1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одлучност/неодлучност при купување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 21 март 2012.

  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Преодлучна сум, затоа што мака мачам со бројчиња. Имам мала нога, од панотлони носам XS, а маички и блузи S величина. Жива среќна сум кога ќе видам дека има 35ка кондури, особено балетанки пошто ги обожавам, а најчесто ги има до 36 :( Фармерки, панотлони најчесто купувам со џебови со капаче позади, за да го прикиријам задников-палачинка. А реално за маици сум XS, ама купувам S затоа што изгледам предмногу слаба, ако ми се уз тело.
    Некогаш се случува да имам пари па да речам одам на шопинг, без зацртано што точно ми треба, но тоа е ретко. Обично пред секоја сезона си купувам по некое парче, имам свои омилени бутици каде што знам што точно ми нудат. Многу ме мрзи да пробувам, посебно кога чекам ред, километар долг.

    Порано кога со сестра ми носевме заедно маици и блузи, шопингот ми беше смрт. Јас XS/S, а таа XL :D Како да направиме компромис за нешто што и на двете ни се допаѓа, а да можеме и двете да го носиме? Јас во M/L се губев, изгледав како во вреќа пикната, маицата како на закачалка да стои, а нејзе не ја собираа. :D Среќа веќе не носиме се заедно и можам на раат да си купувам што сакам.
     
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Доста одлучна сум.
    Ако излезам со намера за да купувам, не се враќам дома со празни раце. Обично од дома си правам „план“ што би купила, што ми е потребно од гардероба и што комбинации би правела. Понекогаш дури и бојата ја имам одлучено уште од дома.
    Се случува и да излезам без никаква идеја од дома и да ми дојде кога влегувам во продавница.
    Иако имам парчиња гардероба кои само ми зафаќаат место во плакарот и не сум ги облекла повеќе од 2 пати не се каам што сум ги купила и што не сум купила нешто друго.

    Многу си мачам мака со обувките. Со патиките немам никаков проблем, можеби и затоа ми се презастапени во плакар, ама затоа со чевли посебно со високи потпетици си имам многу мака. Имам долги а прилично слаби нозе и од 20 само 1салонки ми лежат добро и не ми се широки во страна. Со сандалите исто си имам мака поради што ремчињата ми се 90% широки, па или ги носам на кондураџија да ми ги стесне или барам цел ден.

    Гледам и во цените. И понекогаш викам подобро 5 парчиња облека за 1000 денари отколку 1. Доколку навистина ми се припира за срце нешто и го сметам дека вреди купувам, ама ако мислам дека само за џабе ќе ги дадам парите не го купувам и готово.
     
  3. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    кога имам пари сум многу одлучна си купувам се ахахах а кога немам се мислам за што да ги потрошам зашто мене многу работи ми "требаат"
    знам што сакам и што ми се допааѓа , но ми се има случено некогаш да купам нешто и да лупнам еден куп пари а на крај квалитетот нула но тоа е што е :D
     
