1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одлучност/неодлучност при купување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 21 март 2012.

  1. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Јас кога пазарам сама знам што сакам да си купам и одма а вака на пример кога ќе одам со другаки по цел трговски шетаме гледаме ова она и после дури! :D
     
  2. Gi.ir.ll

    Gi.ir.ll Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    60
    Јас не сум одлучна кога купувам нешто и само и викам на мајка ми, мамо ова ми стои убаво.. не не ова :) и мајка ми ке му ги купи и двете :D
     
  3. C.r.a.z.y.G.i.r.l

    C.r.a.z.y.G.i.r.l Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Јас сум многу неодлучна во купувањето гардероба :D
    кога иде некој со мене на шопинг можам да го излудам од шетање по продавници :lol: и од прашањата:
    Ми стои? Да го купам?
    А ако најдам поубаво, па да ми биде мака?
    и сл.

    :) :) :)
     
  4. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    епа јас сум како насловот Одлучност/неодлучност одосно кога ќе видам нешто што ми се допаѓа сакам да го купам, ама сум неодлучна и барам и гледам други работи и на крај пак тоа прво што сум го видела го купувам :D
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.558
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека не сум неодлучна, ако нешто ми се допадне го пробувам и внимателно гледам како ми стои и ако е добро го купувам, ако не е добро не го купувам.
     
  6. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Јас дури не ги прошетам сите продавници-нема да купам..Па и после тоа,аууу!..Колку ми треба да се одлучам за едно блузе па макар и најобично нека е.Мое ќе биде,па мора да размислам :lol:.Понекогаш го слушам она:Ах, па ти дури да земеш,па да пробаш,па да заминеш,па да се вратиш уште еднашка да го видишш..ехее не,не идам јас со тебе на шопинннг|(
    хх (facepalm)
    Тоа е :|:$
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Кога треба да купувам нешто правам обиколка на продавниците од каде што најчесто купувам гардероба со претходно направен план за потребните парчиња. Без планирање ретко ја обновувам гардеробата во плакарот. Сезонските намалувања не ги следам редовно и не купувам се и сешто затоа што е со ниска цена и на попуст доколку не би можела да го комбинирам со парчињата што ги имам. Знам што сакам и што ми прилега според телесната градба и стил на облекување и не сум неодлучна во изборот. Не посегнувам по се што е актуелно во сезоната и немам предрасуди да изберам нешто од постара колекција за да ја оформам замислата за изгледот. Во шопинг можам да одам сама или со сопругот со таа разлика што кога сум сама имам повеќе време на располагање, знаејќи колку мажите ги сакаат прошетките низ бутиците :lol:
     
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Ауу каква тема само за мене, ич не сум одлучна и да поминам по продавници пак ништо нема да купам (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Уфф многу сум неодлучна. Со саати ќе се мислам.
    Не сум толку неодлучна за моделите колку што сум за боите. Можам со часови да се мислам дали да земам кафено или крем или црно или... И ќе пробувам по сто пати, ќе мислам со што би го комбинирала, ќе се оптеретам онака. На крај ќе изберам нешто, додека сум стигнала дома ќе се покаам, сто пати ќе се предомислам, наредниот ден ќе отидам демек да го заменам и кога ќе влезам во продавницата пак ќе се мислам и на крај нема да го заменам. Е секогаш вака правам веќе ми е смачено!
     
  10. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Јас сум премногу неодлучна.
    Се случува да сум на поминување и да видам нешто што ептен ќе ме бендиса и ќе бидам сигурна дека мора да го имам, а кога одам да купувам шетам по неколку бутици каде што најчесто купувам и од многу мислење се случува да не купам ништо. Најчесто си одам дома со празни раце, како што сум излегла. :D
    Па после следува каење..зошто не го купив, што ако сега некој ми го купи, и посакувам во истиот момент да излезам пак и да си го земам тоа што сум го бендисала.
    Понекогаш наредниот ден одам и го купувам, а некогаш по долго размислување сфаќам дека не ми е тоа сега потребно и го оставам за друг пат и парите ги трошам за други глупости.
    Се случува да купам нешто што долго време сум го сакала и по само 5 минути да се прашувам зошто го купив, па кога ќе појдам дома го пробувам со најразлични комбинации. Некогаш останува така како што сум го купила, а некогаш се случува толку многу да ми се допаѓа и да сум среќна што сум го зела.
    Во однос на бои, не размислувам многу. Најчесто купувам облека во бои што ќе можат да се вклопат со повеќето парчиња облека кои ги имам, иако имам и такви кои сум ги купила само поради тоа што ми се допаднал моделот, а после сум немала со што да ги облечам.

    Тешки маки. :D
     
  11. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.787
    Пол:
    Женски
    Јас се сметам за пре лесен купувач на облека како и други ситнурии. Од причина што парчето облека ми е само облека и не се мислам многу како да купувам кола. Ако сум со намера да купам и ми треба нешто купено е :rock: Само си бирам продавница каде има поубаво и поголем избор, пробувам и тоа е.
    Некогаш се случува на прв поглед од излог дури да земам нешто, од ск пред една година ептен ми се допадна на куклата што изложиле фармерки, маичка и кошулка над неа со врзување и коланот се си купив на прв поглед:inlove: уште периката и остана:D Никогаш не се колебам што сум купила ако не се комбинира тоа е ке го искомбинирам понатаму секако се си чувам од страна на алишта и ги носам години(мислам колку што се можи)Несакам многу да шетам посебно не со другаркиве неодлучни оти за едни фармерки зими господ еден месец ли се шета, прво сами, по една недела со мене па со мајка му, тетки стринки сите да ја видат како му седи,а сите што сте неодлучни во купувањето да си знаете дека на тие жирито до вас не му е многу мило што ке ја вртите цела чаршиија за парче облека или ке ве чекаат сто сати за да пробувате можи нема да ви кажат оти не е згодно.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум одлучна при купување. Ако нешто ми се допаѓа, обавезно го купувам. Макар и да е во првиот бутик кај што сум влегла. Не сум од оние што шетаат во сите бутици, па после бираат од кај да купат.
     
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Многу сум одлучна при шопинг. Може да се мислам за чевли, ама за облека ретко
    И затоа преферирам да одам сама на шопинг
    Знам што ми се свиѓа и тоа е тоа
    Многу ме нервираат неодлучни луѓе. Еднаш со другарка бевме на брзање а таа пробува фармерки за 400 денари и пола саат размислува, па комплименти како добро и стојат па убедување триста чуда
     
    На sofija014 и crazylady им се допаѓа ова.
  14. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.016
    Пол:
    Женски
    Никогаш за ништо не можам да се одлучам. На крај само дома ќе се вратам дека не можев ништо да изберам.