Скроз сум заборавила што се случуваше минатата сезона. Ми требаше малку време да се вклопам во настаните. Спојлер Јас веќе губам надеж за серијава. Џек станал цајкан на 35 години, Дениел крпи крај со крај, а Шарлот скроз забега. Емили станала толку огорчена што се претвора во Викторија. Никако не може мирно да седи, позади секој нејзин потег се крие нешто. А кога сме веќе кај Викторија, колку смешно ми беше целото сценарио со нејзиното бегство Како лагано со излезе од психијатриската болница, чадорчето во рака, фала чао пријатно. Емили ја фрли таму и мислеше дека се решила од неа до крајот на животот. А па тек сега да дознае дека татко и е жив, којзнае што ќе се случува. Уште Гидеон и неговите сплетки фалеа во приказнава. Патем, Марго да си ја смени фризурата под итно, како шлем е во главата
Спојлер ^ Се согласувам за Марго, многу смешно и стои. Едвај чекав да искочи новава епизода, ама онака, ништо посебно не беше. Само интересно заврши. Ејден ми фали, маче беше
ех нова сезона и нови 4уда се прашувам дали навистина ке жали за Стореното АМАНДА ..или пак ке е со забавни одмазди овој пат за ЕДАН ЧД
Офф Спојлер Шпанска сапуница Сериозно не знаат каде тераат веќе. Според мене совршено ќе завршеше серијата нешто слично на минатата сезона. Сите Грејсонови ги реши, им кажа која е и поштено и моќно си отиде. Ова со Дејвид којзнае како ќе излезе, може на крај Емили и на татко и ќе му се одмаздува, затоа што цели 20 години и се криел и со тоа и го згорчувал животот. И сега Конрад жив е или не? Нели оваа новата пациентка со куферот и изрази нешто ко сочувство на Викторија? Иако никој не го обожаваше не очекував колективно да го жалат, ама сепак не дадоа било каков друг знак дека е мртов. Или ќе го воскреснат кога ќе им притреба пак, како и со останативе ликови што си ја имаат таа практика? Нула почеток на сезона, не знам ни дали има воопшто можност за опоравување.
^ Конрад дефинитивно е мртов, проверив и на Имдб го нема во новата сезона како актер. Спојлер Морам да признаам дека очекував подобар старт ама па од друга страна па ја изгледав епизодата без да трепнам иако на моменти знаев да превртам со очите, имаше некој моменти кој беа туууу мачччч!Ќе почнам со Емили, глупача права ми е, болна е за освета и со нејзиното однесување ќе го тргне и Нолан.Шарлот исто и оваа сезона нема намера да се оправи, размазено и наивно девојче си беше и ќе си остане.Викторија ми беше најjака кога излегува од лудницата со чадор, целата спастрена, облечена, нашминкана и со нактит Позитивно ми е само новиот лик, партнерот на Џек, многу ми е убав и комбинациите што ги носеја Емили и Шарлот
Да прашам, може да ми дадете линк од кај ја симнавте? Симнав прва епизода и не можам да ја глеам дека е на француски, а изглеа глупа сум не можам превод на англиски да најдам.
http://thepiratebay.se/torrent/11126132 Спојлер Ако имаш BS player, автоматски ти бара превод, не мораш ништо да симнуваш. До сега секогаш ми бил усогласен со звукот. btw, од тука секогаш симнувам торенти. http://torrentz.eu/search?f=
Спојлер Шарлот си е прав психопат,во секоја смисла на зборот. А познатиот Дејвид Кларк е наивко кој треба уште многу да учи од ќерка му.Знаев дека Викторија ќе го сврти против Емили,едноставно знаев Партнерот на Џек е многу секси и можат да го спојат со Емили,ама сепак мислам дека е време да се деси нешто помеѓу неа и Џек.
Што е многу многу е Спојлер Значи не се нормални овие од продукцијава.Кога кажа Дејвид дека Аманда е мртва Викторија преќути, не му кажа дека е жива.Демек нема да дознае кога ќе се видат или кога ќе се види Дејвид со Нолн???Шарлот е психопат невиден Најјако од се е моментот кога Дејвид во обично кафуле и кажува дека го убил Конрад.Ни го претставуваат Дејвид како голен наивчина и сега Викторија ќе манилулира со него.Незнам дали да плачам или да се смејам.
