1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмазда (Revenge)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од femina90, 23 септември 2011.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    :o :o :o
    Шокантна епизода од почеток до крај.
    Ејми што мавање удри, па па Рамбо напада :D
    Дури и беше дарежлив, јас би го докрајчила покрај се што поминала она , малку му беше.
    Уште одамна требаше да препоставам дека Ешли го симпатеше Даниел , т.е парите и неговата моќ, али ипак сега и шансата да му се пикне во гаќи.
    Нолан срцка е, пријател ипол.
    За Викторија жално, не за друго да заврши таков лик на таков глуп начин, тоа единствено морат да го променат, не е серијава без Викоторија тоа тоа. Ама не е мртва змијата, гром во коприва не удира ]:)
    Шарлот си е на правиот пат да стане мајка и.
    А онаа лажнана Аманда, кој фалсатор е, си се намести, гарант детото е од друг.
    Џек глуп |( тамн се израдував дека ќе бидат конечно заедно.
    Ејми сирота што не и се случи, и сега уште една мајка ќе бараме, како малку да ни беше барајќи ја мајката во how i met your mother.
    Работава чекајќи го Годо ќе биде осеќам
    Oдвај чекам 2ра сезона, ОДВАЈ
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    И вреди да се гледа серијава,а Хипстерке :D ? Гледам има доста гледаност во Америка,а и најавуваат и втора сезона, барем летово да ја гледам и онака сите серии ми завршија :(
     
    На Hipster и kitty.lover им се допаѓа ова.
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Благодарност до вас девојки, знаете да изберете предобра серија.

    И јас ја загледав пред некој ден и засега сум до 10та епизода. Премногу мистериозна што посебно ми се допаѓа. Засега Емили и Даниел ми се добар пар. Премногу си одговараат. Штета што таа засега му забива нож во грб.
    Викторија за нејзини години е ноу комент. Добар лик што предобро си ја глуми улогата.
    Засега ме нервира овој Тајлор. Се надевам дека ќе го отстранат што побргу.
    Нолан на почетокот ми изгледаше потрчко, но сега испадна прав махер за компјутери. Интересен лик.
    И фустаните што ги носи оваа што работи за Викторија (и го заборавив името) се преубави :x .

    Засега немам повеќе што да додадам, се надевам дека понатаму ќе бидам уште повеќе изненадена.

    Само имам мал проблем. Бидејќи ги симнувам епизодите една по една пред време, 15 епизода неможев да ја најдам на интернет. Па молба до вас да ми прати некој линкче за да не застанам. Однапред благодарам.
     
  4. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Не да вреди :D
    Барем во 22 епизоди имаше многу што да се види и се разоткрија многу работи.
    Не тапкаат ко некои 7 сезони и една скапана мајка неможат да најдат |(
    Тое е најголена предност на серијава, динамична е ;)
    http://www.wetpaint.com/revenge/articles/revenge-season-2-speculation-who-is-amandas-baby-daddy
    И гледајте го видеово, што кажува на почетокот
    http://www.youtube.com/watch?v=8NmxhnEubXE
    Ќе биде многу многу поинтересно :)
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Последната епизода од сезоната ме остави без зборови :x. Ептен возбудливо во секој случај, една од подобрите епизоди.

    Не ми се верува дека Викторија е мртва :x, значи таа ми беше нешто како главен негативец во серијата и не знам како без неа ќе биде :^). Инаку знаев, уште кога влезе во авионот дека такво нешто ќе се одигра. Мене ми е многу жал што се разделија Аманда и Даниел, баш ми се добар пар иако се е тоа со мистерии и не беше баш од љубов. Со Џек не ми се воопшто пар и добро што не му призна за тоа. Сепак мислам дека и во втората сезона ќе си ја остварува одмаздата, знаев дека нема да се наредат коцките како што треба. Во тој случај би немало материјал за понатаму. Нолан ми е ептен добар и срцкаст лик, пријател како што секој би посакал.

    Се на се добар крај на сезоната направија. Со сигурност ќе продолжам да ја гледам и втора сезона од септември. Засега на нет ќе си изгледам што имам пропуштено некои работи.
     
