1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одлука (Николас Спаркс)

Дискусија во 'Книги' започната од ana.8, 23 февруари 2013.

  1. ana.8

    ana.8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    51
    Да де, знам, секој кој прочитал макар една, две книги од Николас Спаркс го завзема ставот дека тоа е неговиот омилен писател на сите времиња. Не велам дека не е така, па јас сум секогаш прва за да кажам илјадници убави зборови за него. Тој е еден од моите топ 3 писатели, но немојте да ме сфаќате погрешно, тоа не значи дека сум пристрасна, јас сум секогаш искрена со Вас на оваа страна. Искрено, 99% сум сигурна дека ова ќе биде следниот холивудски хит кој ќе се сними по книга на Спаркс.
    Ова е една навидум обична љубовна приказна како и сите други, но кога ќе ја прочитате и последната страна и кога ќе видите дека сите паломи, крпи, тоалети, мокри се расфрлани по Вашата соба ќе сфатите дека ова НЕ е уште една love story како останатите.
    Травис Паркер има сè што човек може да посака. Тој не е милионер, не е женет, но неговиот живот е авантуристички и исполнет. Има верни пријатели, куќа на брегот, работа која ја сака и целосно ужива во својот живот и во ставот дека сериозна врска само би го попречувала неговиот начин на живот. Ова се менува кога негова сосетка ќе стане Габриела.
    И покрај тоа што тој е претерано љубезен таа изгледа дека има нешто против него и е бескрајно дрска и безобразна. Меѓу другото таа има момче.
    Книгата е поделена на два дела, како пред и потоа, но совршено е јасна. Текот на книгата, односно ПРЕД делот, во вози како некоја забавна, позитивна романтична комедија, а во ПОТОА делот работите се менуваат. Не сакам да откријам премногу, сакам и вие да уживате во оваа приказна како што уживав и јас.
    Од каде до каде ќе стигне нивната приказна, читајте и размислувајте како овој човек успева over and over again да создава вакви неповторливи книги.
     

    Прикачени фајлови:

    На jelena.rozga и nati44 им се допаѓа ова.
  2. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.147
    Ова ми беше втората книга прочитана од Спаркс (се разбира првата е Страници за нашата љубов). ја обожавав секоја страна, едвај чекав да видам како ќе заврши, иако претпоставував дека ќе биде така. Една од омилените книги ми е.
     
    На jelena.rozga и ana.8 им се допаѓа ова.
  3. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Лани летото ја читав книгава на плажа. За само неколку дена ја прочитав, многу ми беше интересна и упорно сакав да прочитам уште една страница плус. Многу добар впечаток ми остави и ми ја врати вербата во љубовта. Ја препорачувам на сите љубители на добра, лесна книга.
     
  4. ivy531

    ivy531 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    10
    Лани летото ја прочитав книгава.Многу е убава, па за сите оние што размислуваат која книга да ја земат еве ви добар предлог.. Уживајте во секој нов лист од книгата. поЗ
     
  5. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    и јас ја читав лани летото додека бев на одмор. Прекрасна книга за на плажа едноставно не ја оставате додека ја прочитате.
     
  6. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    205
    Одлична книга! Можеби најдобрата која што сум ја читала од Спаркс! Човеков е чудо!!!
     
    На Mese4ka92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. untitled12

    untitled12 Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    31
    прекрасна книга.. дали е базирана на вистински насин кој НИколас Спаркс го забележал ?
     
  8. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Прва книга од Спаркс што ја прочитав беше Чекори за сеќавање. Книгава ми остави доста добар впечаток за да прочитам и нешто друго од Спаркс. Па од библиотека ја земав Одлука, потоа ја прочитав и Страници за нашата љубов. Спаркс пишува на некој уникатен начин, доста талентиран човек е.
    Мене најдобар впечаток ми остави Чекори за сеќавање, книга што ќе ја запаметам.
     
    На My name му/ѝ се допаѓа ова.