Спојлер Уау, Такеда отиде. Ме потсеќа на учителот од Драгон Бол, само без бркови. Мулето Шарлот е бремена, колку нестабилно човече. Уште стојам на мислењето дека Џек е можниот син на Вики, we will see. Да ги видиме последните 2 епизоди што ќе носат, засега тотално безлични, и ништо чудно пресвртот за крај да го чуваат.
Последната епизода во недела ќе трае 2 часа и ќе биде бомбастична според она што го прочитав...се прашувам само кој ќе си го изеде. Добра беше епизодава, само жал ми е бре што Ејдан и Емили не можат да бидат јавно заедно, стварно ми се одличен пар.А ова Џек ќе направи некоја збрка, што мајка бара да се меша кога е прост, аман.
Оваа епизода конечно заличе на нешто од Revenge, целава втора сезона беше глупост жива, саде бремености Да видиме што ќе ни понудат во последната епизода. Ќе има ли трета сезона?
Знам дека си луда, ама до толку...Ме изнасмеа со компарацијата, си личат да Инаку следната ќе биде бомба и незнам дали прочитавте, ќе умре некој. Сите прогнозираат на Деклан или на Џек, а ја па мислам дека ќе биде Ејден. Не ја сватив баш расправијата со Такејда, не сватив кој е прав а кој е крив, но некако ми мириса дека Ејден не е баш тоа што се преставува. Мене ми станува антипатичен, сакам да го мавнат. Дефинитивно Даниел и Емили ми се најпар, треба да се заљуби у него онака коа ќе заврши се. Промото за следната, името на епизодата мислам дека одаава нешто што ќе се деси на крај. http://www.youtube.com/watch?v=ViEWbDG0ntE http://www.youtube.com/watch?v=Kaio6CrIQiU Ова со бременоста ми е голема глупост, небитно како и со синов на Вики. Замајување. Инаку да ќе има трета сезона, најавена е уште одамна.
Јака ми е Вики како само го скопа маж и со ситуацијата Гувернер !! Лекцијата на живото и е научена се само за Пари и слава .. јак говор оддржа за веридбата.. Малку ме нервира Џек со неговото однесување- мнн паметен и јак што бараше да оди на веридбата?!
Конечно добра епизода Спојлер Со исклучок на бременоста на Шерлот која е непотребна и безвезна останатото беше неизвесно и полека се откриваат некој работи.Конечно се откри дека и Такеда си имал свои мотиви.Не очекував дека ќе сака да го тргне Ејдан од игра, а уште помалку дека Ејдан ќе го убие. Малку ми е глупав моментот со Емили и Даниел, моментот со Ејдан сум а спијам и ќе се мажам со Даниел Знам дека сака да им се одмазди ама мислам дека претера.Јас мислам дека ова со замрачувањето Фалкон има вмешано прсти, фацата кога снема струја и беше како да знае што се случува.Супер ми се пецкањата помеѓу Викторија и Емили
Спојлер Аман бе, го дотолчија Џек веќе. Лажна Аманда, па сега и Деклан. Но, конечно дозна! Единствената вистина што требаше да му се каже - бидна. Очекував и мислев дека ќе го дотолчи Конрад, штета што не го уби копилето. Штета за Ејдан, ама Џек го враќаат во игра режисерите. А и Патрик. Ху д хел ис Патрик, што не му го покажаа лицето, ваљда е некој непознат. Предобра завршница, исто како и ланската, и оваа нуди неверојатен почеток на 3та сезона.
