Одмазда (Revenge)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од femina90, 23 септември 2011.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Уау, Емили во 10 минути дознава дека Нико го држи Ејдан, се бори со нејзе и го ослободува. Not sure if Superman. :^)
    Патрик си го убива татко си, а Вики му возвраќа со Relax, honey. Каква реплика, човече. :rofl:

    Капакот е мајката на Џек.

    Немам коментар еве, спичлес сум. :tmi:
     
    На Hipster и Elena69221 им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Мене епизодава ми беше комична :rofl:
    Си викам: Како бе тоа кај мене кога ќе дојдат мајстори нешто да работат, не ми се исповедуваат за синовите што никогаш не ги запознале и за сите грешки во животот и за сите постапки за кои зажалиле? Боже, каква глупост беше тоа со таткото на Партик!
    И како тоа Ејдан со саати седеше заврзан, ама откако дојде Емили и почна cat fight, овој одеднаш се одврза?!
    За мајкава на Џек... немам коментар! Шпањерос не им е рамен!
    А Дениел и Емили ми се прости со тие нивни детски закачки и префрлања.
     
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.774
    Пол:
    Женски
    Јас само едно ќе кажам - не мораше се и сешто да се случи во една епизода.

    Почнувајќи од бившата жена на Конрад, доволно е што се појави, па и ја зеде куќата на Викторија, и му соопштува дека му е мајка на Џек (?!), потоа Емили и нејзината потенцијална ментална болест, расплет на ситуацијата со Нико и Ејдан со една реченица упатена кон Нико, Шарлот се вработи во магазинот, Марго отиде во Франција, татко му од Патрик дознава за Викторија и за него и умира во истата епизода... се и сешто!! Овде буквално има материјал за цела една сезона, а не пак за една епизода и тоа после долга пауза.
    А со Нолан само две кратки сцени. :(

    Како и да е, мило ми е што им заврши паузата, едвај чекав... со толку многу нови случки, се надевам ќе биде интересно понатаму...
     
    На Hipster и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  4. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Серијава ја направија шпанска серија! Посебно со крајов... од нигде-никаде испадна дека му е мајка на Џек :fubar:
    Даниел па колку ме нервира... :x Одвратен.
    Не ми се ни интересни флешбековите на Емили. Се надевам дека што побрзо ќе ја вратат серијава во стариот правец зашто вака полека, но сигурно станува тиња. :|
     
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Сценава ми беше врв :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    ^Поубав стана Џек откога се истриже :D
    Епизодата не беше ништо посебно,како и претходните 2,3.Нема што да се стави и во спојлер :D
    Инаку многу ми се допадна комбинацијата на НОлан,онаа со жолтите панталони,не можев да најдам слика,ама најубав ми е!
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Брееејјј... |(

    Даниел во цела епизода го видовме во една минута... Станува Конрад лека полека.
    А од ова што го видов во крајната сцена, најверојатно првава Грејсон госпоѓа, ќе биде главен топик на остатокот од сезонава.


    Најпост на tumblr за епизодава :rofl:

    Exactly me when I saw David and Victoria flashback…
    [​IMG]

    Инаку, наидов на фоткава на интернет, сцена од 17тата епизода е.
    Кој знае што ќе ја спукаат пак Викторија и Емили.
    [​IMG]
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Уау, Емили кажа: I'm gonna kill them all, а Нолан толку се исплаши од оваа изјава што реши да го убедува Ејдан да интервенира. |(
    Патем, оваа реченица ја вергла цела серија уназад ко расипана касета. Кога кажа повторно бев во rolling eyes mood |( .

    Даниел откри страшна вистина, фалеше уште драматичната музика од индиските серии.

    Дојде и Конрад да се занимава со водење на списание.
    Kill me ако во серијава се знае кој пие - кој плаќа. Среќа Патрик се расоблече за збогум. :tmi:
     
    На Hipster, Marossa и prettyliar им се допаѓа ова.
  9. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.774
    Пол:
    Женски
    Хаотични им беа последниве две епизоди, ко режирани со сила некако, нафрлани сцени и изјави, од типот на I'm gonna kill them all...
    Туку, многу се смеев на сцената кога Џек на Стиви и објаснуваше за жената за која мислел дека му е мајка и дека му правела доручек секое утро...и у еден момент вика ...and pancakes, and..............(долга драматична пауза и тивка музика, мислиш нешто срцепарателно следи и туку:).......and ice cream.

    :rofl: :rofl:

    Безврска, но ајде. Според промото за следната има надеж...
     
    На Tiki-lolipop, 1209 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  11. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Зошто нема нова епизода онлајн? Пауза прават или? :^)
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Испадна,јас ја гледав прееска.
    На glowgaze.com одма има за гледање,ем немора да симнуваш,ем со англиски превод.
    Добра беше епизодата,сакам да ги гледам Емили и Џек како се здружуваат,да го сотрат цело племе на Грејсон :D Мислам дека Ејдан или ќе го убијат или ќе го тргнат некако,ги редат работите за Џек и Емили лека полека.Емили си се врати на задачата,ваква немав ја видено уште од прва сезона,редно беше да се потсети на мисијата и пак да биде 10 чекори понапред од овие.Даниел кое лигло стана,ми се гади кога го гледам,одвратен.Ми се допаѓа новото другарче на Нолан,ќе се смота со Шарлот како што видов :D А тој Паскал многу секси човек,не ми се верува дека Марго му е ќерка,ептен е згоден и младолик,а знаев дека и он е вмешан со случајот на Дејвид Кларк уште кога збореше со Конрад.Се чека следна одмазда :lol:
     
  13. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Конечно добар план на Емили. :clap: Се враќа во игра, полека, но сигурно. Мислев дека Викторија му ја подметнала кремата на Мејсон, ама очигледно сум ја подценила Емили. :D На Шарлот и е ужасно досадна улогата. Време е да сменат нешто. |( Даниел и Марго ги местат уште од сега...мислам дека заедно ќе завршат на крај.
    Како и да е, интересна беше епизодава.
    Ќе има четврта сезона?
     