  4. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ич не се мислам, ако нешто ми се бендиса на прв поглед, пробувам...и уште ако ми стој убо...одма земам. Понекогаш се случува тоа да биде и првиот бутик во кој ке влезам.
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Многу сум одлучна. Маички купивам многу често и од око бидејки се знам колкава сум, најчесто S или М носам, зависи. За фармерки морам да пробам бидејки сум така малку поспецифична од половината надолу. Имам многу широки колкови и подигнат задник, а тенки нозе. Многу често продавачките ми се смеат бидејки на прв поглед воопшто не изгледам како да имам широки колкови ама кога ке ми дадат некој си смешен број XS за фармерки им се смеам и ги терам нив да ми ги натегнат бидејки најчесто ми влегуваат само до колена. И така фармерки кога купувам мака мачам да ги најдам вистинските, сите ми се или во нозе широки во газ тесни, или цели се тесни. Затоа пак сум голем обожавател на хеланки. :angel:
    Инаку најмногу мразам и јас кога треба да чекам во соблекувална некоја пред мене која се мисли 20 минути дали да купи нешто или не, како да носи животна одлука. Од продавачка не барам совет воопшто, впрочем од никого не барам совет, ако мене ми се допага нешто не праам муабет и веднаш го зимам. За материјал, најчесто за зимни блузи внимавам каков е бидејки од оние подебелите ми стварат чешање и ме нервираат. Ролки скоро и да не носам. За летни блузи не ми е битно каков е материјалот бидејки немам проблем со материјали, ама пазам на кројот, принтот, бојата. И нема ми се случено да се каам за нешто купено до сега, освен ако после 2 дена го видам на намаление на пола цена. Тоа многу боли. :( За чевли носам 38 број патики, а 37 број балетанки, сандали, салонки.. И кога купувам чевли пазам само на тоа да не ме стегат, модел, висина на штикла, боја лесно наогам. :) А многу е тешко што просечните броеви 37/38 најбрзо ги испродаваат и тешко е да се најдат, а НИКОГАШ не ги стават на распродажба, оние со мал број 35/36 имат многу повеке срека од таа страна. :)
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ма, каква неодлучност! :D
    Ич не се мислам, купувам тоа што сум го намерачила, испробано нели, точно да ми е биде. За голем дел од работите не чекам да влезам во гардероба, маички, туники и слични работи не пробувам. Ама кога станува збор за фармерки и панталони, имам чекано и по 40 минути пред гардероба во Солун. :whew:
    Во принцип на брз шопинг се научив од сезонкото купување во Грција. На куп ги собирам работите што ми се допаѓаат, а после правам селекција на брзинка што ќе купам и што не. Не ми треба многу време, ниту размислувам што би го носела парчето, за бојата и сл.
    Кога нешто ќе ми влезе во око, ќе запнам да го купам. Ми се има случено да поминувам пат, ама долг пат, назад кон некое место каде што сум видела нешто уникатно. За рандом парчиња не би се враќала, ама ако нешто сметам дека вреди и е единствено не ми е проблем. Во Турција пример, една вечер бладав во сон за едни обетки, па дечко ми беше приморан следниот ден да ме врати до местото, кое не беше баш блиску, за да ги купам. :wasntme: Ама морав, посилно беше од мене, а фактот што ги сонував доволно кажува.

    Од друга страна, мајка ми е страшно заморна на шопинг. Мора се да проба, да се разгледа од сите агли, да размисли убаво дали е вредна инвестиција, па тогаш да извади новчаник.
    Порано ја носев со мене, најмногу за да ќарам нешто плус, сега нема шанси. :D

    И на крај, поради фактот што неколку пати имам пропуштено преубави работи од думање и чекање и ми ги продале, веќе не ризикувам. Ќе си го купам, на раат да ми е паметот.
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Кога сум одлучна - немам пари.
    Кога не сум одлучна - имам пари (и ќе ги потрошам на нешто безврска)

    Гледам да купам квалитетно, убаво, да можам да го комбинирам, и да има прифатлива, нормална цена. :)
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Во принцип сум одлучна.Ако од прва ми се допадне парчето тоа е,ако не тогаш не ни помислувам да го земам.
    Нешто што не ми се допаѓа и не ми по ќеф не го пробувам.Колку и да ми велат дека е убаво и дека убаво ќе ми стои,не го менувам мислењето.Во спротивен случај пак кога ќе видам нешто баш по мој вкус,ми светкаат очите,го пробувам и ако ми е таман го земам.Не гледам причина да се двоумам и да се гледам 20 минути во огледало ако ми се допаѓа.Многу пати ми се случило од прва да бендисам нешто и одма да го земам иако ми велат дека има и други продавници и да разгледам убаво.Ова во случај да барам палто на пример.

