Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмазда (Revenge)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од femina90, 23 септември 2011.

  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    И јас мислам како Marossa. Ако не Ејдан, тогаш Шарлот. И така ја киднапираа, може нешто поврзано со тоа ќе е. Емили има за одмаздување и кај Даниел, затоа не верувам дека него ќе го убијат.
    Како и да е, ќе видиме за неколку дена. :D
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.581
    Допаѓања:
    43.096
    Пол:
    Женски
    Не бе какво умирање, не сакам Ејден да умре.
    Јас мислам дека тоа ќе биде Џек, на промото за последната епизода ми изгледа така.
    Новата епизода беше супер, само што ми смета што цела сезона ја тупат и на крај во 3-4 епизоди се завршува се.Најдобро би било серијава да имаше 10 епизоди и да се одвива брзо и напнато.
    Мислите ли дека Емили ќе успее да ја заврши својата одмазда?Јас мислам не, барем не сезонава, сигурно ќе има уште една сезона, каде што ќе се труди да ја затвори и Викторија, како и да е Викторија дозна која уствари е Емили и тоа не ми се допаѓа.

    Само да не умре некој од моите омилени ликови, стварно не би сакала тоа да е Ејдан или Џек или Нолан недај боже.Нека е Даниел прити плис.
     
  3. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
  4. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    За торент не знам... ако ти завршат работа овие за онлајн гледање:
    http://g2g.fm/forum/showthread.php?...oad-S03E21-720p-HDTV-x264-Streaming-Subtitles - со англиски превод
    http://tv-series.me/revenge-s3e21-impetus/ - без превод
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Уфф,биче јако финале :D
    Која сатисфакција ја имав кога Конрад излегуваше од куќата со лисици,прајслес :devil:
    Жал ми падна за Шарлот,не заслужува такво семејство.
    А сега уште сум во мисла кој ќе умре,можеби сепак не е Ејден.
     
  6. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Мене ме влече накај Ејдан дека ќе умре :^) Џек ако умре ќе биде ту мач, жена му умре, брат му и сега и тој :!: не ми се верува. Јас типувам на Ејдан или Шарлот
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Оффф, јас па мислев дека денешната епизода е финале. :tmi: Затоа се прашував зошто никој не умре. :D
    Моментот кога Џек ја пушти Шарлот, почнав да го пцујам. Мислев дека и го расипа планот на Емили, ама испадна подобро од очекуваното. Како и да е, Конрад сигурно ќе превземе нешто против Емили, не верувам да не и се одмазди. :?:
    Според мене, тема на одмазда за четврта сезона ќе биде Викторија. И ќе внесат нешто ново со тој што и праќаше писма на Шарлот. Сепак испадна дека не и била толку досадна улогата на Шарлотка.
     
  8. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Само мене ли ми досади серијава? :?:
    Последните епизоди ги завлечкав, дури синоќа ги изгледав. Поим немав ни до каде сум.
    Емили се изгуби сама себе штом дојде до дереџе да ја киднапира Шарлот. Многу уфилмани ми беа некои работи. Ај последните епизоди не беа лоши, ама целава трета сезона во глобала беше многу полоша од првите две.
    Читам на интернет дека можно е ова да е последна сезона, а богами ни јас не би терала четврта. Ако ја завршуваат сега, многу работи ќе треба да се случат во само една епизода. Ама подобро така, отколку да почнат нова сезона и да нè влечкаат.
    Освен ако немаат некоја којзнае колку добра идеја за да направат пресврт.
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    :o
    Знаев луѓе,знаев дека е жив,осеќав дека ќе направат такво нешто продуцентите.Се гледа дека немале идеи за четврта сезона.И мислам дека Емили нема да му прости толку лесно,бидејќи неговата смрт ја иницираше целата одмазда,како се што гледавме до сега да паѓа во вода.И тоа дека Ејдан ќе умре,се очекуваше,ама на ептен безвеза начин отиде.Крајот ми беше прајслес,Викторија затворена,а Емили излегува од болницата победнички LIKE A BOSS.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.581
    Допаѓања:
    43.096
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува кој потег очаен го направија.
    Зошто о зошто мораше да умре Ејдан, баш сега кога може да бидам среќни со Емили, ептен беше жална сцената.Арно ја намести Викторија, на почетокот ја жалев мислев дека е само уште една играчка на Конрард, ама испадна дека и таа е исто толку злобна како него.Не се ни мислеше да го убие Ејдан, злоба.
    Шарлот, мивка...само избрзува со некои заклучоци безвеза, сега ќе го затворат Џек, бла бла.Требаше сезонава да биде последна, да заврши одмаздата, секако поубав крај ни не замислував, Емили со Ејдан, Конрард во затвор Вики у лудница.Совршено.Но нели мора да има и друга сезона, па го направија потегот со Дејвид Кларк.Јас да сум на Емили на местото кога ќе дознае дека е жив никогаш не би му простила.Да си го посветам животот на одмазда, да тагувам за татко кој уствари е жив и не се ни потрудил да ми навести некако...каков татко е тој.
    Мораше да ги спојат Џек и Емили до крај на серијава, па затоа го умреа Ејдан, ама стварно јас ептен си го сакав.Со тој негов шарм и маженственост, заштитничка острина, убавини од актер.
    Крајот ми беше светски, Емили баш ја имаше она фацката ај ем тхе кинг оф тхе ворлд.
    Ептен беше добра сцената со Вики, и тоа како ја среди.Браво за тоа.
     
