1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Оди во ќош" како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од edna_malecka, 16 јули 2020.

?

Дали ја користите оваа воспитна мерка?

  1. Да

    5 глас(а)
    8,2%
  2. Не

    56 глас(а)
    91,8%
  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Реалната слика е дека сега децата ги ставаат и родителите и наставниците во кош |(
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека е правило тоа, колку што има деца растени да станат нарцисоидни (дел од тоа е она најубаво или најпаметно на светот), толку има и инхибирани од претерани споредби со други деца од кои истите се повредуваат
     
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Сакав само да го доловам моментот дека денешните деца се премногу каприциозни, кренаа паника што детето ќе постоело една минута во кош, а никој не крева паника што растат хистерични деца што се дерат на се и сешто ако не го добие тоа што го сака, дете што крева рака на родител, сосема во ред да ги тепа другарчињата во градинка тогаш е живо и пргаво а не е немирно според родителите кои го научиле дека тоа е во ред, родителите може не се свесни ама некаде имаат многу потфрлено во воспитувањето на денешните деца.
     
  4. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Повторно не би рекла дека е паника да се крене свесност за методи на воспитување од тој тип (со казна) кои докажано прават штета на емотивен развој кај мали деца.
    Скоро секое дете во некоја фаза знае да стане “хистерично” тоа за нив е начин да се изразат, не можат да ги артикулираат реакциите како возрасен (не дека и на возрасни ова не им се случува), тоа “за да добијат нешто” по мене е реален проблем кај многу родители кои не знаат односно не знаеме да поставиме јасна граница за тоа што и кога може или не може.

    За да детето е дисциплинирано, потребно е родителот да има константност во рутината, однесувањето и во поставување граници, не сум го постигнала ова на секое ниво, ама точно знам кои добри навики на детето му се резултат на мојата постојаност, а и кои лоши (на недостигот од постојаност).
    Па така, како што јас знам да се развикам дома, фрустрирана дека се ми излегло од контрола, така и разбирам дека мало дете може да се развика на улица кога не се исполнети неговите очекувања, за тоа не е детето хистерично и не треба да се казни или засрами (ова само како пример).
     
    На Lolipop23 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Во ред е не реков дека се согласувам да се применува оваа дисциплинска мерка, јас не сум родител сеуште, не знам која дисциплинска мерка би ја применувала јас доколку бидам родител, бидејќи и моите родители не ја применувале оваа дисциплинска мерка за мене така да не би можела да кажам како може да влијае на психологијата на детето, но детето мора да научи да го разликува доброто од лошото. Можеби на денешно време е нормално детето хистерично да се однесува до траќање од земја само за да го добие тоа што го сака, но за мене не е нормално, сите сме биле деца, еве конкретно ние кога сме растеле како деца, може и сум се лутела и сум сум плачела ако не го добијам тоа што го сакам ама моите никогаш не ме казнувале, доволно било само да ми речат со збор и да се разберам. Друга работа е што децата сега немаат почит спрема родителите и родителите немаат авторитет над децата, па како кога едно дете не го слуша родителот да ги почитува и другите луѓе околу себе, и што кога во фамилија со две деца едното од што е "живо" го малтретира другото детенце и писхички и физички а родителот крева раци не превемајќи ништо во врска со тоа, не знаејки како да го смири детето и се вади на тоа дека детето е живо и пргаво. Потоа истото дете продолжува во градинка да се однесува исто со другарчињата, да ги штипе, да ги гриза, и кога ќе те повикаат воспитувачките ти да кажеш па таква му е милоста, а не сакам да мислам па понатаму тоа дете во што ќе израсне. Сметам дека сепак родителот треба да пронајде начин да го дисциплинира своето дете, па макар и ако треба да го казни, доколку не знае како треба да побара помош од психолог, сепак децава денеска треба да научат што е добро а што не. Друг момент што го имам приметено кај децата е што надвор кога ќе испаднат не знаат да си играат, ни со топка, ни со играчки, се однесуваат како да испаднале од некоја дивина си играат со камења, фрлаат на сите страни, ги бркаат животните , ги маваат, никаква емпатија немаат кон ништо, затоа велам многу потфрлија родителите во воспитувањето на децата, што дури ме застрашува фактот во какви луѓе ќе израснат овие деца.
     
  6. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    @Guns N` Roses
    Во секое време е нормално детето така да реагира, кога си била дете не си го приметувала тоа како нешто лошо или си го правела и ти, сега како возрасна имаш очекувања, дека децата треба да знаат како да се однесуваат и како да си играат и верувај ми дека ако го задржиш тој став ќе ти одмогне кога ќе имаш деца, и ќе се преиспитуваш како родител каде грешиш, а ќе грешиш ако го казнуваш детето кога има големи емоции, изливи на бес, тантруми итн.
    Освен што имаш очекувања за децата гледам ги судиш и родителите дека потфрлиле, немој толку да брзаш со оценка, напротив јас гледам деца кои знаат да си ги искажат емоциите, гласно плачење или жалење за се и сешто не е одлика на невоспитано дете, туку на дете што се искажува (а што ќе добие од тоа што го бара е оставено на родителот) за разлика од постари генерации растени со “ќути срамота е”, казни и ќотек!
    Игра со камења се препорачува за развој...
    постои возрасна граница кога децата учат на интерактивна игра со други деца...
    повредување на животни не само како родител, туку и како случаен минувач реагирам
     
    На Lolipop23 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  7. __cataleya___

    __cataleya___ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2017
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Растев како мирно дете, бев емотивна и на моменти повлечена. Родителите никогаш не применувале вакви воспитни мерки со мене, но уште го паметам моментот кога во 6то, 7мо одделение кога првпат искусив ваква казна.:D

    Штотуку беше завршен одморот, бев наведната накај клупата ваѓав книги од ранецот ги местев, кога еден мој соученик од тоа време, целиот збеснат, понесен од хормоните на 13 годишна возраст, ме плесна по газ на поминување. Се свртив и дигнав рака сакав ваљда да му залепам шамар:D, и во тој момент влезе новата наставничка (патем повозрасна, околу 50 и нешто години), ме затекна разлутена во таква позиција и ме прати в ќош. Цел час. Додека мавачот на газови си седеше на прва клупа и добиваше пофалби за неговата послушност и смиреност.:?: