1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одлучност/неодлучност при купување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 21 март 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Кога шопингувате колку сте одлучни или неодлучни при купувањето.
    Дали секогаш пробувате во гардероба облека? Или сте од тие што од видик купуваат.
    Дали брзате што побрзо да пробате и да искочите?
    Или со саати може да се фрцкате во гардероба. Па се гледате уште саат време на огледало.
    Внимавате ли дали има ред пред гардаробата или гајле ви е, дал ќе сте 5 минути ил 30 минути нека си чекаат другите.

    Јас лично се нервирам кога чекам пред гардароба а некоја 1 саат се гледа под секој агол и ...
    Да го купам? Да не го купам? Ќе го купам! Не. Не бе не ми стои. Или да го земам? Ама немам на што да го комбинирам бе. Не го зимам. Ај го зимам, спремајте ми за наплата. Ејјјј не! Не го зимам. |(

    Колкава е вашата одлучност. Што прашања си поставувате пред да купите нешто. Материјал? Боја? Комбинирање? Дал ви стои?
    Нормално купувањето свечен фустан е покомплицирано од една блуза, но некои луѓе комплицираат и за чорапи :)

    Колку просечно ви треба за да купите нешто?
    Барате ли совет од продавачката?
    Дали ви се случило да се предомислите, да речете ќе го купам па ќе се предомислите. Или обратно во последен момент сте решиле да го купите.
    За што сте најмалку одлучни при купување (чевли, фармерки, фустан, чанта...)?

    А се случило ли некогаш да отидете дома и да се "изедете" oд мака, сте требале да го купите тоа. Или обратно сте си отишле со кеси дома и сте рекле не требаше да го земам, џабе си ги истрошив парите.
    На женската неодлучност некогаш и нема крај :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Јас сум многу неодлучна особа кога станува збор за купување гардероба :) Едно парче немам купено да речам ми се свиѓа и го купувам.Прво морам да прошетам низ сите бутици да видам што има,да го пробам тоа што ми се допаѓа и на крај одам на кафе па решавам што ќе купам :lol: Во гардероба не се задржувам многу долго и не се мислам пред огледало 3 саати зошто нема смисла 10 девојки мене да ме чекаат.Најнеодлучна сум кога станува збор за фармерки,ама некако во последно време ептен ми се погодени моделите на Манго и Мотиви па сега и тој избор го завршувам побрзо отколку вообичаено.До сега сум се покајала за неколку парчиња зошто не ги имам доволно износено,а никогаш нема да ги преболам едни чизми што ми останаа во срце ама немаше мој број :)
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Зависи до расположение, кога сум нервозна купувам на прв поглед, и кога ќе стигнам дома неретко си велам -Што по ѓаволите јас купив? И го носам еднаш или двапати колку да не стои за џабе, и толку...А некогаш (многу ретко) сакам да се тегавам и да пробувам и пробувам дур не и го кренам притисокот на продавачката, но ако заприметам дека е неуслужлива или е при крај со трпение го напуштам бутикот...
    Не ми смета ни кога некоја саат време се мисли дали да купи, лоши времиња де, не се купува секој ден па мора да е како што треба...Не прашувам никогаш како ми стои затоа што никогаш не сум слушнала некоја од продавачките да ми каже-Лошо ти стои. Секогаш те убедуваат (барем таму јас кај што одам) да купиш, па како прекрасно изгледа на тебе, дури и кога е ептен очигледно дека не личиш на ништо...
    Во главно, знам што би носела а што не, но ете знам да направам утки и да се покајам...
     
