Спојлер Ииии ме изненади Даниел, мислев и се подал, он и го кренал фустанот само, кој џентлмен! Конрад многу веројатно ќе биде докрајчен до крајот на сезоната, а Ејдан до кај ќе оди не знам. Емили е премногу навлезена во одмаздата, за да сега се кае, доцна и е.
Спојлер ^ Па и каков осмех ѝ даде на Французинкава, човек ќе си помисли ѝ се предал со душа и тело Ејдан ме изненадува, којзнае какви планови крои А Емили очигледно ептен се унесе во одмаздава, па губи тло под нозе. Само Нолан да не се изгуби како тотално спореден лик, а таков ќе стане ако вака продолжи сценариото. Сакам да го видам во revenge-y акција, баш добро му лежеше тој стил Вака ќе остане само магацин за стварите на Емили
Спојлер Конрад намерно ја направи бељата за да погине отецот? Ете уште еден пречкртан од сликата. И кај можат Ејдан и Емили еден без друг, конечно добивме објаснување на време, едноставно нема залудно потрошена епизода, се си дознаваме со време.
Спојлер Знаев дека Ејдан нема туку-така да ја предаде Емили, уште од првата епизода чекав да видам како ќе изиграат тимски. Ептен сакам да ги видам заедно на крај И претпоставував дека нешто ќе се случи со Конрад, инаку ќе нема материјал за цела трета сезона ако сега признае за сите дела. Само што, мислев дека Викторија ќе направи некоја ујдурма, поверував дека Конрад има грижа на совест, ама њет! Туку, само мене ли ми е антипатична Французинкава? Сега со Џек ли ќе се бафта? Наидов на слики на интернет од 5тата епизода И само уште нешто - стајлинзите на Нолан!!
Спојлер Знаете ли кога ги провалив Ејдан и Емили дека работат заедно?На забавата на Нолан, кога се појави Ејдан со Викторија на крајот Нолан ќе и рече на Емили само за Викторија а за Ејдан ништо.Е тогаш ги фатив дека работат заедно Конрад-искрено ме прелажа!Е сега што се случило по пат незнам(дели можеби отецов му признал се, дали Викторија го подметна ова или пак Конрад ја провали Емили уште на старт, а можеби и како крајна опција Викторија и Конрад да се заедно и ова само да им е уште една фарса ) Џек-за момент во базенот со косата залижана ми беше секси.Но карактериот му е толку глупав што веднаш го заборавив тој момент. Дефинитивно можам да кажам дека после три епизоди идат накај добро, само така нека продолжат.
Оф срце ми е Нолан, жими се да е реален одма би го зела за маж без да размислам два пати... нај нај најдобар лик ми е во секоја смисла на зборот. Добро почнаа, ми се допаѓа, нека продолжат вака.
Не знам дали имате навика да гледате bloopers од сериите Јас едвај чекам да заврши сезоната за да ги изгледам На некои им се руши филингот за сериозноста на серијата, а за сите станати - еве bloopers од втората сезона http://www.youtube.com/watch?v=qJXBX9ubCDE
Хохохо Спојлер Нолан и Патрик, се намирисуваше некаде во воздухот после тие неколку средби. Ејдан не е нормален што го мести Џек, Емили ќе го убие. Убаво му кажа Емили да се тргне оти не е за вакви работи, тој ќе докажува дали Конрад намерно ја подметнал несреќата. Седи си мадро мореее, ќе го изедеш подебелиот крај. И да не се заборави оваа сцена, темптејшн. Трејлер за следната: http://www.youtube.com/watch?v=B4Itl0q9voU
Спојлер Стварно не му требаше ова на Ејдан, ама па и Џек ме изнервира. Се прави многу паметен, крои стратегии, а поим нема со кого си има работа Ептен ми е плачко! Nolan is back in the game! Ќе биде интересно со него! Шарлот ептен ја запоставија, само одвреме навреме ќе се појават шишките нејзини во серијава и толку. Туку, само мене ли некогаш ме ежи пластичната насмевка на Викторија? Ама со Конрад во комбинација ми се hilarious! “While I adore performance art, why don’t you just get on with it?” — Victoria Grayson
Спојлер Аууу Викторија, добро изиграно! За момент помислив дека стварно Шарлот е виновна, почна да станува иста како мајка и. Само баш ме интересира како ќе се справи сега Викторија со Патрик... од толку голема љубов заслепена е. Ама не верувам дека толку брзо ќе го тргнат, ќе се мушнува лево десно сигурно. Ако ништо друго како љубовник на Нолан А баш пред некое време си помислив како во две сезони и две веридби Емили никаде не покажа ни слика од семејството И сега замислувам како ја објавуваат во списанието, некоја далечна роднина на вистинската Емили ги препознава, па ја контактира Or maybe not. Патем, Емили со по некоја солза и веќе чуена приказна го сврти Даниел? Толку лесно? What a men Туку, налетав на цитатов од Barry Sloane: (on his character Aiden Mathis) I think that he loves Emily beyond himself. And, even though it’s cliche to say it, he would die for her. It’s not really about him anymore. He’s lost everything and he’s going to do it for her.
