Баш денес ја завршив последната епизода од 2 сезона, морам да кажам, ваков крај и очекував. Прво, многу ми е криво за Нолан, ептен беше срце во цели 2 сезони, се надевам дека нема ништо лошо да му се случи и ќе го гледам повторно во 3 сезона. Ејден е пресекси, дури посекси од Даниел. И то.
Уште мислите дека Ејдан е за Емили? Одвратен ми е, не знам како можеше да ми биде симпатичен. Убав старт на сезонава според мене ветува подобра сезона од ланската смотана и недефинирана.
Првава епизода ветува интересна сезона, баш ми се допадна Сепак, мислам дека Ејдан не е дојден за да ја уништи Емили, туку напротив - да и помогне да заврши што побрзо со целава revenge-y ситуација. Туку, не можам да најдам промо за следната епизода Има ли пуштено? Едит: Многу повеќе ми се допаѓа Емили со потемна боја на коса, отколку со плава. И се надевам дека ќе ја вратат Ешли, да се мота наоколу и повремено да прави сплетки. Ако ништо друго да и ги гледаме модните комбинации
Eшли не се враќа повеќе за жал..нзн дали тие решија да ја отпишат или глумицата бараше да си оди,но не се враќа
^ Па подобро без Ешли, мене ми беше многу антипатична како појава. Плус, Емили каде каде подобар стил има од неа, Ешли ми е некако премногу ексцентрична вака според мојот стил. Фустанот на Емили беше пре-кра-сен! И оваа комбинација, леле, останав без зборови. Многу ми е убава и се сложувам дека потемна боја подобро ѝ прилега. Кога ќе пораснам сакам да бидам Емили Торн. А, моментот кога ја „испратија“ Ешли со Викторија ми беа како дрим тим - иста мустра се, само прашање на време е кога ќе сконтаат.
Даниел во барот, о кој секс. А и Патрик не се срамеше. Шарлот многу ми се допаѓа како изгледаше во првава епизода. Ми фалеше серијава многу, уште да не ми го отупат Дени, ете и Ешли ја испративме.
Еј, да, Шарлот. Носеше преубав бордо кармин. Епизодава ја отупеа со бордо карминот - и Ешли имаше преубав кармин кој ми остана вака на мисла. А што се однесува до Шарлот - пораснала пустата, многу е разубавена и новата фризура одлично ѝ стои.
Мене од Revenge најмногу ми фалеше столицата на Викторија, ја дадоа на блиц Спојлер Шала на страна, супер почеток на сезоната, пријатно се изненадив.Конечно се враќаат како на почетокот односно на одмаздата и прешктрнувањето на личностите на фотографија.Ред и дојде на Ешли.Мене искрено ќе ми недостасуваат нејзините комбинации на облекување, некогаш знаеше да ме остави без зборови и ја стопирав сцената за да ја скенирам од горе до доле. Уффф колку беа јаки Емили и Викторија кога ја испракаа Ешли, изгледаа многу моќно. Џек се врати и дури повеќе ме нервира и ме иритира, али како ја зафркна Емили со бакнежот. Малку на крај ова со Ајдн не ми се допадна, само да не почнат пак да тераат накај шпанска серија како 2 сезона. Синот на Викторија, Патрик,