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Во принцип сум доста брза при купување. Однапред знам што одам да купам. Може да се случи да излезе и некоја ситница да си купам во меѓувреме (како денес што покрај сако си ќарив и чанта :lol: ).
    Не сакам да се задржувам во гардероба, сакам што побрзо да завршам, не сакам совети од продавачките. Совршено свесна сум дали нешто ми стои или не.
    Најмногу се задржувам кога купувам фармерки. Никогаш неможам да најдам некои потаман за мојава конструкција, па знам и да се препотам од пробување.
    Е си имам една мана, се сакам да пипнам, да го извадам од рафт и убаво да го видам. Немора да значи дека ќе го купам. И обавезно пред да го платам парчето го разгледувам цело да не има фелер, па дупла работа после. Да се враќам, па дали ќе ми сменат, ако ми сменат дали има исто такво... и така :)
     
  5. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Значи-ако купувам со повод, тогаш тешко мене и сите околу мене. И затоа се откажав од таквите потфати. Сега купувам кога ќе налетам на добро парче и тука сум многу одлучна. Ако се мислам премислувам, ке снема број, ке снема боја, па ке се тешам дека не ми било пишано! А памтам бре и тоа многу.Штом не ми иде некоја комбинација ќе ми текне на фармерчињата, сукњата или штиклите што се мислев ( некогаш) дали да ги купам,по супер цена-ама ете...решив да не го сторам тоа ;(
    Затоа сега сум одлучна, а за тоа како ми стои-си верувам само на себе! :D
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам со еден збор-Многу сум одлучна. :D Ништо не е важно,ако јас го сакам тоа парче -мое е. 8)
     
  7. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Многу сум неодлучна.

    Црвена или бела кошула? Розови или црвени панталони? Бели или сини сандали? Штикла или полна пета?

    Кај ми е крајот со ваков дилематичен мозок :worried: .

    Ама со темава се тешам - не сум единствената со овој проблем :lol: .
    Како помала кога купував со мајка ми и неможев да се одлучам, мислев дека полудувам во вистинска смисла на зборот - дека сум за во лудница (шпанските филмови беа на удар) :x .
     
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Неверојатно многу неодлучна и секогаш после што и да купам си викам може требаше другото :?:
    И многу се нервирам што сум таква, кај ретко купувам уште после тоа да се мислам и да не сум сигурна. Али најчесто добро се завршува. Спремна сум и 15 пати да влезам во иста продавница, 3-4 пати да го пробувам парчето и пак да се мислам. Али реално тоа е баш поради причината што ја наведов, не купувам толку често така што сакам да е убаво, да ми одговара, да го погодам бројот пред се. За утнување броеви сум махер :wasntme:
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Одлучна сум, ретко се каам за купени парчиња, скоро никогаш.
    Не ми треба туѓо мислење, не се потпирам на ничии сугестии, освен можеби на мајка ми, за одредени алишта, како фармерки или сукњички.
    Патем, мразам да правам друштво на неодлучни.
    Чувствувам како нервите да ми ги распослале на даска за сечкање и едно по едно ми ги касапат со тап нож.

    Гледам да се задржам кратко во гардеробата, зашто имам усул и за други купувачи (повеќето немаат). |(
    Пробувам максимум 3-4 работи, никогаш не би тепала време на 10 парчиња облека, па и живот да ми зависи од тоа.
    Додека го гледам парчето, во мислите веќе си кројам со што би го носела, а за бојата немам проблем никогаш.
    Ми требаат 10-15 минути за да купам нешто. Честопати ќе видам некое блузиче на излог, ќе одам да земам пари, се враќам, го купувам.
    Д енд.
    Многу ефикасен купувач сум, не комплицирам воопшто.
     
    На Unfaithful18, Hipster, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Обожавам шопинг ама ефикасен, а не само вртење низ продавници, туфкање и на крај одење со празни раце. Не е правило дека секогаш мора да се купи нешто, напротив не треба, но веќе кога наменски си излезен треба да се искористи приликата.

    Јас кога имам намера да купувам нешто одам сама и ако нешто барам и го најдам во првата продавница од таму и го купувам. Цени скоро и да не споредувам, горе долу знам да ја проценам вредноста на она што го земам и дали вреди за истата и од таа причина не ми се пребарува низ цел град.

