Спојлер: The End Иако ептен ги убрзаа работите, мило ми е што направија така, зашто ептен ќе ми беше криво ако ја прекинеа недовршена. Сцената со свадбата беше преубава, со погодена музика, со преубав фустан на Емили, со све. После Ејден ич не бев фан на Џек, ама добро ги скоцкаа во последен момент. Исто и ова ми беше преслатко. Сакам да ги избегнам нелогичностите како Викторија кога се појави на сопствениот погреб, па затоа нема да коментирам од тој аспект. Многу пресврти за кратко време, ама кога не им текна порано да ја завршат серијава, мораше да е вака. Како и да е, среќна сум што заврши со достоен крај.
Си ги прочитав спојлерите без пардон, со душа чекам утре да ја изгледам епизодата. Патем, Емили ќе ми фали најмногу. До сега немам забележано ваква друга актерка со толкава грациозност. Ептен ми делуваше аристократски, со однесувањето, со реакциите, ма вистинска дама!
Леле последнава епизода ми личеше на моментот кога некоја другарка е возбудена да ми каже сè наеднаш, па не знае кај да почне, а кај да заврши Ептен беше избрзано. Криво ми е вака кога некоја добра серија ќе изгуби од квалитетот, до толку да падне. Мене искрено ми беше смешно како се одвиваа работите И уште пред да дојде завршната сцена со Нолан, си помислив - леле колку ми е симпатичен како лик, да направат спин оф серија со него жими сè ќе ја гледам. И ете нешто кое ми го разгори љубопитството Ајде Нолан, можеш ти
Јас последнава сезона некако изгубив интерес и не ја изгледав цела. Стигнав до пола сезона и ја баталив, ама морав да видам како ќе заврши. Ама баш она, све набрзина Сепак, ако не по приказна, дејствие, или што и да е, серијава дефинитивно ќе се памети по Викторија Грејсон и Емили Торн Мене уште по малце срце ми плаче за Даниел... направи доста лоши работи, ама таква добра хемија ми имаа, why producers, whyyy?
Конечно некоја серија да има Happy end. Се беше скоцкано во една епизода, што и ми се допадна, немаше место веќе да се развлекува. И најдобар момент ми е што остана место за дискусија, дали срцето е на Викторија или не...
Kolku ja gledav foxlife programata pred da ja prekinat do zimata nekade segaa skoro i da ne znam sto se slucuva , znaci zavrsila serijata interesni likovi i nastani imase ke ima li nekoe prodolzenie ili ?
Срцето не е на Викторија, смислено е само да биде во психата на Аманда која што ќе ја прогонува понатаму во животот.
Јас искрено не сум задоволна од финалево. Ми делуваше ептен извештачено и се скоцкано на брзина. Прво целава приказна со Дејвид немаше логика,која е поентата да го воскреснат за на крај ко од ведро небо да му дијагностицираат рак и да умре. После, Емили и Џек најлош пар! Немаше никаква хемија меѓу нив и така во последните две епизоди оддеднаш се разбуди таа голема љубов. Џек ич не го сакав ко лик уште од старт ко потрчко и наивен, без карактер. А Емили таков не заслужуваше. И многу повеќе ќе бев задоволна ако завршеше ко 3 сезона со Конрад во затвор или мртов, името на Дејвид исчестено, Емили со Ејден ( кој засекогаш ќе ми остане непреболен) и Викторија во лудница под седативи. Тоа ќе беше баш одмазда,а не вака , се изгуби само првобитната смисла на серијава. Океј е што ја завршија до негде среќно,ама ги уништија ликовиве последнава сезона. Ќе ми фалат само Нолан и Емили која ќе ми остане како една од омилените женски ликови до сега.
Јас ја прекинав уште минатата сезона, некаде при крај, не можев да ги догледам последните епизоди зашто ми стана ду мач. Ги гледав само промата на јутуб и ги читав вашите коментари. Ја симнав само последната епизода и со сигурност можам да кажам дека не сум пропуштила ништо, ама апсолутно ништо. Ја претераа серијава сите ги воскреснаа, па умреа па напраија лоши па добри па пак лоши. Најлош лик убедливо ми беше Марго кај ја вментаа не ми е јасно ама ич. Јас од увек си навивав за Џек и Емили, мислам поише него за Ејдан, иаку мислам дка искрено со Даниел беа нај пар, нели и во приватниот живот се бојфренд анд фрлфренд. Многу премногу патетична серија, а почнаа супер, првите две сезони ми беа топ. Се понатака ми беше ама чисто мачење кога гледав, само превртував очи. Може летово ќе ги досимнам сите и ќе ги изгледам, може и не. Некако премногу шанси и дадов а ни еднаш не ги оправда. Мислам и продуцентите ја килнаа зашто сватија дека џабе трошат време и пари. Па затоа ја завршија колку да не биде на пола оставена што од мене имаат палче нагоре, секогаш сум мразела она незавршени серии, оставени така да висат. Вака каков таков доби накаков крај. Нејсе знаеме дека можеа да ја домрсат уште шпанско-индиската драма ама решија да не поштедат сите, им благодарам за тоа. Спојлер
Спојлер: Season finale Мене многу ми се свиѓаше финалето,ако избрзаа.Ми беше криво што умре Дејвид зашто па и не поминаа многу време заедно со Аманда,за Викторија немам збор,да умреше во Грејсонс Менр ќе ми беше најјако самоубиство ама ако,заслужи на крај,малце ми стана досадна.Емили и Џек физички не си одговараат ама ич,но пак ми е мило што заврши среќно за нив и се изнаплакав,малку ми е жал што нема да ја има серијата ама ја отупеа многу и вака е најдобро. Јас актерката Емили после серијава можам да ја замислам само во акциони филмови,ништо друго.
Му даде конечно Емили после четири сезони чекање, затоа пламна „хемијата“ во последната епизода. Мојот коментар за крајот на серијава е - hilarious. Само тоа, мислам, се` е јасно. Омилен лик после Емили - онаа д серијал килер, не и` го запаметив ниту името. Опасна бабетина која научила како поинаку да ракува со колец за садење цвеќе.
Јас ја гледав серијата, треба редовно да гледаш за да ти е јасно што се случува, ама откако Викторија го уби Ејдан (така мислам дека се викаше), веќе не го гледам, си реков ах ми отиде омилениот лик, и онака претерано го заплеткаа и одолговлечија филмот и сега појма немам што се случило понатаму...