тоа дека родителот ги изречува. А казните не ги спречуваат опасностите да се случат, така? Значи нема поента оваа "воспитна мерка", како и сите други од овој калибар, како и оваа дискусија со тебе повеќе.
New study says time-outs for children have an unwarranted bad rap Steps for Using Time-Out Timeouts get a bad rap, but they work -- when used correctly Читај.
Тајм аут не е казна "Оди во ќош!", и може да се изведе на безброј начин. Така да, повторно ќе кажам по не знам кој пат, казнава предмет на дискусија не воспитува. И тука ќе прекинам, за да не преминат мислењата во натегање.
Истото е. Може да е во ќош, во соба, или на 'казнено столче'. Не е во тоа поентата на казната, туку времето од неколку минути кое ќе го помине во 'самотија', само со своите мисли. Никогаш не сум ја применила, ама според сите истражувања, докажано е дека позитивно делува, дури и кај деца кои преживеале траума. Не знам зошто со мене се објаснуваш, кога научно е докажано дека е во ред?
Исто е со тие тајм аути што ти ги напиша, кои за мене се исто еднакви на "Оди во ќош!" казната, и исто не ги поддржувам. Ама не се исти со друг тип на тајм аут, каде на детето му велиш да седне на нештото најблизу до него, и дека ќе разговарате за 2 минути. Ако веќе сакаш да го седнеш и изолираш па да му објасниш, оти и меркава има таргети и не е за сите деца. Во тој случај детето не е заробено од 2 страни, кој е и целиот кеч во оваа "мерка". И тука навистина ќе прекинам, оти ептен го измести муабетот за друга мерка.
Да седни и нема разговарање. Тоа е поентата на казната. Да биде само со своите мисли неколку минути. Ги прочита ли текстовите на линковите кои ги постирав? Остај ме мене што зборувам, прочитај истражувањата што покажуваат.
Напиши на гугл зошто е лоша оваа мерка и ќе најдеш исто толку поддршка за тоа, зашто е лошо за понатамошниот развој и самодовербата на децата. На крајот останува на родителот која страна сака да ја заземе и какви мерки ќе употребува. За мене ова не е ефикасно зашто не сметам дека ќе научи нешто. Како ќе научи дека нештото е опасно? Може само да го направи без да го види родителот за да не го прати во ќош, да ја избегне казната.
Меркава "пали" само кај поосетливи деца што згрешиле ненамерно и стави ги во ќош уште толку да се засрамат и да им набиеш вина дека се лоши. Тие и така за секоја ситница се секираат и преиспитуваат, доутепај им ја таа малку самодоверба што ја имаат со вакви мерки и наречи го тоа -послушност заради стоењето во ќош. Оние другите и така уво не ги боли, не ќош, во подрум да ги ставиш ќе излезат уште подрски и спремни за нови глупости.
Spored zakonot duri i na RM ova e krivicno kaznivo delo so zakon,ili psihofizicko nasilstvo koe kaj nekoi deca moze da predizvika pogolemi posledici ponataka vo razvojot na psihofizickoto i mentalno zdravje na deteto.
Еве јас ви кажувам после искуство, уште ми е жал за тоа што го направив. Веќе не ја праќам у соба. А ја пратив оти шлапкапе по барички, дозволено, заврши и влеговме дома. По 4 мин излезе без чизми у март и по чорапи пак почна. Ја вратув, ја пресоблеков, објаснив дека ќе се изразболи. Додека одев да фрлам валкани алишта слушам пак отвора врата, викам, пак одиш у вода??? Неееееее. Се враќам пак цела жива вода. Ја пресоблеков и и викам, сега оти не ме слушаш и ме лажеш, казна, сама да седиш у твојата соба. Мислев дека ќе си игра, и дека нема да излегува, не дека ќе се казни со тоа што ќе седи тажно на кревет. Не ни плачеше. Уште еднаш такво фацле да видам... не. Следен ден и викам, еј немој... нешто. И она, пак ќе ме пратиш сама у соба?? Јок јок У градинка, така фи казнуваке кога се тепале, гребеле... мојава вука дека она умна и никој не го тепа. Затоа не ја казниле. Ама таму се повеќе деца, секакви, и мора понекогаш така. Дома не.