Спојлер Океј, премногу се фокусираат на геј сцените, али се дур е Патрик полугол, одговара. Патрик е опасен играч, и чим сеуште контактира со бившата жена, значи она можеби и не му кажала многу вистини на Нолан, па оттаму може Патрик игра за да го придобие Нолан, а наш Нолан пати за љубов. И како стар лисец ко Конрад ја изџвака приказната на Шарлот? Јас сепак мислам дека Ејдан има врска со сообраќајката, ама ај да видиме како ќе се одвиваат понатака епизодите.
Спојлер И јас исто мислам дека Ејдан има врска со сообраќајката. Патем, многу беа убави така заедно со Емили во последната сцена.
Јас малку критички ќе се осврнам на последнава епизода Спојлер Иако имаа добар старт, некако приказнава пак ми оди по старо, Емили скарај се со Даниел, смири се, а на страна карај се со Ејдн па бакнувај се.И да заборавиме на трета страна помагај ми на Џејк Даниел според мене е најлесно да се манипулира со него.Како си ја проголта приказната на Емили, за 5 минути успеа да го сврти. Конрад исто така, успе да прежвее се и сешто а наседна на приказната од Шарлот и Викторија така лесно, но ајде тука ми е и малку разбирливо бидејќи се ќе направеше да се смири со Шарлот. Шарлот дефинитивно е најчистиот лик во серијава, целосно одтргната од фрикот мајка ми татко, а причината поради која се сложи да излаже дека таа ги има расипано кочниците е само поради тоа Џејк да не настрада. Јас неможам да го дефинирам Патрик.Мислам дека воопште не е чист и дека трета сезона ќе биде еден од главите ликови. И на крај страсниот бакнеж на Нолан и Патрик, се надевам само дека нема да ми го повреди Нолан бидејќи ќе си има работа со мене
Шок, шок, шок. Спојлер Емили ќе го ризикува сопствениот живот за да ја стрпа Викторија во затвор? Зарем ќе се оствари она во промото за оваа сезона? Наидов на слика од сетот, ова е венчалниот фустан на Емили: што е ист со оној на промото http://www.youtube.com/watch?v=_9zxGeGlpSc Ми мириса на местенка меѓу Ејдан и Емили и тоа опасна за да му ја свирнат на Малдивите.
Спојлер А јас па наидов на монтажава Почна да ме нервира Емили со тоа нејзиното back off, ко божем сама е во целава приказна, а си игра со човечки судбини на луѓе што наводно и значат. Ама сега едвај чекам да го видам планот за свадбата, звучи занимливо
Добра беше епизодава со исклучок на деловите каде Шарлот ја направија поголема сплеткарка и од емили, некако без врска ми беше ама ајде... Инаку последна ли е сезонава? Колку епизоди ќе има? Еј баш сега кога ја оправија ич не сакам да заврши Плус има убави мажи за плакнење очи, нека частат некоја епизода плус