    На SparkyAngel и septemberinparis им се допаѓа ова.
  14. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Значи на Емили никогаш не и е досадно :lol:
    Каша попара од серијава а сепак има нешто што ме влече да ја гледам.Навистина ми е глупаво ова сега па Марго од добра и вљубена во Џек и одеднаш почнува со Даниел да прави план како да биде главна во фирмата на татко и, почнува пак да чуствува нешто спрема Даниел :puke:
    Позитивна работа во последнава епизода ми е Емили и Ејдан и нивната заедничка тактика за одмазда.
    Викторија и Паскал ми се баш убав пар, мислам физички.
    Шарлот многу ми е во оваа сезона безлична и неприметлива како пионче само се појавувава и се губи.Не и треба многу на серијава да се врати со добриот стар шмек, незнам зашто сакаат толку да комплицираат и да создаваат непотребни ситуации, толку ли се без идеи?! :^)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Триста сплетки има во серијава,секој нешто мати,да не може човек да се снајде :D
    Овој Паскал право змијче испадна,имало повеќе во него,не е само пионче на Грејсон.
    Емили има добри планови,ама направи премногу моќни непријатели,ја демнат од сите страни,а сите се успешно валкани играчи.Викторија е една од најпаметните,иако и требаше долго време да сфати што прави Емили,ете и тоа бидна.Конрад ми е најодвратен,бескрупулозен,секогаш се извлекува за сламка.А баш ми е криво за Хавиер,кај отиде со оние да соработува,Нолан сега ќе преземе своја revengenda :D
    Мора,мора да почнат да расчистуваат малку по малку,а не да прават нови заплети.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Малку каснам со последнава епизода, ohoho things just getting interesting... :o
    Ова Марго од никогаш не ми се допаѓала, како викаат дајте му на човек пари и моќ одма вистинското лице ќе си го покаже! А и како што го пратам нејзиниот лик посебно последниве неколку епизоди се повеќе се одалечува од Џек, можеби и чуствата што ги имала кон Даниел никогаш не и згаснале?! :^)
    Хавиер не го коментирам, најинтересен ми беше на крајот Нолан хихи. Не сме го виделе вака навреден и да сака да се одмазди, му го превземаа другарот и потенцијалниот бизнис партнер.
    Овој Паскал ми стана и мене одвратен, опасен... Како убиваат луѓе, менуваат судбини...
    А како што гледам ќе има многу сезони судејки според бројот на прешкртани лица на фотографијата на Емили. :lol:
    Патем и Викторија не била глупава полека почнува да и ги открива намерите на Емили. Се прашувам со која совест спие мирно навечер? Се покварени моќни богати луѓе.. :tmi:
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    And there goes Pascam,may he rest in peace :D Конрад ја губи контролата и прави непромислени работи,му се ближи крајот.Ми падна жал за Викторија,изгледа како колатерална штета во секоја ситуација.
    Даниел е права лисица,како намести се,досега најлигав ми е,бетер и од Конрад и од секој друг.
    Баш ми е интересира кој е оној што ја грабна Шарлот,ми падна на ум да не е Дејвид со пластична операција :D
    Ако е Дејвид,ќе ги пцујам сите по ред :D
    Мислам дека во финалето од оваа сезона некој ќе биде затворен,или Конрад или Викторија,редно е веќе.
     
  18. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Конрад го убедува Ејдан да го убие Паскал. Паслак ја запросува Викторија на наjнегламурозен начин-Одамна требаше да го направам ова, ќе се омажиш ли за мене, попросто неможеше да биде.
    Киднапирање на Паскал од страна на Ејдан, а Емили се претставува како агент за внатрешна безбедност и сето тоа се случува во првите 5 минути :tmi: И за да во 6тата минута Шарлот ја прашува Викторија дали Дејвид Кларк е жив.Ја претераа навистина.
    И од кога соработуваат Конрад и Далиел? Нели беа непријатели до минатата епизода?! :^)
    Ме збуни сега кој е овој што и прати писмо на Шарлот, не ми изгледа познат до сега го немало.
    Конрад :o Знаев дека е мрднат човеков и ќе прегази се живо и диво но дека ќе го убие Паскал најмалку очекував.И на крајот јасно е дека типот што живее во колибата ја киднапира Шарлот но која е прилината ќе видиме во наредната епизода.
    www.youtube.com/watch?v=GhXiRG0aK-Q
     
  19. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    [​IMG]

    Што мислите? :^)
    Јас се надевам на Даниел,бидејќи во последниве епизоди ми стана безначаен лик!
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    ^Не верувам Даниел да умре,мислам дека ќе ги влече конците во следната сезона,се виде какво лукаво човече е станат.
    Јас типувам на Ејден,мора да исчезне некако ако планираат да го отвараат патот за Џек и Емили, натаму ми оди логиката.
     
    На Hipster, Elena69221 и Dog-lover им се допаѓа ова.