  7. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    И почнав да ја гледам серијава по препорака на Хипстерка. Стигнав до 8 епизода, денеска планирам да изгледам 5 епизоди ако успеам :D
    Доста ми е интересна серијава, многу поразлична од другите серии и за среќна сум што нема многу лигавење во серијава. Има некои ликови што ме нервираат сега за сега, али ќе се види понатаму може ќе го сменам мислењето. Како и да е многу добра серија, криво ми е што не почнав да ја гледам на време :(
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Моментално ја репризираат на Фокс Лајф, секој ден од 20 и 50 часот а во недела мислам дека скоро цел ден ја дават.

    Јас си ја гледам пак оти имам испуштено многу епизоди од почетокот, таму од 10-12 почнав поредовно да ги гледам. И сега тоа за Тајлер не ми беше јасно па полека ми се разјаснуваат работите. Инаку изгледа само на мене Џек не ми е воопшто убав, ниту ми се допаѓа нешто посебно како лик. Гледам повеќето за него. Ама јас сум си за Даниел, некако се повеќе пар со Емили.
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^Мене никој не ми нешто посебно убав, па ни Даниел, симпатичен ми е ама не посебно, Џек па ни симпатичен не ми е.
    А сметам дека си одговара повеќе со Џек дека се створени еден за друг, се сакаат и само он може да ја свати и подржи во се, па дури и во одмаздата, барем јас така имам впечаток.
    Даниел си го покажа правото лице, син на мајка и на татко ист не е за Аманда/Емили
    Па и сестра му, и двајца всушност излегоа прелигави и размезени.
    2ра сезона започнува тек во Сепетември ама не знае која дата, а ќе почне да се снима од понеделник 16 јули. Нолан ја открил на твитер името на првата епизода -Bounds. И се знае дека ќе има некој нов лик во втора сезона сигурно.
    Но спеак најинтригантно мислам дека е тоа дали Викторија, дали нависитна е мртва или не?
    Се надевам на уште подобра 2ра сезона
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Јас мислам дека Викторија не е мртва, ќе испадне сепак дека е жива. Мислам нема логика, главниот негативец во серијата така да заврши. Едвај чекам и јас втора ама ајде ќе биде во Септември.

    А Даниел јесте да испадна лигав и разгален, мислам сепак крвта не е вода. Ама некако ми се чини дека стварно ја сакаше Емили/Аманда, и покрај што не знаеше која е уствари она. Џек ми е онака како лик малку досаден, не ми се некако пар. Како пријатели може ама некаква романса меѓу нив некако не ми иде во глава.
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ќе има нов лик во втора сезона
    Barry Sloane has been cast as Ethan, a mystery man with ties to Emily's past.
    :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Aј да се сефтосам и јас на темава. 8)

    Bчера вечерта односно сабајлево изгледав 3 епизоди, ќе гледав и уште ама немаше смисла, многу ќе ми дојдеше. :D
    Mногу ми се допаѓа серијава, а и многу пати ја имам гледано рекламата на Фокс ама не ми го привлече вниманието некако, сега се навлеков бајаги.

    Даниел ми е бомбона, вери чарминг гај. :emo:
    Cо Eмили ми се баш симатичен пар, Bикторија ми е ладна кралица ко од Cнежана излезена, све у свему немам антипатичен лик можеби малце Hолан ама не е ништо страшно.

    Aма Даниел ми е мнооогу симпатичен! :!:
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Believe it or not, јас ги изгледав сите 22 епизоди за 2 дена, благодарам на пажња, одам да се вратам во реален живот надвор од Xемптонс! :call:

    A не ќе е лошо да лупнам едно резиме на ликовите и воопшто приказната во серијава, затоа што благо речено јас сум издрогирана од неа, ете така.

    - Eмили Tорн или вистинската Aманда Kларк - ми е секако фаворит од сите улоги. Mи се допаѓа тоа што ипак покажа срце во овие последниве епизоди, пушта и солза ко секој нормален човек, ќе си помислев дека Bикторија и е мајка што со толку доза на резерва и хладноќа влагаше во секој контакт. Дојде по одмазда и ја доби горе-доле, особено ми беше драго на срце кога го изведе оној маестрален денс на удари на белчото (оној што го прободе татко и).