    На Chimera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Колку работи се случија одеднаш... :x
    1. Убиство на Ејден
    2. Шарлот се свести од нигде никаде дека Џек ја киднапирал :^)
    3. Дејвид е жив
    4. Убиство на Конрад
    5. Викторија во болница

    Што е многу, многу е. :| Цели три сезони ги влечат работите и се откриваат во една епизода. Многу мразам така кога прават. |(
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Како за последна епизода воопшто не ми беше одлична. Просечна, би рекла. Очекував многу повеќе.
     
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам серијава. Дури сега видов дека има тема. Како и да е последниве епизоди ги чекав со душа но за жал не ги исполнија моите очекувања. Ај што умре најпрекрасниот лик ама ако ова е озбилно крај тогаш се разочарав. Ми треба лично на мене барем уште една епизода за хепи енд. Во една епизода ставиле се, барем да траеше подолго. Ама ќе чекам дај боже бар една епизода + ако не... :?: Оваа и Никита ми се НАЈ серии на мојот живот :lol:

    Викаат ќе имало уште една сезона. Тука ги гледам најновите случувања па се надевам ќе има нешто ново за кратко време.

    https://www.facebook.com/RevengeABC
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Е па или ќе ја завршуваат сега, или ќе вадат нов материјал за четврта сезона.
    Ова со Дејвид го извадија од нигде никаде, исто како што беше со мајката на Емили.
    Оп! - жива била |( Не им требаше ова. Го упропастија ликот на Емили скроз на скроз. Јадна таа, да не знаеш за што попрво да ја жалиш. Требаше една среќна завршница и финална сезона да биде ова. Дајте и одмазда и душевен мир на девојката и толку. Што ќе биде следно? Ќе му се одмаздува на татко и? :^)
    Не ми се свиѓа што ги расцепија ликовите уште во оваа сезона. Дениел си е башка свет, сега и со последната случка со мртвата девојка, претпоставувам и во четврта сезона така ќе биде.
     
  16. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Мене најкриво ми е за Ејден. Толку претрпе поради неа и на крај така да заврши. Ќе беше арно како на Никита имаше еден напиток и во наредните 24 часа си како мртов не знаеш ништо така да направеа со него :D ќе мора да поразговарам со продуцентите :) Некако пак ќе повторам последниве епизоди здосадија но доколку има уште една сезона се надевам дека ќе бидат интересни епизодите. Имам една моја замисла: Дејвид се сретнува со Емили и се извинува бла бла бла што толку го немало, имал доста планови бла бла што ми се допаѓа за последна епизода од сезонава а втората замисла не ја посакувам многу а е следнава: Дејвид оди кај Викторија за да и се одмазди но ОП сеуште се сакаат :rofl: итн итн и Емили се бори против нив леле си направив филм. Е така драги мои...
     
  17. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Во мој претходен коментар имаше-Уште Дејвид Кларк да испадне на крај жив ќе биде смешки и оп на крај ете ти го Дејвид Кларк. :tmi:
    Од финалево имам и негативни и позотивни коментари.
    За смртта на Ејдан очекувано беше, нели сите коментиравме дека најголеми се шансите за негова смрт, и знаеме на кај тераат цело време, сакаат да ги спојат Џек и Аманда.
    За момент помислив дека пак ќе се спаси кучето Конрад и на крај кога го видов мртов се реков оффф добро е, конечно.
    Мислам дека Викторија заслужуваше баш ваков крај, сама, во лудница а Емили излага од собата како победник :clap:
    Негативно ми е појавувањето на Дејвид, појавувањето на брат и на Марго и глупавата местенка за Даниел.Мене само ми е страв да не го заплетка и Нолан во нешто.И на крај глупавата Шарлот :x

    Може имаа огромни утки сезонава, но за нијанса беше подобра од претходната, и некако се радувам дека им дадоа уште една сезона :)
     
    На lextravagance и Elena69221 им се допаѓа ова.
  18. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    На која страна ги гледате епизодите онлајн, девојки? :)

    На FoxLife ги даваат ама стигнати се до Blood и бавно оди прикажувањето. Уште 4 епизоди има до крајот на 3тата сезона, па сакав да си ја довршам побрзо.

    Инаку заљубена сум во серијава. Акција до акција, нон-стоп. Периодите кога Емили имаше blackouts ми беа најлоши.. стравував да не ја откријат, цел ден мислев на епизодите, абе не знаете. :lol:
     
  19. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски

    http://watchseries.lt/serie/revenge
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    И јас мислам дека четвртава сезона им е непотребна. Можеа среќно да ја завршат, Вики во лудница, Конрад доживотно во затвор и Емили и Ејдан конечно заедно.
    Најтажен ми беше моментот кога Емили почна да плаче, зар стварно требаше еден толку добар лик да го умрат во последна епизода, пребрзо и на толку подол начин. Дефинитивно на Викторија лудницата и е малку, заслужува болна и бавна смрт. Колку ладнокрвно го уби, ни око не и трепна. Што се однесува до појавата на Дејвид, речи су сувише. Најнепотребна приказна за развивање и цела одмазда на Емили била за џабе и паѓа у вода. Шарлот, хм.. не ја сметав за толку глупа, али моментот беше во рок од 5 минути сфаќа дека Џек ја киднапирал и го пријавува. Глупости |( |( Исто и за Даниел, сеа цела 4та сезона ќе го уценуваат, а евентуално може во затвор да заврши, пак :^)
    Единствена светла точка ми беше крајот, Емили кога излезе од лудницата. Priceless 8)
    [​IMG]