Си се породила во 37ма недела царски по твоја желба . Јас не го раѕбирам она како мајката ке одлучи така. Полесно е да не се мачи , царски .... Ама ова само во Мк го има . Нигде на друго место Катастрофа
А што е со кретенскиов кометар?!? Да глупо е некој природен процес да поремети ради едно полагање испит и мене ме зачуди таа одлука ,ама мислам дека вакво паметување и навредување не е потребно. Доволни беа иронијата и сарказмот упатени према извесната феминка па сувишно е кретенското навредување. И не знам од каде поврзаноста на немањето деца и пораѓањето со царски рез. Или битно е само нешто да се тропне. И да никад не би се порагала пред време само ради испит,ради прослава,ради одење на годишен одмор или зимување. Глупо е и непотребно. Особено не би се сечела и обележала со лузна на стомак доколку пак ке кажам нема потреба од такво нешто. Секоја операција и анестезија сами по себе се ризик а јас не сакам својот живот и животот на нероденото бебе да го ризикувам. Мене само едно не ми е јасно како успеа да се породиш,со рана на стомак да офкаш ,за месец дена да одиш да полагаш и бебе да чуваш. Моето скромно познавање од анатомијата на човечкото тело вели дека тоа е неизводливо. Особено со рана да се движиш во факултетските ходници. Али ај што знам јас...
со многу труд ќе успееш, јас полагав после 15-тина дена, пред да се породам имав научено се, после само за бебечето се грижев, и пред да полагам само повторував и толку... тогаш веќе одев, станував, во болница станав после 8 саати од кога се породив... само волја и труд и тоа е тоа не знам дали си раѓала или не и како, но само тие кои што раѓале царски знаат дали е лесно или тешко и ќе речам пак, секој има право на избор, тоа беше мојот, а кога ќе раѓате вие, вие ќе си одлучете како и како би било најдобро за вас, јас така сметав дека е најдобро и затоа тоа го направив, и тоа не ме прави помалку или повеќе мајка, битно детето е родено живо и здраво, другото што и како е било моја работа, а не ваша...
^Во ред секоја одлука си ја носиме самите. Јас лично дополнително бреме и тежина на свој грб не би си ставила само за една 6ка во индекс. Сесии ке имам милион ,здравје и нерви имам едни. Толку.
Jas ne sum od tie sto tropaat. Si stojam na sekoj zbor kazan tolku vreme ne forumov, i sum pocituvan clen. Nema nisto po zaostanato od izbor za porogjaj! Od kade bilo koja od nas znae koj e podobar nacin? Toa go kazuva situacijata, a ne mojata zelba ili strav. Momentot koga ke dojde Ima profesionalci koi poveke znaat od mene i ke kazat kako treba, a ne jas da si biram. Posle tolku cekanje na ova dete, posle tolku komplicirana bremenost, posle site sansi da ne dojde detevo na svet, znam sto zboruvam koga ke kazam deka e totalno nezdravo da se stavi nekoj pred bebeto. Ako sakaat na zivo neka me derat, toa ke pomine i ke bidam majka zasekogas! Ako sum pis na usta za nesto sto smetam deka e glupo, ne znaci deka sum prosta. Koj se luti, neka mu stoi, javen forum, sekoj ima pravo na mislenje. I da, pak ke recam, kretenski e da mozes da rodis prirodno, a da odberes carski. Ili barem da probas dali mozes, zatoa sto posle eden carski, najcesto i ostnatite poroduvanja se takvi, a toa e poteskiot izbor! Operacija e toa, a ne pat do slatkarnica! Se izvinuvam na latinicata, sledam od mobilen.
Па и не е рана отворена на стомак за да не можеш да се движиш ,па и јас си дојдов од болница и ја зедов правосмукалката затоа што двајца мажи дома останале колку и да внимавале пак не успеале во тоа ,па ништо не ми бидна.Индивидуално е тоа и само твое право како ќе одлучиш да се породиш па макар тоа било и да е за да полагаш испит.Твоето познавање на анатомијата е погрешно,изводливо е се верувај ми .........двете ми се така родени не по моја желба ама мораше,ама и ги разбирам и тие што сакаат да родат со царски и ако можат и природно тоа не ги прави помалку мајки или помалку ПОЖРТВУВАНИ мајки од останатите.
^Во ред затоа и реков дека имам скромно познавање бидејки ниту сум доктор ниту сум медицинско лице. Тргам по тоа еден заб да извадам дека цвичам дома ко у најмања рука душата да ми ја извадиле ,а не па некоја таква покомплицирана операција. Некој со царски рез утре може и маратон да истрча после 5 дена некој ке лежи во кревет тие 5 дена. Пак ке кажам непотребно бреме на плеќи не си ставам. Ниту испитот ниту куќата нема да ми избегаат.Тука ке бидат и утре. Не дај боже здравјето ако еднаш го зезнеш цел живот скапо ке го плакаш.
Не осудувам, ама не разбирам. Јас не одам на факс и на предавања затоа што ми е во друг град и не сакам да патувам до таму. Тоа значи дека ќе имам заостанато со 1 или 2 испита, а верувајте ова ми е многу важно затоа што ни на додипломски на на постдипломски немам прошуштетно ниту еднаш да појдам на испит. Значи знам колку е важно да завршиш факс, и верувам дека и психички и физички сме способни да го направиме тоа иако сме трудни ама не гледам итност тоа да се прави и по секоја цена. Како и да е се согласувам дека секој има право на избор. Како што секој има право на мислење. Така слободно можам да речам дека воопшто не ми се допаѓа тоа што за да полага испит една мајка се одлучила на царски. Ама пак ќе речам нејзино право нејзин избор. И не ми е јасно ова, по болнициве викаат нема царски рез по избор ама излгеда сепак има Конкретно за одлуката за пораѓање, имам пишано. All natural Без анастезии без ништо.
ako ima sansi prirodno vo voda... sepak kakva situacija ke dojde i Bozja volja...inaku za carskiot da kazam edna moja prijatelka carski porodena posle dva saati stana i toa sama sto duri i doktorite i se cudea...sekoj organizam e razlicen
Jas razmisluvam za carski bidejki sum 34 godini i seplasam istovremeno od moznite komplikacii pri samiot poragaj zosto za ovie 7 meseca se iznaslusav na storii poveketo strasni kako na pr. kaj nekoj papocnata vrvka se zamotalai go zagusila bebeto, i tn i tn da ne nabrojuvam no sepak ostavam prostor dokolku dr me ohrabrat i mi velat deka se e vo red moze i ke se predomislam, imam uste celi dva meseca do togas so Gospod napred
Немој да слушаш други. Размислувај за тоа кога ќе дојде денот. Ти препорачувам да се породиш природно. Нема врска тоа што имаш 34 години. Моја братучетка се породи природно на 35 години. Компликации може да се јават и на порана возраст.
Имам братучетка што на 42 години се породи природно без никакви проблеми. Годините немаат врска со природно или царски.
mene i ginekologot mi rece deka deteto go nosam karlicno i do 36 nedela dodeka ne se svrti ke treba carski, sto bide neka bide vazno e da si go rodam bebusot i da si go drzam vo raka
Бебињата често ја менуваат позицијата и пред пораѓај така да не се секирај за тоа. Ти чекај си, гледај и слушај докторите што ќе ти кажат, кога ќе дојде време ќе знаете која е подобрата опција. Не си создавај стресови мислејки на тоа сега. Самата си кажа најважно е да го држиш бебушто во рака