    Кога купувам маички, блузи или џемпери во 90% од случаите не ги пробувам туку проценувам од око, ги мерам ракавите со рацете дали ми се добри во должина и одлучувам веднаш дали ги земам или не. За оние парчиња кои се нешто поскапи ги разгледувам само повеќе време да не имаат некои фалинки, веднаш си правам комбинации во глава со што би ги носела и ги земам. Фармерки обавезно пробувам, гледам да ми се комотни, фрлам поглед-два за да видам како ми стојат и решавам веднаш. За чевли сум најлесна, штом најдам бројче веќе 99% од работата е наредена само уште да ги пробам и готово.

    Оние кои се нашле во мое друштво додека сум купувала искоментирале дека не се случува да прошетам, а да не купам нешто. Тоа не е дека обожавам да трошам или да се расфрлам, туку ако начекам добра прилика не се мислам два пати, грабам. Резултат на тоа, имам преголем избор, а реално најголем дел сум ги начекала случајно и земала многу поволно.

    Да, познавам луѓе кои СТВАРНО пребирале чорапи :tmi: :@ со месеци барале кошулче, не можеле никаде да најдат најобични црни салонки, бели патики, па никаде немало убави ташни, па наочари, па ова, па она... Овие ги ставам во категорија "Емоционални вампири" кои сета позитивна енергија ми ја црпат и после шетањето со нив се осеќам како да сум прекопала нива од 6 декара. Мислам, јес дека изборот овде е ограничен, ама побогу скоро се можеш да најдеш ако се решиш.
     
    На tinkerbelll, Hipster, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Веќе со години купувам во Солун.Добро ги познавам дуќаните, има голем избор,а се наоѓаат и прифатливи цени.Не одам често, само за едно парталче.Обично одам два пати во сезона.
    Значи, одам во шопинг наменски и секогаш со точно одредена сума на пари.Обично имам и идеја во главата што точно ми треба, но тоа понекогаш се менува во зависност од тоа на што ќе налетам.
    Најубаво ми е кога шетам сама низ дуќани.Туѓо мислење и сугерирање не сакам.
    Обично правам круг низ омилените продавници и седнувам на кафе.Додека го пијам кафето, правам селекција,калкулирам и пресекувам.
    Се враќам и купувам тоа што сум одлучила да купам.Прилично сум одлучна и ретко правам грешки.Мислење од продавачи не барам.Точно знам што ми стои,а што не.Не пробувам зошто од око знам дали нешто ми одговара по број или не.Исклучок се фармерки и чевли.
    И тоа е тоа.Плаќам и си одам :)
    Во Скопје шетам по продавници,ама чисто од радозналост.
    Повеќе сакам да правам наменски, сезонски шопинг.
     
    На Moira, lolita97 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Купувам нешто што стварно ми се свиѓа уште на прв поглед...изглед, боја, материјал, цена. Ако нешто од тоа не ми штима ич не се ни мачам да го пробувам, всушност тоа и ми е најомразениот дел, да се туткам во пола квадрат простор и да се преоблекувам. И после тоа нема многу баење, или ми стои или не. Просто ко грав.
    Често знам и да не пробувам некои пошироки кошули, маички, џемпери, од око знам дали ми се точни. Фармерки и панталони секогаш пробувам, иако тој дел ми е најмачен. Исто и јакни и чевли.

    Како и да е не сум тип што по три пати ги врти продавниците, па да се туфкам и мислам. Знам каде ми одговараат цените, каде обично си ги наоѓам работите што ми се по вкус, евентуално некогаш може да ме привлече нешто од излог па да влезам.