Интересна завршница на втора сезона Спојлер Жал ми е што умре Деклан, не требаше на Џек сите блиски да му ги убијат, али барем дозна дека Емили е Аманда конечно. Конрад ми е најодвратен се мислев дека ќе умре на крајов од сезонава ама ништо останува да се надевам на следната сезона. Жал ми е и за Ејден и за Нолан мораше ли баш него да го упасат. И синов на Вики се појави, а јас се мислев дека е некој познат лик
за последнава малку подолга еп. Спојлер ЈАс да си кажам дека Едан почна многу да ме нервира!!! и секако мислам дека е возможно и тој да е синот на Вики ... пошто некако сум сигурна дека е пронајден и тој од фациве кои се против Вики и Конард и е направен да ги мрази ... Секако и 5те милиончиња ги има супер искористено за бизнисот на Такеда или кој и да е ... Емили конечно се кажа ...според мене тоа требаше да го направи уште кога умре „Аманда“... али се во интерест на серијата ... Се чудам дал сега после Данкан ке ја скинат и малата Грејсон ..мислам дали Вики и неа ке ја пушти у некој манастир ..секако нели иста како мама ... Сакам НОЛАН да се спаси и сакам да ја продолжи мисијата пошто ми е мнн интересен како појава !!
Продoлжена епизода, мај ес, само ги споија 21 и 22. И од кога 22 епизоди се стандард на серииве, имаа по 24, сега гледам нешто ново измислуваат. Како и да е ми се допадна премногу, ако не го сватив баш најдобро тоа за иницијативата. Спојлер Нема иницијатива? Глупав Конрад многу неразбирливо ми збори. Смртта на Деклан ми е тотална глупост, заедно со апсењето на Нолан. Но баре конечно Џек дозна дека Аманда е Емили, мислам како не свати до сега, стравно тоа малото го нашле исто како Емили. Мене Ејден ми оди на живци, сега па ептен ми се пар Даниел и Емили, незнам зашто не ми се свијаа на почетокот. Синот на Вики требаше да го покажат, ама како инаку ќе не држат во неизвесност.
Приказнава за Патрик ама ич не им требаше Исто и за Шарлот. Ама ајде, како инаку ќе пополнуваат време, ќе требаше да заврши уште оваа сезона серијата. Според мене, подобро да завршат со помалку сезони, ама добри, отколку да ја тегнат работата со шпански сценарија. Колку што разбрав, Иницијативата се богаташите кои се богатат на сметка на несреќите на луѓето За Викторија ми падна многу жал, сфати дека работите можеа да бидат многу поинакви за неа. за Мадлин, страшно глуми! Исто и Емили, секоја чест. Апсењето на Нолан беше голема пресвртница, wtf!? И знаев дека Емили ќе му каже на Џек дека таа е Аманда, на огромна радост на фановите на Џек и Емили како мене Сама ли сум или уште на некој друг му се допаѓаат они? Си плачев на некои сцени, добра епизода. Се надевам 3-тата сезона нема да ја направат ужасно лоша како оваа.
Мене целава сезона ми беше тотално неинтересна, посебно негде од средина стана досадна, но финалнава епизода беше топ и вредеше. Како прво зашто Ејдан го мразите бе? Немојте така, заљубена сум во него Инаку Даниел покажа крв на рацете по тепачката со Ејдан, сценаристите не насочуваат кон негова смрт, НО се мислам дека пак ќе се појави некогаш, како жив и здрав момак Мене не ме нервира Ејдан, кој цело време ја сака Емили, но цело време тој се жртвува. Додека Даниел ми е просто човече кое е како тинејџер коа ќе се заљуби, едноставно тогаш нема мозоче. Смртта на Деклан е најголемата глупост, а бременоста на Шарлот е повторно една реприза, реприза на животот на некој начин на Вики, глупости прават и едната и другата во младоста. А некако историјата се повторува. Напад врз авион, перење пари и затвараат невин човек, поточно таткото на Аманда. Сега сајбер напад, повторно изрежиран настан, бомба во бизнис зграда, повторно перење на пари и невина личност затворена и обвинета за терористички напад, овој пат Нолан си го кркна. Се се повторува...