Значи на работ сум да престанам да ја гледам! Сакам и драма и возбуда и плетканици, ама вакви бљувотини од сценарио не можам да гледам веќе. Бетер се од Росалинда, Касандра и Есмералда на куп! Ако знаат каде тераат еве на. Ќе и го мавнам сатарот без око да ми трепне, само чекам уште некој бисер да извадат од ракав.
Спојлер Класична шпанска серија. Не знам кој момент ми беше најтрагичен. Дали кога Викторија нишани кон Емили или кога Дејвид проба да ја убие и СКОКНА од тераса Очигледно е дека му снемало идеи на продуцентот, па мора да смислува очајни потези. Исто и со претходната епизода со Шарлотка што не знае да глуми. Добри му беа ироничните коментари на Даниел кога се сретна со мајка му во хотелот.
E значи тотално се изгубив во серијава, не памтам која епизода последна сум ја пуштила. Немам ниту време да ја продолжам и уште толку ми е потешко. Сигурно почнала и четврата сезона штом сте почнале со коментирање. Ах, зошто денот не трае 48 саати.
Единствен лик кој уште ми е симпатичен е Нолан. Другиве ги упропастија. Еве промо за следната епизода, Емили конечно ќе ја дознае вистината за Дејвид. http://www.youtube.com/watch?v=eJZnfyuf6LU И ќе се согласам со еден од коментарите под видеото: the story is now very far from the clever tv show it used to be.... Како некој од продуцентите на es mas да ја прави. Многу евтини фори и сплетки. Шарлот демек е главниот херој во приказнава која ја докажала невиноста на татко и, а сега Викторија очекувам дека ќе се прави будала и ќе вика дека немала поим дека Емили е Аманда А овој Дејвид испадна толку наивен и смотан... Пак дозволува The Graysons да го манипулираат.
Спојлер Јас мислам дека Дејвид знае дека Емили е Аманда. Он и ги запамтил очите на Шарлот, што ја видел еднаш кога Викторија ја донела во судницата како бебе, па нема да ја познае Аманда, ќерка му што ја растел толку години и толку близок однос што имале. Затоа и се пресече кога ја виде. И затоа и се самоказнуваше со ланецот, затоа што сфати дека за малку ќе си ја убиеше сопствената ќерка поради Викторија. И поради тоа што виде дека Нолан и Емили се моментално многу доби другари, затоа и не го побарал се' уште за да го исконтактира. Мислам дека има смислено некоја јака одмазна на Викторија и дека он ќе ја реши на крај, како јаготка на шлагот. Ова моментално најверојатно е глума, затоа што сфатил дека не може импулсивно да се решаваат Грејсонови, затоа што секогаш они ќе победат. Се надевам дека сум во право, инаку ми нема логика да е поинаку!
^ Спојлер И мене ми падна таква мисла,она со ланците изгледаше навистина чудно.Многу би сакала Емили да се здружи со татко и,да ја докрајчат Викторија еднаш засекогаш,одвратна ми е веќе. А какво гревче беше Емили,душата ме заболе,навистина неправеден живот и се пишал,радост не виде. Инаку како еден вид предвидување за крајот на серијава,хепи ендинг со Емили и Џек и пак си живеат во старата куќа,а тука некаде е и Дејвид и Нолан. И мислам дека треба да ја завршат по оваа сезона.
^ Спојлер Ја мислам дека ни Конрад не знаеше дека е жив Дејвид. Тој се самоказнуваше со ланецот за да испадне така, ама мислам дека има друг план. А ако нема друг план, тогаш стварно е многу смотан.
Серијава стварно шпанска серија. Емили/Аманда го одмаздуваше татко и 3 години за на крај да дознае дека е жив. Сега Дејвид сака да ја одмаздува Аманда,која всушност е Емили Торн и која всушност е жива Уште да испадне дека Дејвид не и е татко,многу ќе се смеам ПС:Оти нема спојлери?