    Сакам да купувам сама и по можност да не правам друштво. Брат ми и другарките одамна ги отпишав затоа што се невидени влечковци и добивам нервен слом уште во првата продавница, а на крај го губам пола ден, а они не купиле ни врвки за патики. :devil:
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Зависи кога како.
    Некогаш ако видам добро парче,го купувам без размислување.Не размислувам дали имам со што да го комбинирам,а најчесто кога ќе се случи така-немам.Така потоа мора да се купи нешто плус за да се искомбинира :lol: Некогаш се мислам со денови,па кога ќе се вратам ми го купиле :lol:
    Ако нешто ми е многу скапо,гледам да видам дали ќе најдам нешто поевтино соодветно.На мм многу не се потпирам,пошто он за се ми вели дека убаво ми стои :lol:
    Така да кога сум сама,најдобар шопинг имам.
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас сум многу одлучна во однос на облеката што ќе ја здогледам кога идам да шопингувам. Точно знам што сакам, а што не. Е сега колку тоа се прилагодува на мојот буџет е друга работа, али во однос на темава сум одлучна. Едино може за бојата да се замислам малце, па да одлучам после некое време, али еве пример зимава се затерав со кафено и сиво, не знам што тлку удрив мерак на боиве ... :?:

    Па да одговорам со ред:
    - За работи кои треба да пробам за да видам како ми стојат, а тоа се пр. фустанче, фармерки, јакна си пробувам пошто тоа од око не можам да го купам. А за палтенца или слични наметки земам од око, само гледам дали е S и си го земам. :D
    - Mразам да дремам по гардероби, склет ме фаќа кога пробувам 2 работи, повеќе не сум ни пробала, могуче е да падне некоја жртва тогаш. Стварно ме мрзи 2399 пати да се пресоблакам, и да се мрцварам по гардероби, знам додека имав ФБ, имаше едни се сликаа по гардероби со пробаните работи ( :^) ) ... Немам коментар.
    - Совет од продавачката не барам, од старт знам кои се нејзините зборови кога ќе излезам од гардероба, па да цитирам: `Ууууууф што убаво ти стои, ко за тебе кроено, многу убаво, да си го земеш, на се можеш да го комбинираш ...` И тука ми наведува 100 работи, уште да ми влегла дома и да ми покаже со што можам да го носам тоа, и сите среќни ќе си го завршиме денот. :D Така да, зборот на продавачката не ми игра никаква улога, гледам како ми стои, и почнувам да си кројам слики во мозочево со што можам тоа парче да го искомбинирам. :)
    - Како што кажав, одлучна сум и реална, добро не секогаш реална кога купувам. Затоа е тука мајка ми, која ми е вечен сопатник во шопингот, и со неа ги имам купено 90% од стварите, затоа што е многу поискрена од продавачката. :D Остај поискрена, ме знае многу добро, и она одма се убацува со што можам да го комбинирам тоа, пошто она нели ми ја знае гардеробата, за разлика од продавачките. |(
    И нормално, пред да се плати, ќе го разгледа од сите можни агли да не најде некоја фалинка, ја пример залетана сум, ќе си го купам и нема да заприметам дали има, ама затоа она тука ми се наоѓа, и стварно се случило да најде, пошто има остро око за тие работи. :lol:
     
    На Sanniii и Hipster им се допаѓа ова.
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Како растам така се поразумно купувам и сум поодлучна.