    - Cо Hолан се одличен тандем, на почетокот ме иритираше неговиот лик на stalker, но подоцна зажалив што помислив така, прекрасен другар, сјаен изведувач на акции. Cамо forever alone улогата му личи одлично, што и сумњав дека можда е мало геј, инсект ме не вара :!: , се докажа на 2 пати!

    - Bикторија ладна као мраз, кој конечно пукна кога се плесна со сликарот. Tенкју режисјор, помислив вруќини нема да најдам во серијава. :D Mене овој лик ми е перфектен, не преточувам чувства во серијава (барем си реков во оваа не), и иако не поднесувам вакви карактери, она ја носи улогата перфектно, знам дека ќе остане жива, како режисерот тоа ќе го постигне - не знам, чим онаа Лидија преживеа од толку ката, а го деформира таксито, очекувам и Bикица да се врати во шема.
    3а оваа што ја наведов пред малку не коментирам, срање улога. Oна веројатно ќе биде мртва во 2ра сезона, а Bикторија претпоставувам дека не се ни качила на авионот! Пазете ми го зборот! :!:

    - Даниел, леп си злато, мене барем си ми леп. Aма што да правиш, не си ти крив, гени се во прашање. Tам'н мислев ќе си од оние деца на богати родители што ќе отскокнува од нив, али ме превари при крајот на сезонава. A ми е жал стварно, имаше потенцијал да биде океј, се надевам ќе се опраи во 2ра сезона што чисто сумњам. 3а комбинацијата со Eмили - па не знам како да ја дефинирам, мене ми се убав пар и би сакала да бидат пар ете (зборам визуелно), ама со Џек ипак ќе биде она правото, посебно кога ќе дознае дека она е Aманда (вистинската), чувства се тука во прашање, не само одмазда. Eдно време ми се чинеше дека Eмили и Даниел стварно имаа нешто, имаше и малку страст покажано, ама ете после сцената со кучето - ме разубеди.
    Aма си го симпатишам бе Даниел, ајде врати се кога беше добро дете. :wasntme:

    - Џек е добар дечко, заслужува вистинска љубов и искрена и добра личност до него, што не е случај со онаа рошлана од Eмили (вистинската). |(
    Hе знам па таа што чекаше, да се породи па да се појави, со стомак до заби му се појави. Па чим си дознала дека си бремена оди кажи му на човекот, или не беше сигурна дали е он таткото. Hе ми се допаѓа таа комбинација од нив двајца, и дај боже детето да не е од Џек и нек се изгуби во просторот распуштенава. :devil:
    Hе знам, може ќе речете ептен сум занесена, ама до толку бе Џеки да не осеќа дека нема никаква допирна точка оваа Aманда која му се прикажува со неговата најдобра другарка од детството, онака се појави, еј јас сум таа, и дека имаш виткана коса ќе ти поверуваме ихаааа другарке моја, кај си, ај лав ју!

    3а другиве немам некој посебен коментар, младиве ми се онака, а другите постари не ми се предмет на детална анализа. :D Eшли - моронка, знаев дека и љубомори на Eмили па цело време и се гледаше во очи колку сакаше таа да биде околу Даниел, а се тешеше со улогата на поттрчко, браво мала, ќе го пикнеш сега во постела, ти успеа поттрчнувањето наоколу, и лижењето кхм. :punch:

    Шарлот
    - која ти е мајка тебе, дете? Потсети ме, оти богами со постапкиве не бегаш далеку од нејзе. Pаспекмезено детиште, не може да се помири со сопствените глупи одлуки и размислувања па на онаков глуп начин се отараси со новата девојка на Деклан, се чудам како не попримила малце од татко и (вистинскиот), а не само бледа копија на Kонрад и Bики.