Не се сеќавам во која тема, имаше дискусија за тоа дека деца кои правеле бељи во градинка биле ставани во посебно креветче кое било нарекувано "затвор". И сега ќе го кажам истото што го реков и таму. Ние возрасните не крадеме, не тепаме, не убиваме зошто за оние кои не ги почитуваат општествените закони постои казна затвор. Ако не постои казнениот систем, сите би возеле со 170 по улица, би земале нешто туѓо секогаш кога тоа би ни одговарало, многу работи би правеле само затоа што ни се може. Можеби не сите, ама повеќето немаат толку јака совест за да не прават погрешни работи само затоа што не е културно. Има зошто е измислена казната. Ако јас од утре решам гола по улица да шетам, прво ќе страдам сама зошто може ќе се разболам, а после ќе ме уапсат и казнат за нарушување на јавен ред и мир. И немам никаков проблем моето дете да сфати од најрана возраст како функционира светот. Не ги ставаме на пуст остров со диви волци 5 години. Ги ставаме на безбедно место неколку минути за да сфатат дека тие дејства за кои претходно биле предупредени дека не се во ред, а продолжиле свесно да ги прават, имаат негативни последици (во случајов наместо да се забавува со играчки и другарчиња, ќе се досадува само, дали е во празно креветче, досадна соба или пред бел ѕид не е битно).
Постарите генерации ми кажувале дека во училиште ги казнувале така. Јас дури учев неколкупати ставија мој соученик во ќош.Воопшто не даде никаков резултат казната освен бес. А за дома да ставаат дете во ќош не ми ни паднало на памет сега читам. Многу е лошо да имаш едно или две деца па да ги воспитуваш со праќање во ќош.
Во градинка кога се не мирни ги ставале на СТОЛЧЕ, и да гледаат како другите си играат а детето мора да седи. Сепак, ќошот е без-излез ситуација, кога ќе те стават дс немаш видик а позади грб сите се смеат. Незнам, до сега не сум го применила, имам мирно дете, со збор може да се разберам со него. Ама големите кога беа мали и цел ден да седеа во ќош, џабе ќе беше. Толку многу се тепаа, што во текот на денот морав да ставам меѓу нив бариера...дали столови ќе наредам, па дури и во различна соба сум ги ставала за да не се степаат (ама крвничко тепање беше) и пак не помагаше ниту една метода. И до детето е изгледа. Како тоа ја приема казната. Малово сега, за грешка да го ставам во ќош, мислам дека ќе го пореметам, осетливо е и внимателно. Знае да збесне, ама сепак оваа метода ми е пре строга. Можеби во моменти на збеснувачка тајм аут со подвикнување е подобра варијанта отколку ќош. Сега сум на ова мислење , за претгодните сум заборавила како беше (да имаш бесни деца).
Јас не гледам разлика дали гледа во ѕид или седи на страна на столче ко грев. Иста е целта. Не го поддржувам ниту едното, ниту другото.
https://motika.mk/majka-koristi-smi...i-veli-deka-e-poefikasno-otkolku-da-go-kazni/ Ова звучи интересно и е нов пристап. Не мора да значи дека делува кај сите деца еднакво ама вреди да се проба.
Воведниов текст има “вообичаени грешки при примена на методата” Вообичаена грешка е само примена на методава, убаво кажа @referentka ниедна репресивна метода не треба да се применува кај деца, точка. Time out е друго, се применува кај големи деца кои дел од емоциите можат да ги процесираат и се дава простор за да се осамат и размислат во удобноста на својата соба/кревет. Кај малите деца time out може да се сфати исто како казна, баш затоа што причините за да ги ставите во ќош се од едноставна природа која вика дека нивниот мозок не може да процесира толку емоции, информации и стимулации кои секојдневно ги доживуваат, па имаат тантруми и слично