    Како средношколка ми се случувало да шетам беспотребно по продавници, па ќе ми фателе око работи за кои сум немала потреба или сум имала слични такви :tmi: Сега не можам да замислам да направам нешто такво.
    Во продавници сум само ако сум заштедила некоја сума па сум решила да се почастам или ако навистина нешто ми затреба-значи, одам за таа и таа работа и не гледам друго многу, многу. Тоа подразбира и дека ако најдам нешто што ми се свиѓа и убаво ми стои го купувам веднаш, не одам да видам што има по другите продавници.
    Не знам зошто, но воопшто немам живци за шопинг со саати во последно време, што значи многу сум брза и ефикасна, абе со мерак да дојдете друштво да ми правите :D
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Прилично сум одлучна кога купувам нешто, а најчесто купувам непланирано (ќе видам нешто на помиување, ќе ми фати око, и толку). Порано повеќе грешев во изборот, купував поимпулсивно, или ќе купев нешто само затоа што ми се видело евтино :$ (си признавам). Одамна ми се нема случено тоа, ама веројатно мора да се стигне до таму преку грешките.
    Е арно ама, имам една пријателка, се, ама со неа во продавница е самоубиство. Првпат отидовме заедно на некој попуст. Мене ми требаше половина час да разгледам се во продавницата, да изберам и да платам. Таа гледаше, ќе фати нешто, ќе го шета низ пола продавница, па ќе го врати назад... Чека ред за пробување со 10 парчиња во рака, па додека чека ми вика „Ова врати го, се премислив“, па јас го враќам, а таа ми вика „А може требаше да го пробам, а, што викаш?“ (заб. Подобро да не знаеш што викам...). Па после чека ред на каса, конечно, си велам, ама не... „А да го вратам ова?“ :yawn: Или „Подобро ова ми стои или она 1265-тото што го вратив?“
    Или, во маркет отидовме заедно... Бира пола саат најмалку шампон и јас се врткам, шетам, ај не коментирам оти, нАли многу е осетлива, се лути мува ако и прелета, и после пола саат ми вика „Ај ништо, не земам сега“ WTF?! А бе малку осет за други... Не викам дека мора да се купи нешто, ама ако немаш намера да купиш, што малтретираш други пола сааат?
    И така... (смајли што воздивнува...)
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Ми ја погоди темава Роси, алал да ти е.
    МРАЗАМ НЕОДЛУЧНОСТ како особина во секоја смисла на зборот.
    Имам две најдобри другарки што се најнеодлучни на свет.
    Смрт ми е кога од дома ќе ги натераат да идат со мене на шопинг зашто се знае, кој иде со мене мора нешто да си купи :D :$
    Маки мачам да ги натерам да купат нешто.
    А двете се метар и седумдесет и јаче, слаби со добро тело, што им стои поголем дел од облеката, што да бидеме реални, потешко е да купиш било каде па тек кај нас во Скопје за подебелки.
    М и С скоро секогаш има.
    А тоа не е до немањето облека, туку до незаинтересираноста, и недоволното и посветено барање.
    Влагаме во бутук, не битно кој, и со два погледа они заклучуваат дека нема ништо за нив.
    И после нема ништо во Скопјево нив ништо не им е убаво...
    Епа со еден поглед неможеш да кажеш дали има или не.
    Или кога ќе земат да се мислат за некое обично маиче, од по некоја смешна сума, небаре кола купуваат или стан, СО СААТИ.
    МЕНЕ ми врие.
    Јас сум преодлучна. од прилика за се.
    За купување најлесна работа.
    Едноставно знам што сакам , што не.
    Си го познавам телото, знам што ми стои што не кој број ми треба, ретко кога утнувам.
    Некогаш се двоумам за боја, само ако има две слични или што и двете подеднакво ми одговараат.
    Ама дилемата ја решавам за пар минутки, не губам време во думање, немаре решавам некоја тешка филозофија.
    Секогаш шетам многу и гледам се и е враќам обавезно со по нешто дома :D
    Батко Ѓорѓија :lol:
    Можам да кажам дека само малку повеќе време ми треба да се купам добри фармерки, ама во Солун си наоѓам лесно, кај нас некако не ми се свијаат толку или чудно ми стојат in the ass :D
    Не ми треба многу за да одлучам дали го купувам или не, да не речам ич
    Ако имам пари пробувам и ако ми стои купувам одма, ако ми е добра цената.
    Импулсивен купувач не сум, ретко кога да сум купила нешто да се покаам, порано да сега не, свесна сум дека нешто не ми стои толку убаво, и иако имам огромна желба е го купувам знам дека не изгледа на мене добро. И за бои, сакам црвено ама не ми стои, не купувам ништо повеќе. Гледам се што ќе купам да ми крие тоа што не ми чини, да и истакне тоа што чини :D
    Најдобар шопинг пријател сум, ама непријател за џебот :D
     
    На LilBaby, marama и Artemission им се допаѓа ова.
  18. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Абе Роси браво за темиве! :clap:
    Јас не сум од оние кои што по 5 саати седат во соблекувални и уште 5 саати одлучуваат дали да купат или не, туку што е можно побрзо да си завршам, а за шетање во продавница можам и саат ипол да се оставам, полека да си шетам да си разгледувам.

