Најдобрата епизода досега!!!! Спојлер Уште во почетните секунди кога Емили кажа: I'm sorry, знаев дека Даниел ќе пука, сигурно нема на Вики да и се извинува. Најсмешна сцена ми беше кога Даниел се појави откако ја испука Емили, мртов ладен. Епа од оваа епизода следува најинтересното. Не се нормални, паузираат до 5-ти јануари. Спојлер Емили се прави дека изгубила меморија, или конечно нешто ќе испадне реално? http://www.youtube.com/watch?v=xjY-QBoqAZM
Who am i ? Спојлер Значи ништо не испадна од планираното.Најпрво не ја намести Викторија туку Даниел.А како што гледам во промото и Даниел и Викторија се на слободна.Исто така сега ќе игра на таа финта дека го изгубила помнењето а познавајќи ја Емили дефинитивно ќе глуми. И јас на почетоков знаев дека не е Викторија, се мислев помеѓу Даниел и Шарлот. Патрик што ќе најде во сефот на Нолан? Навистина е многу далеку следната епизода, ќе испозаборавиме што се случило.
Мислам дека глуми, затоа што во претходната сцена од промото Емили е свесна со нејзиниот добро познат поглед. Башка не сум медицинско лице, ама повреда на главата немаше, а поради преголем губиток на крв и подолг временски период на неснабденост на мозокот со кислород, не знам дали може да и се наруши само памтењето без да има дополнителни ментални недостатоци. Лаички си размислувам гласно де Ќе видиме што ќе биде, тек во јануари
Спојлер АААа,знаев,знаев! Мислев дека Емили ќе открие која е,ама ајде има време за тоа,инаку прилично сигурна сум дека глуми и пак има осмислено некој план,премногу е ладнокрвна да и се деси амнезија и да биде ранлива Битно Даниелче и Викторија мака ќе си немаат
Ајде, брзо ќе дојде 5јануари со нова година славења празници нема ни да ја осетиме паузата. Него да се вратам на епизодава, за момент помислив дека лигушот Даниел вистински ја уби Емили. Дека нели не испадна според планот, сите можни компликации се случија вклучувајки ја и Лидија на јахтата. После промото за наредната епизода сигурна сум дека ќе глуми! Нели дадоа снимка од промото како Емили испливува од водата, свесна. Само да не ја издадат докторите дека она всушност и никогаш не била трудна. АУу уствари Даниел слушна дел од муабетот со Викторија и Емили па нема да се чуди.... секако ако памти, зошто дрво пијан беше. Највеќе жал ми падна за Сара што пробала да се самоубие. Се чека 5 јануари
Спојлер Јас сум ја испуштила и претходната епизода, па така малку како потресена бев синоќа кога видов дека имам две епизоди за гледање. Некако не ми се допаѓа насоката кон која тргнува серијава, веќе имам некои претпоставки како би се одвивале настаните понатаму. Емили оди еден чекор напред, два назад, само се надевам дека продуцентиве се свесни дека не можат вечито да ја остават Емили да крои планови, а во последен момент да не и успеваат. Само да прашам - зошто Даниел не изреагира кога Ејдан ја собра Викторија? Не го виде тоа, можеби помисли дека испарила во воздухот? Tumblr-ов е полуден, сите за Revenge пишуваат Emily's faking amnesia she has to be!!! Revenge got me like... Мid-season break?! OH MY GOD THE ENDING OF REVENGE.
Од љубопитност, редовно ја отворав темава и ја пратев, читајќи спојлери меѓу другото, иако не ја гледав серијава, освен поодамна на фокс лајф. И толку ме заинтересира според коментарите ваши што ја изгледав прва сезона за два дена, и тоа среде колоквиумска. И сега сум во борба со сама себе да паузирам и да седнам да учам, ама не, жива зараза е... И освен што е преинтересна и ја препорачав на кого стигнав, втора причина поради што се заразив е Нолан. Со оглед на тоа што прават пауза, мислам дека ќе успеам да ве стигнам со гледање, да бидам во тек со темава...
Спојлер Јас не знам дали глуми или не.Некако и тоа и тоа ми е логично.Може да глуми за да ја намести Викторија на друг начин, пошто планот не и успеа, а може пак вистина да изгубила памтење па да не се знае што како ќе биде. Инаку мене ова со Сара ми беше тотално непотребно, секако требаше да не и оди се по план нели за да има што да се дешава до крајот, ама мислам дека можеа да најдат нешто друго.Ова некако...Даниел беше затрескан во Емили до уши и еден ден туку така се појавува грдава и оп јас сум смртно заљубен во неа, да бе така е тоа, сега те сакам сега не. Мене Емили и Ејдан ми се пар снова, баш ќе ми биде криво ако стварно не се сеќава дека го сака А моментот со испарувањето на Вики и неприметувањето на тоа д страна на Даниел е смешка. Како и да е ми мириса ова мене на шпанска серија со нивните главни заплети трудна сум и го изгубив помнењето, абе ајде.
