Дај Боже да се породам природно,да не морам на царски, страв ми е од анестезии,не велам дека и природно не ми е страв ама сепак ... не сакам да го пропуштам тој момент
Jас се договорив со бабицата,ако се е во ред прво ке пробаме природно,но ако ептен немозам да ги издрзам болките тогас ке ми дадат епидурална,цели 10 минути ме разубедувасе дека нема да ми треба епидурална и дека подобро е да не ја земам,но познавајки се самата колку многу не трпам болки не верувам дека ке ја послусам
ве молам доколку има некоја поискусна на оваа тема,,ми треба совет...теминот ми е на 01.12....плодот е добар,плодова вода има доволно...но матичниот ми закажа за во болница на 20.11...доколку има услови да се породам со повокација...откако размислив сфатив дека нема потреба,,,но тогаш бил тој гинеколог на смена што ги пуштаат пациентките кај него,па за тогаш закажаа....а јас би сакала кога ќе ми дојде за ѓпораѓање тогаш да одам,,а да дојде тој гинеколог да ме пораѓа...многу сум збунета...ама по тоа што сум слушнала за индуцирано породување не би прифатила пораѓање на ваков начин,,само доколку има потреба...
Колку што сум читала пораѓајот со провокација е поболен од спонтаниот... Не ми е јасно кога се е во ред ,да те пораѓа кога му текне,сигурно е за личен интерес Разговарајте уште еднаш,кажи го своето мислење и најдете заеднички јазик или смени го
Јас ти препорачувам да не земаш епидурална анестезија. После породувањето ќе имаш последици од неа. Сепак се работи за анестезија која што се става во 'рбетот, каде што е најризично.
моја беше одлуката за царски, сакав бидејќи полагав испити, а тогаш ми беше и последниот термин за породување, па викам ајде порано царски, се породив во 37 недела, во договор со докторот... и на последната конторола покажа дека бебечето е завртено карлично, така да сакала нејќела, ќе морало царски
fifi16 си била 37 недела кога си се породила царски , бебето можело до 40 недела да се сврти со главчето надоле ! како и да е... ваш избор
Свашта. Мене воопшто договарањето на царски ми е толку глупа работа, што не можам да се изначудам. Природен процес попречувате, одлучувате за цела една судбина. Као фејслифтинг да си закажуваш или што знам. Па уште и за испит бре... баш ме интересира како изгледа одење на испит со тазе царски и мало бебе.
Во МК? Нема. Единствена опција за пораѓање е во болница, на бокс. Многу сме заостанати во таа област. Дури сега почна да се воведува таткото да биде со мајката и тоа само последните 2 саати, и тоа во СК, а за др градови не знам. Тука немаш водено пораѓање во болница а не пак дома.
Нема. За жал нема ниту некакви организации, собиранки, по кои ќе се бараат некои права. Дури и да посакаш нешто поинакво кај нас (дула, породување во вода, дома) ќе те направат будала, ненормален. Ете, толку сме прости и заостанати. А, и самава држава ни е многу назад за овие работи. За жал и засрамота. Во соседна Србија веќе започнаа со породување дома и со дули. Наголемо се интересираат жените и си го олеснуваат породувањето. Моја братучетка која е мажена во Америка се породи во базен и искуството кое го опишуваше е неверојатно за слушање. Не кукање како кај нас.
А за мисли на овие часовиве што одев за трудници ни кажаа дека имале бабици од Англија дојдено за да им покажат како е таму пораѓај, во тероија и пракса, и овие нашиве им се чуделе. Не им било јасно како е можно само обична вода да се полни базенот, им изгледал нечисто водата дека имала необичаена боја. И им кажале дека веќе подолго време не бараат од жените да бидат средени доле затоа што нема потрба. Е како можело тоа, било нехигинески, можело некоја бактерија детето да закачи бла бла бла Абе живи глупости, слушам и им се смејам во себе. Часовите беа навистина добри ама ова навистина огромна глупост. Да може јас би се пораѓала во базен
Сестра ми има една другарка која што го закажи царскиот 2-3 недели порано од термин бидеќи бебчето многу му кревало на тежина и не сакала да роди дебело бебе!Јас ваква останав...Боже господе,што нема...
^ Замисли свекрвата ти рече, снајке ај помести сепак царскиот еден ден, тогаш имам закажано минивал, тамам за мекици да будем госпожа, средена, со нова фризура! Уште не можам да се помирам, уште. Ради испит. ИСПИТ!
некои жени кога не можат природно се породуваат царски за да не се доведе во опасност животот на бебето.А некои го доведуваат во опасност животот на бебето и тоа им е како од заебанција,ради ИСПИТ(читај крај на светот) Боже Боже што не ке слушнам
Ne e ni smesno, kretenki nikakvi sto li se zamisluvaat! Nekoj ke moli za bebe, nekoj ke se poragja so carski za ispit. Se izremeti svetov, i Gospod ke krene race od nas!
прво, секој има право на избор, така избрав ЈАС и што ќе беше за густо сите да мислевме исто... инаку беше баш добро, ем породена со бебенце во раце, радост, ем положена, ем не се замараш во 3 година дали ќе положиш испити од втора или нема... се наредено