    Најбитна ми е бојата,потоа материјалот.Значи колку и да ми се допаѓа моделчето или колку и од убав материјал да е направено ако е во неубава боја,не го сакам.Најодлучна сум за чевли и палта.Најнеодлучна,може да се каже за маици или блузи.Додека да ми се допадне некоја маица или блуза може да помине подолго време или да го обрнам цел центар и да не најдам баш ништо по мој вкус.Лошо е што кога ќе си зацртам нешто мора такво да биде.А ова најчесто за маици се случува,да си искреирам некоја идеа во глава.
    Досега не сум се нешто каела или предомислувала.Ама има некои парчиња што во тој момент ми се допаднале а после една година не сакам ни да ги погледнам.А за фармерки никако да си најдам какви сакам,барем во нашите бутици повеќето се до пола газ и ме нервира кога ми се смакнуваат,многу глупаво делува.Разбирам јас низок струк ама не сум рапер побогу.За фармерки може да се каже дека најмногу се каам,што сум ги дала парите на такви фармерки.
     
  9. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    8.124
    Пол:
    Женски
    Па морам да признаам дека не сум баш најодлучна,ама па не дека сум pain in the ass.Не купувам само колку да купам нешто,не ме мрзи да прошетам и да пробувам повеќепати,да разгледам и да претресам се што има во бутиците.
    Али :!: ако сум решила на пример да купам фармерки или блуза,тоа значи дека во секој случај ќе си дојдам дома со фармерки или блуза.Не обожавам да се фрцкам пред огледало,обично можам и од око да проценам дали нешто ми стои или не,ако не сум сигурна во големината пробувам,инаку не.И не слушам сугестии од продавачките,на фин начин ги игнорирам. :) Мора нешто многу да ми се допадне за да го купам,инаку ја напуштам продавницата и одам во друга.
    За чанти,палта,блузи можам да се двоумам,троумам итн,али чевли или поточно обувки мора да биде љубов на прв поглед.Фармерки,пантолони и сукни мора убаво да ми стојат,не се залетувам по моделот,може некој да е екстра убав модел ама да не ми одговара на фигурава.
    И така. :)
     
  10. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566

    Се погоре важи и за мене. :rofl:
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Tема за мене

    Јас кога ќе почнам да толкувам па и за најситни работи. Еве се ближу пролетта и сакам балетанчиња да си купам. И отидовме со мајка ми и сега сите нови -рај за очи! И стојам така пред тоа и на сите им правам анализа:

    -Каков е материјалот ? а добро. А дали ќе ми стои , да се многу затворени? Со што ќе ги комбинирам? Ама ми се допаќа бојата а немам на што да ги носам. црни на се би ми оделе ,ама сега се носат светли бои...тогаш бели? а нема убав избор на бели балетанки...а драп( кожа боја) ?? Па да убаво би било...не сум имала до сега такви.чекај да ги погледнам, а ако нема број ?? |( и се така...

    Значи многу сум неодлучна па и вага сум во хороскоп, абе ни мајка ми несака да оди со мене кога купувам нешто :tmi:

    За обична рамбовка кревам паника. Ама сега добро ми дојде. Носам ист број на чевли со мајка ми и си менуваме!( читај само она ми ги дава а јас моите ги кријам под кревет од неа) :|

    И се си велам ако ти се допаќа купи го ! Ама потоа 100 мани му најдам! :swear: :fubar:
     
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Oдлучна сум,ако гледам дека ми стои убаво,ке го земам веднаш и не се мислам.
    Mожеби повеке сум неодлучна кога купувам фустани,кога ке ми треба така посвечен,ама не се врткам многу максиум 10 минути,ке се прашам дали имам со што да го носам?би го носела уште еднаш?и како ми стои? :wasntme:
    Mоре што за фустани,ми текна мака имам и кога барам фармерки,од како се породив некако смешно ми стојат кај стомакот,а ке ми требаат да купам,па ке се врткам,туткам ама не повеке од 5-10 минути,за чевли сум многу брза,само да има број,купувам и излегувам :talk:

