Мене Бен ми е многу посимпатичен од Џек. Џек си е Џек, нормално, ама баш добро освежување ми е Бен. И се надевам дека нема да загине трагично како претходните двајца избраници на Емили. Во која насока ќе тераат сега откако делумно да речеме дека се средија работите од минатото на Дејвид? Сигурно ќе се сврти приказната накај Викторија и нејзините кетфајтс со женуриите, па и заговорот на Марго против Емили. Пак ќе стане досадно.
Ах, серијава тотално излезе од колосек... Последнава епизода ја цепкав на парчиња и едвај ја догледав искрено. А баш пред некое време си пуштив од старите епизоди, мнооогу беа подобри, поинтересно скроени. Што знам, тогаш некако имаше смисла, имаше многу повеќе smart moves, просто да те остави подзинат крајниот исход на некоја сплетка. А сега сценариово ми личи како деца да го пишуваат. Толку глупава ми беше целата ситуација со Малком Блек, особено тоа со Емили и нејзината порака на дуксерот на Иван напишана со кал Џек па ми е ептен изгубен, сака нешто да направи, ама се плетка кај што не му е место. Многу смотан испадна со тоа што истрча да го пријави Малком. Бен не ми е толку лош, мене па повеќе ми одговара со Емили отколку Џек. Не ми се свиѓа тоа што тотално го уништија ликот на Дејвид - три сезони го претставуваа како посветен татко кој се жртвувал за својата ќерка, чиста душа без ниедна дамка, а сега дојде тука и почна да коле и беси што се вика, да игра некакви прљави игри. И не ми се свиѓа во која насока тргнаа во оваа сезона. Сега уште спин оф им фали кај што главната улога ќе ја има Марго, а главната цел ќе биде да ѝ се одмазди на Емили.
Оваа сезона ми е најизненадувачка од сите.. толку многу работи се случија што не знам кој е кој. Малце ми падна жал за Даниел што заврши на тој начин. Марго ми беше сосема кул личност во сезоната кога беше со Џек, сега некако се ми е вештачка. Џек мислам дека заслужува повеќе од ова сега што му се случува. Мојот омилен Нолан малце ми фалеше во последниве неколку епизоди како да го немаше многу многу, но сепак ми е најогринален и најконтинуиран од прва епизода па се до сега и конечно мило ми е што излезе од таа геј зона редно беше
Многу ја заплеткаа серијава. Само вадат нови ликови, само нови сплетки. Вчера бил добар, днес лош и обратно. Сите носат маски, никој не е како што изгледа. Многу сплетки, премногу.
Серијава ми е омилена уште од почеток ја следам. Емили ми е многу јака девојка меѓутоа се однесува премногу грубо, некако премногу насилнички. Незнам што и требаше ова со партнерот на Џек сега ич не ми е убав, а и премногу љубопитен . Туку што е ова сега со бившата жена на Бен, каде е таа? Марго премногу ме нервира, многу идиотски се однесува дури сакаше Џек да отиде во затвор знаејќи дека Кајл ќе остане сам а и самата е бремена. Кога се смени толку незнам. Некако сите во серијата не се тоа што се претставуваат на почетокот, сите кријат нешто. Ривалката на Викторија, жената на стариот Грејсон ми е многу симпатична и навивам за неа валјда дека играше во Одела, оттаму ми е добра. Паметно од Нолан да ја вклучи веќе Луис во играта многу ми е јака и мислам дека ќе им биде од корист. Дејвид некако го изоставија, човекот се досадува, вели се зближува со Емили но не ги даваат заедно веќе. Жал ми е за Џек, нависитна не требаше Емили тоа да му го направи отсекогаш мислев дека е заљубена во него и само чека и тој да го сфати тоа. Пуштив некоја солза на крајот за ова баш се супер заедно..Некако сакам некој нов лик да с епојави во серијата веќе станува досадна/
Шега направија од прекрасна серија, новата епизода беше очајна Спојлер Особено делот со борбата помеѓу Луис и брат ѝ, падот- како шпанска серија да гледав со тоа драматичната музика и лошата глума.
Спојлер ^Ми го зеде зборот од уста Луис го акна брат и во провалијата,Џек нешто го апсат,па сцената за божемското силување на Дејвид,абе Маричуи беше поиновативна И Емили таму некој тепа,у нејзин нинџа стил,со Бен нешто изиграваат,Марго пак ненормално се занесуе,ама дај боже убаво да ја акне тоа таксито следната епизода и да ја снема набрзинка. Можеа едноставно кога Џек и изјави љубов,Емили да си ги прифати чувствата и крај веќе,што само драмат беспотребно.
Спојлер Леле луѓе што направија со серијава? Секој можен детал, секоја можна врска ја направија очајна, како 13 годишник да го смислувал сценариото. Само што ги изгледав последните две епизоди, уште сум под импресии и не ми се верува какви глупости изгледав Не знам што беше полошо, фората на судиката што и ја направија или лагата на Марго дека Емили ја бутнала. И сега со Викторија ќе прават планови за да ја уништат и така се по ред. Невиден очај! Па и шпанскине серии имаа усул малце
Не пишувам во спојлер,како што рече феминката погоре,секој коментар е сувишен. Same shit,different season. После последнава епизода,и од оваа серија се откажувам,ете официјално. Па значи колку серии ми упропастија оваа година,нема човек што да гледа
Многу ја сакав серијава кога почнав да ја гледам. На секоја следна епизода превртувам очи од провидност и "ајде било што да се стави зашто нема што друго" па по цена и нокт да му се скрши на некого и да се направи драма. Televisa presenta треба да пишува пред стартот
Читав дека постојат шанси ова да е последна сезона. Ако е така супер ќе е, да не се измачувам повеќе зашто безвезе ми е да ја оставам после толку време..
Леле, сериозно? Толку ми е криво што го пишувам ова, ама редно беше и тотално очекувано. Ги немам прегледано последниве неколку епизоди, се сомневам дека ќе ги погледнам во скоро време. Ептен ако ме фати некоја носталгија или грижа на совест дека сум ја оставила серијава на пола пат.
Имало господ да ги ислуша моите молитви. Во името отецот, синот и светиот дух, Амин! (смајлиштопалисвеќа)
Штом ќе ја завршуваат,ќе поднесам уште 2 епизоди,кога веќе сум гледала толку Замислете во финалето се појавува Конрад и ја убива Емили. Многу ќе се смеам
Не разбирам, ова беше последна епизода? Нели ќе има уште една како што гледав има промо за 23 епизода од 4та сезона. МИслам дека завршуваат со 23 епизода.
Леле кои циркузи беа последниве неколку епизоди Не знам од каде да почнам со набројување на нелогичности и глупави потези... Мене ми се собраа неколку епизоди, ги гледам само кога возам точак, ептен да не ми биде досадно. Денес ја изгледав последната. Не се ни замарам со тоа да давам претпоставки што ќе се случи и како ќе заврши, отиде во неповрат серијава
Заврши и чудово Спојлер Ништо не беше неочекувано,секако дека Емили ќе се венча со Џек и ќе го земе срцето на Викторија и ќе живеат среќно засекогаш Дејвид си замина како што се појави,одеднаш. Нолан срцката зависник од ОДМАЗДА Да беше епизодава порано,пред сите глупости,ќе ме трогнеше и ептен ќе се радував,вака само ми е мило што заврши.