Спојлер Ќути Тајлер го мавнаа Се согласувам со вас погоре, лажнава Аманда ми е ептен лажна, и се гледа во очите дека е многу лицемерна. Од 2 дена се заљуби во Јек, па ќе останува тука, ајде бе. Не гледам зашто му го вртиш грбот на човекот кој ти го чува истиот. Ја замоли убаво да си оди, знае каков живот имааа Емили и колку и е битно да им се одмазди, што мисли дека ќе постигне, повеќе пари или...Безвезе лик, ама вајда мора да постои таков, да и го отежни патот на Емили, да не биде се по нејзино. Викторија, каква жена, змија со 100 ума.
каков превод ти треба??? Симсни си BS player сам ти бара превод, и мислам дека за Revenge имаше Хрватски или Српски. Англиски има обавезно ама препоставувам ти треба друг. Само Maкедонcки тешко...
Баш ти благодарам, сега ќе го направам тоа За македонски рано е, ќе излезе после 1 година спрски, хрватски сеедно е само да има превод Нема.. само англиски има
Jа гледавте новата епизода,тоа на крајот беше шок Спојлер Kако бе Emily и оваа Sharlotte сестри,се здрвив еј Hаредната епизода ке е многу интересна и повеке акција ке има,го гледав промото
Спојлер E фала богу ја тргнаа и Aманда Kолку ми е жал за Jack,пак сам си остана кутриот Aј дајте промо за 14 не можев на нет да најдам
Revenge Perception Season 1, Episode 14, Airs 2/8/12 Значи нема нешто полошо откако веќе ќе помине средина на сезоната, ќе дадат уште 1-2 епизоди, и ПАК се прави пауза! И вака е кај сите серии, ама зошто? Кој ќе чека до 8 февруари?
Revenge “How’s June for the wedding?” Ако мислат до јуни да трае сезонава, ептен ќе ја развлечат со паузи А јас искрено да ви кажам, толку ме влече серијава што вчера бев буквално разочарана кога видов дека нема епизода
Спојлер Па мислам боже господе, најважното нешто околу кое се врти целата одмазда да го чуваш во дрвена кутија скриено под даска на подот. Поклише , здравје. Па купи си сеф со тие пари ... Него ајде, дејствието мора да се врти некако... како инаку ќе се одржи интересот? Јас мислам кутијата можеби е кај Ешли.
Спојлер E конечно наредната епизода е таа што сите ја чекавме Jас се сомневам дека лажната кутија е кај Aманда лажната нели,или кај Eшли Aуф човече Bикторија колку ме нервира со таа насмевката
Веројатно следната недела ќе биде епизодата со свршувачката, кога Даниел ќе биде ранет, како што почна првата епизода. http://www.youtube.com/watch?v=S5UtbtUq4wE Многу ме интересира кој ја земал кутијата. Дали е само да не замислат па е некој од "безбедните" или некој што ќе ја уценува Емили
Спојлер Aj што неможам да разберам што ги чува работиве во таа кутија наместо во некој сеф или незнам, што, нешто посигурно, ама што беше луѓе она со поканата вака останав Абе покана ли беше за веридба или поклон за матура. Се прашувам само каква ќе биде поканата за свадба, бидејќи нели оваа за веридбата беше. И ќе видиме дали е само ранет Даниел или го килна. Неможев да најдам подобра слика, каде се гледа убаво, ама јас си останав цела у прашаланици со поканава
Спојлер Каша-попара, Даниел ли го уби Тајлер, Аманда ли, кај беше Даниел додека Аманда и Џек ровареа врз телото на мутавиот несреќник Тајлер? И уште поважно - дозна ли Даниел за Аманда и нејзината одмазда од Тајлер пред да умре? А Емили/Аманда значи нема осет. Сфаќам одмазда, ама што мајка им се намерачуваш на децата на непријателот, како Шарлот на пример? Па и полусестра ти е, боже заслепено суштество. И Џек, место да му каже, да го заштити, она го остави толку време да се мафта со другачката нејзина од поправен дом... Абе ајде.
Спојлер Даниел го уби Тајлер, а и да дознал сигурно нема да се сеќава следниве епизоди(искуството со американските серии тоа ми го кажува ). Туку мене многу ме интересира кој ја собра Аманда со кола
Девојки, ако може да ми кажете од кај да ги спуштам епизодите, јас само првите 10 ги најдов на ЗАМУНДА и сега ги нема веќе а незнам од каде на друго место... ве молам за помош
Спојлер Jас па мислам дека Aманда го уби на Tајлер,за да ја заштити Eмили,затоа што сепак сфати дека не и мисли лошо Mислам дека Даниел веке знае за тајната на Eмили,така ми изгледаше во промото за 16,е сега веке станува интересно И пак паузираат 1 недела,и еве промо за 16,доста интересна епизода ке е http://www.youtube.com/watch?v=hKuSXXmEPVU