    Hикогаш не сум оставила нешто да не го купам,ако не ми се допага,зашто после ке ми е мака :$
    Hикогаш не сум купила само така од видик,зашто многу пати ке сум купела порано така,и нема да ми стои убаво,па ке му го дадам на некој,секогаш пробувам се.
    Hајискрено се нервирам кога треба да одам да пробувам облека и гледам набрзина да пробам и да си одам :D


    Kога ке купувам гледам боја и дали имам со што да го комбинирам,и гледам каков е матријалот,дали ке ми ги оцртува некои делови што ги нејкам,и се одлучувам земам или не...
    Mене ми требаат би рекла 30
    минути,зависи што купувам ама повеке од 30 минути не се задржувам,мразам да излегувам и да купувам и затоа гледам побрзо да си одам дома :D

    Cовет од продавачка не слушам,неа и е работа да дава убави коментари за да го продаде парчето,така да ми е сеедно што ке каже дали е убаво или не :wasntme:

    Jас си се ставам во одлучните затоа што знам некои луге што им треба цел ден да купат една блуза :$
     
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Јас ако бендисам нешто, па и сите да ми велат дека неубо ми седи и да не го купвам, ќе го купам :lol: Прво сакам убо да разгледам ама се случило и нешто веднаш да го видам и да го бендисам и да си го купам, како на пример фустанчето за другарска за полуматура. Влегов во третата продавница, го бендисав и ич не се двоумев си го купив :) Одлучна сум, можам и сама да почнам да си одам во шопинг :lol:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно одлучност,
    ми се свиѓа? - да
    цена? ок
    бојче? има
    ми стои? супер

    зимам...и крај
     
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Јас сум такозван импулсивен купувач, ако нешто ми се допадне на прв поглед, веднаш го земам. И потоа дома се претворам во пишман-анама, зошто скоро секогаш наоѓам некој детаљ што не ми се допаѓа а не сум го забележала во брзањето на купам.

    И на крај се помирувам дека што е тука е, и си го носам парчето со фацава:

    [​IMG]
     
  16. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Јас сум многу неодлучна при купувањето.. Па затоа и кога викам да дојде некој со мене не кажувам дека имам намера да купувам нешто зашто така никој не се согласува да ми прави друштво! :D
     
  17. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Искрено неодлучна сум , најчесто одам на чопинг сама , и многу често се консултирам со продавачката , инаку ако гледам дека навистина добро ми стои не се двоумам го земам ...или пак ако се 2 работи му се чудаам . се чудаам ... и на крај и двете ги земам после да нема дома лелее не требаше тоа , другото требаше :lol: :lol:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Зависи кој период од месецот ми е. Ако сум во пмс сум нерасположена, па ако излезам да купам нешто цело време сум намуртена, едвај да погледнам нешто, не па да одлучам дали да го купам. Тогаш обично мислам дека ништо не ми стои, се осеќам подувано и никогаш ништо не сум купила. Затоа и во овој период не излегувам на шопинг. А богами нема ни таков кој би се нафатил да дојде за друштво.

    Ама ако сум во арните денови(како што ги вика маж ми) тогаш брзо се одлучувам, обично знам што сакам, не се влечкам многу по продавници и онака го мразам тоа. Не ми треба некој да ме убедува, ако мене не ми се свиѓа тогаш како ми стои, нема ни да ми се засвиѓа, само за џабе ќе го купам.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Прилично сум одлучна.
    Особено ако знам што барам и ако најдам - го купувам без да се мислам и предомислувам.
    Шетам и со другарка и сама, ама совети од продавачка никогаш не барам.
    Секогаш кога разгледувам облека во глава си го вртам мојот плакар и си правам комбинации. Па според тоа, никогаш не купувам нешто што ми се допаднало, а немам на што да го носам.
     
  20. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    и те како неодлучна :lol: додека да купам нешто мора да поминам долго долго време разгледувајќи, дури некогаш може да се случи и ништо да не купам :)