Нова серија која би требало да биде интересна Вчера излезе првата епизода, главна улога има Ребека од Браќа и сестри кој гледал Се работи за девојка која се сели во поголем град за да се одмазди на оние што и го уништиле семејството, но никој не знае за нејзините намери Гледајте, па да коментираме
Одмазда [Revenge] Нa ABC, кај нас со торенти можеш да ја гледаш. Ваљда и онлајн ја даваат ама незнам стримови Јас ја спуштив првата епизода, коа ќе ја изгледам ќе коментирам. Многу нови серии излегоа оваа година. Им се видоа парички изгледа
Одмазда [Revenge] Јас ја изгледав on line сега, мистериозна и испомешана на почетоков ама ми мириса дека ќе биде интресна. Оваа Викторија ми личеше на 35 годишна а имала 53
Да, баш и ми се допадна што е така испомешана.Викторија навистина личи за многу помлада, ама денес пластични операции, ботокси, чуса прават. Инаку глумат и Бамби од Secret diary of a call girl и брат и на Серена(тука не е геј )
Серијава ја видов на реклама на Фокслајф ќе ја даваат во четврток во 22:00 и не ми се веруваше толку нова серија да ја даваат кај нас
Не ја имам уште гледано, но вечер после 12, штом стигне нет прва на список ми е за гледање по препорака на фемина90, која знае да избере серија, морам да заклучам
Ги изгледав сите епизоди што се излезени, интересна серија, ама некако многу работи наеднаш ни открија, се надевам дека имаат доста сплетки и за понатаму. Нолан ми е омилен a Викториа со своите 53 години алал да му е како ги носи Herve Leger фустаните.
Мене серијава моментално ми е најинтересна од сите што ги гледам. Многу добро е смислена, нема лигавења, перење мозок и слично. Даниел и Емили ми се многу, многу убав пар, штета што од нејзина страна барем за сега не е искрено.И ме интересира дали Спојлер Даниел навистина ќе умре (тоа што го дадоа во првата епизода на веридбата).
Eј и јас почнав да ја гледам Bидов некој ја имаше препорачано во другата тема,и стигнав до 5 епизода,интересна е,малку поинаква од другите што ги гледам
Претходнава 2011 година имаше дефинитво бум во тв сериите. Дури криво ми е како некои од нив и порано не ги започнав да ги гледам, вклучувајќи ја и Revenge! Сосема возбудлива, сакам серии во кои има некоја интрига, мистерсија, па одвај чекам следна епизода за да видам дали ќе се разоткрие Улогите се сосема океј, мислам на актерите, ми се допаѓа-Аманда/Ејми Исто многу интересен лик ми е Ноел, на почетокот ми делуваше како благо ретардиран но мислам дека неговата улога има доста на значење и важност. Ме интересира само зашто Даниел ќе се убие и тоа баш на денот на неговата свршувачка Сепак како да покажа дека не е глупо-размазено детиште, кое не гледа подалеку од парите на мама и тато. Дали само на мене ми се чинеше дека Викторија имаше чувства за нивниот шеф на обезбедување, и обратно, не мислам дека се грижеше за сеа толку многу, чисто за пари! И онаа Лидија падна од 100 кат(што се вика )и тоа право на такси, колата скроз се распарчи, ама битно она жива остана Ма немој....
Многу ми се допадна првата сезона и дефинитивно најосвежувачки лик е Викторија (Медлин Стоув). Совршен злочко и прекрасно изгледа за нејзини години. Во глобала сите ликови ми се ок, посебно ме изненади Деклан, братчето на Џек, бидејќи во Госип Грл игра улога на геј дечко, а тука е сосем поинаков и убаво му легна. Нолан како лик исто ме бендисува, од друга страна сметам дека децата на Викторија, и женското и машкото се премногу распекмезени и типични богаташчиња. Девојката која е во главната улога глуми одлично. Не е најлепотица во вистинска смисла на зборот, ама искрено го доловува ликот. Добра серија, вистинско освежување во морето од ретардирани сериички.
Спојлер Мене искрено ми изгледаше повеќе како самоубиство на почетокот на сцената, е сеа малце интригантно е тоа што е ранет во грб... А кој го уби, Јек сигурно не А тоа дали ќе се умре или не,не знаеме,ќе видиме
Jа гледавте новата епизода? Спојлер Cупер што го тргнаа Tајлер,ме живцираше,па и оваа Eшли почна да ме нервира Oваа Aманда(лажната) што се занесува бре? Hајантипатичен лик ми е A овие ми се омилени Спојлер Спојлер
Спојлер И мене Тајлер ми е одвратен, а и јас мислам дека Аманда ќе расипе нешто. Се си мислев дека Тајлер неа ќе ја убие и така ќе ја тргнат, ама штом не се случи тоа ја чуваат за големи сплетки
Серијава случајно ја видов на реклама на FoxLife и не згрешив што ја симнав. Мене ми се допаѓа серијата и треба што повеќе ваков тип на серии да прават. Се согласувам со горепишаниот коментар дека во 2011 имаше бум од тв серии, некои беа солидни за гледање а некои и не толку се прославија