Конечно најдов време да ја изгледам последната(финална) епизода. Морам да признаам дека иако цела сезона беше тупачиска и досадна, направија многу добро финале и сега ќе ме копка што ќе се случи понатаму, а тоа е целта на една серија. Сега сум сто посто сигурна дека трета сезона ќе одат на тоа да ги спојат Џек и Емили.На почетокот Џек ќе глуми лут, зашто Емили криела дека е вистинската Аманда итн итн Јас бев за тоа Ајдан и Емили да се заедно, па и Даниел и Емили ама никако неможам да го поднесам Џек, освен добрина и наивност ми нема ништо друго, ни лепота, ни шарм. Инаку гледам сите сте сигурни дека Даниел го убил Ајдан Не мора да значи, да не испадне како тоа што мислевме дека Џек е во фирмата па на крај испадна Деклин.Сакам да кажам дека на режисерот може тоа му е идејата а на почетот не трета сезона да ни вратат како се случило сето тоа. Исто така нели Ајдан кога го бутна Даниел, ја бутна кутијата кадешто Емили ги крие информациите за нејзиното минато.Дали можеби Даниел откри дека Емили е всушност Аманда??? И навистина ми е жал за Нолан, од нигде никаде во затвор А за Викторија незнам зошто ама некако ми дојде идеја, да не и е син, човекот што ја подметна бомбата Некако Ешли ми стана мила, сепак му помогна на Џек до крај, само моментот кога Емили и кажа да го задржува Конрад за да не се качи на сцена, Ешли неморно го пушти, за Џек да го убие.
Вчера ја гледав на Фокс Лајф и малку ме збуни... Ејми и Аманда се иста личност така ли? А што и е целта со тоа дека ќе се преправа дека е две личностви? Инаку интересна е, ми се допаѓа... иако малку личи на овие шпанските.
Назад си со епизодите. На фокс моментално ја даваат 1 сезона и се при крај. Земи од интернет симни си ги епизодите. За да сфатиш поубаво се. Емили и Аманда си ги имаат сменето идентитетите уште кога биле во поправниот дом. Нели таму се запознале. Емили (вистинската таа со витканата коса) се согласува за пари да си го смени идентитетот со Аманда т.е Емили. Целта е да се одмазди за татко и што недолжен го наместиле група луѓе за тероризам. И така 1 по 1 ке ги елиминира..секако со сменет идентитет, и притоа без некој да ги знае нејзините намери. Прејака ми е серијава а идол ми е Викторија дефинитивно! и Ноел ми е срцка
Незнам што толку Емили и Даниел ви се најпар на годината. Можеби и мене ми беа во 1вата сезона. И во првата сезона мислев дека Даниел е колатерална штета на Грејсон. Меѓутоа во 2рава сезона Даниел ми стана одвратен, антипатичен одбивен, покварен.. Ејден или како и да се викаше требаше да остане со Емили (ма да мислам дека е мртов, Даниел имаше крв на кошулата кога отиде кај татко) освен со Ејден Емс сакам да ја видам со Џејк... За последната епизода воопто незнам што да искоментирам, т.е за последните 2 епизоди. Не ми е јасно што ја вметнаа "другаркара" на Шарлот ццц... Патолошка лажга... Само одо љубомора да ги искомплицира работите. За Деклин и јас плачев кога го гледав видеото.. Нолан го насамарија се надевам дека ке успее да го спаси Емили. Дека нема да ја доживее судбината на Дејвид Кларк. Сумасумарум ептен тажни работи се случија сезонава. Пола епизоди од 3та сезона ќе им отидат да ја оправат и вратат во нормала штетата што сами си ја предизвикаа.
Во прва сезона дефинитивно Емили и Даниел ми беа најпар иако Даниел ми е како муле, мутле и сите можни варијации и комбинации. Многу ми е сељак, со големо Љ во средината. Ама овој Ејден , ко тинејџерка со зовриени хормони сум кога го гледам околу Емили. Баш ми е тип на маж онака ко за неа, по нејзин терк. Многу ќе ми биде мака ако ги разделат и преочигледно би било ако ги спарат Емили и Џек - нека си останат љубовчиња од детството, не ми се баш некој пар кој паѓа во очи. Читам тука теории за можна смрт на Ејден и со душа чекам да ги изгледам епизодите кои ми останаа од втора сезона. Ај се надевам дека е лажирано, како што беше и со смртта на Викторија на почетокот од сезоната. Баш ми се симпатични бре, ко г-дин и г-ѓа Смит во „помодерно“ издание ми се (Емили и Ејдан). И да прашам - кога нова сезона, се знае точен датум?