Го дочекавме 5ти јануари. Сега се чека 6ти за онлајн да излезе. https://www.facebook.com/photo.php?v=733133536699460
Епизодава беше WTF Спојлер Прво од ум ме извади тоа што Емили стварно има амнезија...второ тоа што го памти само татко е и што и кажа на Шарлот(фала богу не на некој друг)... Ејден и таа НИКО...кој му е планот на Ејден - мислев стварно ја сака Емили Сепак крајот многу ми се допадна, доказ дека Емили и Џек се створени еден за друг!!... ама кој ќе чекаа до нареднатааа епизодаа
Што беше тоа со Ејдан? Јас мислам дека искрено ја сакам Емили, ама дури и опсесивно.Женскава е некоја од минатото која уште го свиѓа, кога го бакна тој не и возврати или така ми се чини? Ќе отиде тајната на Емили во неповрат, Вики ќе ја открие и ќе ја држат дома како затвореник и бла бла шпанска серија... Не ми се допаѓа развојот на настаните, превише ја утупија работата...некогаш серијава оставаше без здив сега е дури и подпросечна.
Не верувам дека Емили има амнезија. Ова сигурно е некој одлично смислен план кој најдобро ќе го реализира сама.
Спојлер Неееееееееееее столицата на Викторија!Ќе ми фали најмногу RIP: Queen Victoria's Throne Кој е како Емили, тројца мажи се покрај нејзе. И мене малку ме здрмна Емили кога не го препозна Ејдан но нели тука е Џек да и ги врати спомените Ја претераа малку повеќе со Лидија, нормално Даниел пак ќе се извлече, како и секогаш мама и тато ќе му помогнат.А како што гледам во промото за следната епизода ќе биде уште повеќе заплеткана ама не во позитивна смисла. Инаку оваа Нико по мое мислење е исто како Емили и Ејдан, од островот каде учеја боречки вештини и одмазда. Не ми се допаѓа ама апла се гледа дека режисерот сака да ги спои на крај Емили и Џек! http://www.youtube.com/watch?v=nVejWVWoQuo
Спојлер Аууу, ќе ја откријат кутијата, готова е Емили! Е сега веќе не знам што ќе направи заедно со нејзиниов тим, никој веќе не може да и помогне. Туку, мене најмомент ми беше кога Викторија за заџапа Лидија Трета сезона по ред ја гледаме Вики толку ладнокрвна, не попушта, ама сега Лидија ја чепна за слабата точка - столицата
Спојлер Не очекував стварно да има амнезија и сеуште се надевам дека глуми,да не испадне шпанска серија Оваа Нико и јас мислам дека заедно тренирала со Емили,ама можно е таа и Ејдан да матат нешто,ништо не е како што изгледа во серијава.. За Џек и Емили се очекува да се заедно на крајот и иако он ми е лик без карактер,сепак мислам дека и е сродна душа на Емили. И редно е да ја откријат Емили или барем дел од нејзиното минато,пошто толку време манипулира,мора малце да се префрлат конците во рацете во Грејсон,да биде повозбудливо.Ќе биде добра епизода другата недела..
Ау Ау Ау како ги изманипулира Емили - дури оди!! Спојлер Многу добро изиграно, воопшто не го очекував она! а што е со Ејден и онаа? Дај бе не заебавај Ејдене... барем тој се надевав дека ја сака Емили, ама се изгледа Џек е вистинскиот! Ох Нолане како можи ти да имаш 41 година??
Ејдане манипулаторе! Спојлер Џабе е, совеста пак ти е нечиста па ако сакаш спиј со сите деца на Такеда. Дибек! Well done за Емили и Нолан, вториот затоа што на време ја измени содржината на кутијата, а Емили затоа што не се предаде. Суптилно и од околу режисерот ги мести Џек и Емили. Џек као остана покрај нејзе во се + има дете, а Емс веќе не може да има, и толку треба.
Спојлер Повеќе од јасно беше дека Викторија нема да ја најде вистинската содржина на кутијата, инаку која ќе беше поентата на серијата понатаму. Ејдан гадно се заебал ако мисли дека вечно ќе бега од тоа дека го уби Такеда. Нико ми делува на опасна женска, прашање на време е кога ќе скопча и ќе му го свитка вратчето. Не ми се верува само колку е лицемерен. Инаку го гледав промото за наредната епизода, ептен ми е некако шпанска сапуница. Ај што си признаа дека се во несреќен брак, ама па љубовницата глатко да си ја носиш дома во кревет Конрад барем си има посебдна вила за такви прљви работи.