^ Тетка вики вика September 22, 2013. Али ќе видиме дали ќе биде таа дата сигурна. Инаку новости за 3тава сезона Ешли нема да ја има веќе, ќе си оди од серијата... http://uk.eonline.com/news/431247/reven ... f-the-show
Гледам не се сите тука за Емили и Даниел, и баш ми е мило зашто ги нејќев уште од почеток И двајцата се лажат и манипулираат, па тоа ли е пар Мора да признаам дека и јас ги сакам Ејдан и Емили, иако не можам да се одлучам помеѓу него и Џек, сепак за Џек сум уште од почеток, и зошто така викате дека не бил убав, мене па баш ми е убав глумецот, ама секој со различен вкус Со кој и да е Емили од овие двајца ќе си бидам среќна
^ Најголема шанса има на крај да испадне со Џек, иаку не ми се ич пар и Џек ми е мене страшно муле. Секој со различен вкус и размислување, али мене Ејдан ми е малку себичен и не ја сваќа Емили до крај како што вика дека ја сваќа, и не знам али за прв пат некој англичанец да ми е онака одбивен, фејк ми е дури. Она живее живот за ОДМАЗДА, колку и јас да не се согласувам со таа идеа, она цврсто си верува во неа. Едниствен кој потполно ја разбира и и помагаше во се е Нолан, никој друг. Со Даниел се убедливо нај пар, али реално колку имаат можност да останат на крај заедно откако он ќе ја открие вистината за неа, а ќе биде тоа на последната сезона, која и да била таа. Хемија фршти меѓу нив, веројатно зашто и во приватен живот се заедно, ама нема ништо поубаво од природна глума, т.е нешто што не се глуми туку што го доживуаат, и не може да се скрие.
Колкави се шансите Ејден да биде уште жив и во третава сезона !? Ќе се откажам од серијава ако го тргнат, ептен ми е срце. Всушност, нема да се откажам во никој случај ама „ќе загине дел од мене“, буквално! Јас мислам дека е само суров, исто како и Емили. Но многу ми се пар и не би сакала да ја гледам Емили со теле како Џек - многу е мекуш, наивен, импулсивен, јазикот и делата му се пред умот - ич не размислува, ко удрен од гром ми е - врска нема, а мисли дека сè си знае, а уствари поима нема од животот. Многу ми е промашен лик, дури не знам дали мутав мекуш се вистинските изрази кои го опишуваат. Даниел ми е симпатичен, како мачорче кое преде е кога е со Емили, ама не ми се пар како за во серијава. Баш супер - ако добро сфатив заедно се во приватниот живот? - баш ми е мило, надвор од серијата ми се ептен лајки лајк. Па и тоа сакав да го кажам - без сомнение би ги споила вон границите на Ривенџ, темпирани се како бомба. А, тоа сакав да прашам - чие е детето што го носи Шарлот, побогу !? Нешто ми вели дека не е од Деклан.
Ги изгледав двете сезони за многу брзо време.Морам да кажам дека првата сезона е далеку подобро од втората.Некако во втората се изгуви идејата,самата смисла на серијата.Добро е некако кон крајот од втората ја оправија.За најпар ги избирам Емили и Ејдан,но некако тој не ја разбира најдобро,сега ќе видиме во третата сезона како ќе се одвиваат работите помеѓу Џек и нејзе.Се надевам дека веќе еднаш ќе им се одмазди во оваа сезона и ќе заврши со 3 бидејќи ако продолжат ќе ја затупат работата.
Од вчера почнав да ја гледам серијава многу ми е интересна, како и секогаш станувам зависна и на ден по 5-6 епизоди гледам
Лил, изгледа си многу заљубено, девојчуле. Септември има 30 дена. Инаку, остај денови и месеци, Хипстер погоре има пишано дека нова сезона на 22ри септември, ова дека на 30ти излегува новата некоја понова информација е или? Толку ми е досадно, со душа чекам нова епизода од било која серија, не се трпи вака.
јас почнав да ја гледам на фокс лајф уште пред еден месец, ама многу се назад изгледа,прочитав на темава шарлот трудна?! дајте линкче да симнам сезоните, што побрзо да ја изгледам
Хаха какво теле сум. Нормално дека календарот покажува за август, и баш вчера гледам дека 31ви август се паѓа сабота и се чудам кога знам дека во понеделник си ја гледам серијава. Според мојата програма за серии на телефонов, а и официјално, на 30 септември (за нас) почнува 3та сезона, епизодата се вика Fear. Конрад и Емили стрелани. Нормално, во серијава се прикажува на промо клиповите дека секој втор е стрелан, и на крај еден го крка за сите во цела сезона. http://www.youtube.com/watch?v=ZhZH9-WTYPg
Ја гледам на фокс, ама таму мислам дека се е измешано и незнам која-која епизода е сега новава сезона одвај чекам да почне ако има некој линк нека даде, баш сакам да ја гледам,предобра е
А од кај сега ви истекна тоа дека бебето на Шарлот не е од Деклан? Јас не видов нешто да покажаа во врска со тоа Кој ќе чека уште цел месец до новата епизода :geek:
Од каде тоа дека бебето не е од Деклан? инаку сум пресреќна и Ејден ќе го има во новава сезона.http://en.wikipedia.org/wiki/Revenge_%28season_3%29
Јас последниве неколку недели ги изгледав првите две сезони. На рекламата на Фокс лајф ми делуваше крајно неинтересна, ама се навлеков на серијава, едвај чекав да ми заврши испитната за да продолжам кај што сум застанала. Узбуна направив откако ја изгледав сцената со Емили и Џек, помислив дека има уште една епизода плус. Па почнував да симнувам се живо и диво од интернетов, за на крајот да налетам на истата та истата епизода. Цела вечер утепав барајќи непостоечка епизода, а не сакав да ја отворам темава заради спојлери. Ејдан ако не го вратат се откажувам од гледање, од старт да си кажам Не можам да ја замислам Емили со подобар маж до неа (колку сакаат нека го јачаат Џек, мекуш си е и точка /а за Дениел да не праам муабет, нека си го вози само во реален живот, баш е секси )
женски да не знаете некоја информација кога ќе излезе нова сезона? и јас се навлеков во серијава и едвај чекам уште