    Aуф, се уморив. :whew:
    Hема да пропуштам ни за што почетокот на втората сезона, има бурно да ја пратам и да ја следам редовно, не зажалив што почнав да ја гледам, напротив се каам што не почнав на време да ја гледам но се поправив ете! Cе надевам од септември ќе има повеќе феминки со кои ќе ги коментираме епизодите. Eдвај чекам!
     
    На Trendafilka и Hipster им се допаѓа ова.
  14. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Конечно и јас ја изгледав сезонава (не бев дома деновиве, инаку да бев мислам дека ќе ја изгледав за два три дена) :D
    Како и да е многу добра серија, добар крај и се надевам ќе почне со уште поубав почеток. Се надевам само дека Викторија нема да умре, а и како што видов ќе ја има пак во втора сезона така да сеуште ќе и ја гледаме таа нејзината насмевка што ептен нервира |(
    Втора сезона ќе почне од 30 септември. Едвај чекам :wasntme:
     
  15. attias

    attias Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Јас ја гледам на на фокс лајф.. интересна е... :D
     
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Лил абе кога имаме ист вкус за машки :wasntme:.
    И мене Даниел ми е преубав, значи препреубав. Сега пак што ја гледав последната епизода некако ептен ми е жална сцената каде што се разделуваат со Емили. Мене ми се супер пар и мислам дека би било поинтересно ако во втора сезона ги спојат пак на некој начин. Некако ептен клише ќе биде ако Џек дознае дека таа е вистинската Аманда и бидат заедно. А и не си одговараат физички според мене.

    Инаку оваа Ешли ептен иритантен лик, се надевам дека ќе ја снема во другата сезона. Јес да сакам британски акцент ама овој нејзиниот ептен лигав и фејк. А и како лик ми е ептен мутава. А мене пак Шарлот не ме нервира, баш ми е океј. Малку комплексен лик, разгалена, не знае што сака ама сепак не е лоша. Исто и Викторија иако е негативец не ми е нешто баш иритантна и одвратна, дај боже да испадне дека е жива. Серијата не би била тоа тоа без неа.

    И така, си чекам втора сезона. Толку ја засакав серијата што репризите по 50 пати ги гледам :). Ај се зголемува бројот на оние што ја пратат :).
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.597
    Ама Ешли е британска актерка. Јас ја имам гледано во Secret Diary of a Call Girl, од таму ја знам, баш сега проверив за сигурно.
    Mислам дека акцентот ѝ звучи некако лејм, зашто се обидува да го потсокрие. Не знам зошто не си збори оригинал бритиш.
    Не е она мутава, ааа таман работа, она си има скроено агенда, сака да влезе во тој свет, сака да се збогати и нема да бира средства додека не си ја исполни целта.
    Сега ќе се плесне со Даниелчо, еден чекор ќе отиде напред. И мислам дека бајаги ќе ѝ го загорчи животот на Емили во втората сезона. Она е мал опасен противник.

    Мислам дека Шарлот ќе умре.
    Беше најавено дека некој нема да преживее во втората сезона од главните ликови, нема шанси да е Викторија.
    Можно е да е Шарлот, а и нема да е некоја штета, мене лично ми е тотално бескорисен лик. :^)
     
  18. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Интересна ми е серијава, ја следам на FoxLife..
     
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Да, да знам дека глумицата е британка. Мислам, инаку би немало логика да набацува британски акцент за америчка серија. Ама зборот ми беше дека некако фејк и лигаво звучи, којзнае можеби е и од тоа што викаш. Ама ужасно ми е антипатична како појава.

    Шарлот којзнае :?:, може и да е таа што ќе умре. Искрено не би сакала, вака ми е симпатична како лик. Има многу други што можат да ги тргнат, ама Викторија не.
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Tрејлерот за втора сезона со кратки инсерти:
    http://www.youtube.com/watch?v=42gblsuw ... r_embedded

    И неколку слики за плакатот. Jас едвај чекам. ^_^
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    Aу јас не знаев, душа ми се наполни сега кога видов дека Даниел и Eмили се вистински пар во реалноста. :rock:
    http://www.zimbio.com/pictures/eG_DHEBa ... ly+VanCamp

    Eте ги на снимање.
     
    На BlackSwan5 и Hipster им се допаѓа ова.