    Инаку мојата одлучност зависи од повеќе фактори: со кој сум, како ми стои, и која е цената.
    Ако сум со мајка ми или татко ми и ми стои не гледам цена :lol:
    А ако сум сама со другарки повеќе размислувам, бидејќи порано идев на шопинг со една љубоморна "другаркa" што ми викаше цело време дека не ми стои, цело време наоѓаше мани и дури се каравме во продавница :lol:
    А сега си одам со една другарка што искрено ми кажува дали ми стои и побрзо завршувам работа :)
     
  19. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Офф мразам неодлучност. Имав порано една другарка што тотално ме излудуваше.... Влагавме во 100 продавници и во секоја по пола саат мислам дека се задржувавме |( Ќе си најде некоја блуза што и се свиѓа и одеднаш ќе свати дека едниот ракав бил за пола милиметар подолг од другиот, дека некоја точка на маицата е во боја што не ја сака, дека нешто штрчи ја нервира, а јас вријам...Па не и стои, па не е добар број, па може негде ќе биди поубаво :@ А и мајка ми е таква, 2 саати во продавница седи, ако влезе нема надвор :D Јас иако имам тежок вкус и ретко купувам нешто, знам со 1 поглед да одлучам дали нешто ми се свиѓа во продавницата...Можам цел трговски за пола саат да го прошетам. Во продавница по 1 минута се задржувам, евентуално ако треба да пробам нешто по 5 :)
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Прилично одлучна.
    Влагам во продавници и штом нешто ми падне во пик тоа е, си пробувам и останува дали сум погодила бројче и дали добро ми стои.
    Проблеми со бројчиња често си имам посебно ако ми ги дава продавачката. Бидејки сум многу висока визуелно телото ми е послабо, па стандардно ми даваат посебно за панталони помали бројчиња. Ете вчера ми дава продавачката 28 слаба сум била. А јас ни во 29 не можев да влезам :)
    Најчесто со еден поглед кон огледалото знам дали е за купување или не.
    Се пробувам. Речиси ништо немам земено без да пробам, со исклучок на неколку маички. Мразам ако има ред во соблекувална тогаш многу брзам и никогаш не се задржувам беспотребно.
    Понеодлучна сум за фустани и за чевли.
    Фустаните од причина што должината често ми е прекуса па тука се гледам од секоја страна и дали материјалот се крева, дали ми изгледа многу краток итн. А штом ми е погодена должината купувам одма.
    И чевлите бидејки поголем калап и малку поширока коска и морам да внимавам дал ми се згодни или не. Често ќе земам кнап, па воопшто нема да се опуштат и стојат дома 2 пати облечени за жал. Чевлите ми се ноќна мора, ем ги обожавам, ем додека не ги носиш неколку часови не знаеш дал ти се погодени или не. Секогаш се под знак прашање, за разлика од другата облека која со едно пробување знаеш како ти стои и колку е удобна.
    Ако е за свечен чин некој е тогаш знам да прошетам низ повеќе продавници и да го шетам градов повеќе, со тоа што во 99% од случаите се враќам на првото што сум го пробала и бендисала.
    Ми значи многу цената, па ако нешто е 500 денари го купувам без многу да размислувам, а ако е нешто 3500 е тогаш ќе се профрцкам повеќе да видам дали стварно вреди за парите.

    Така да има фактори кои ми влијаат во одлучноста и како што кажав за побрзо да се одлучам дали да купам се се пониската цена, гужвата пред соблекувална и тогаш брзам и ако дечкоми/сестрами/мајками ми кажат дека добро ми стојат бидејки го ценам нивното мислење или ако уште на прв поглед знам дека тоа го сакам и си имам во главата создадено комбинации за носење од прва секунда кога сум го видела готово го купувам за 30 секунди.