1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмазда (Revenge)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од femina90, 23 септември 2011.

  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Јас пак некаде видов/прочитав не се сеќавам каде, дека Емили е во врска со Joseph Morgan(Клаус) од The Vampire Diaries.

    И јас едвај чекам да почне. Се надевам дека втората сезона ќе биде исто толку добра како и првата, а може и подобра.
    Кај нас на 1ви октомври ќе излезе првата епизода, така?
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    ^ Втората сезона ќе почне да се прикажува на 30ти септември и ние ќе ја гледаме на 1ви октомври...
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.810
    Допаѓања:
    38.280
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да ја гледам серијава, интересна ми е изгледав 4 епизоди и сугурно до вечер ќе изгледам уште некоја.Едноставно не ме остава на мира.
    Актерите што знам, уште не оформив мислења, ама Џек оној со кученцето ми е многу убав, ако не и најубав од маживе во серијата.Ајде ќе се вратам јас со импресии.
    И благодарам на Трендафилка, се заразив.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.810
    Допаѓања:
    38.280
    Пол:
    Женски
    Jaс само да си кажам нешто, како бе ви е убав овој Даниел :o Мене ми е страшно грд, страшно, посебно во устата каква му е испапчена, уф уф.И воопшто не ми е маженствен, лигло.Ми се повраќа кога го гледам со Емили/Аманда.

    За разлика од него Џек ми е маж ипол.Баш е приземјен, онака нежен, грижлив, секси е и секогаш облечен по мој вкус.Баш ми е на место и сакам да бидат пар со Емили, само не знам зошто го сместија со онаа лажнана, ужасна глупост.

    Викторија ми е совршенство од жена, која убавина ја има за нејзини години.Тело гром, фаца исто.А пак и како е скоцкана секогаш, мелем за очи.Исто улогата и е одлична, баш и одговара онаа вештачка насмевка, мислам дека кога се смее убива од ладнокрвност.Многу и одговара улога на злочко.Погодена 100%.Исто сметам, дека не била толку злобна, дека животот ја натерал, + знаеме колку сакала да му помогне на таткото на Аманда, го сакала, ако не и го сака сеуште после толку години.

    Аманда ми е онака, симпатична, ништо посебно убава, ама сосем се вклопува во улогата, само малку ме нервира со нејзината заслепеност, што се држи за одмаздата како слеп за стап.Мислам дека поговорката од Конфучије на почетокот на серијава сосема коректно кажува како ќе заврши Аманда на крај.

    Нолан или како да му името правилно, ми е многу, многу добар лик.Фаца ипол, а и пријател ипол.Одлично е вклопен во серијава и мислам дека по никоја цена не треба да биде отфрлен.А за тоа дека е геј, јас уште одма си знаев дека е :D

    Другите ликови, не ми се вредни за коментирање, онака посечни.Само овој Тајлер ми е ужас од личност и улогата која ја има и самата појава и лик му се одвртни.УЖАС.


    E и само да прашам, како се троши помалку, да ги гледам онлајн или да ги спуштам?Зошто јас се заборавив а енос сме 2ри ќе потрошам се што имам од нет за 2 дена.
     
  5. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Да не е толку интересна приказнава, јас пак би ја гледала само за Викторија, нели е совршенство од жена?
     

    Прикачени фајлови:

    На crazylady, LilBaby, femina90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Сега, втора сезона почнува на 30 септември, или погрешно сум прочитала?

    Иначе, за првата сезона се' најдобро, ја изгледав за 3 дена (човек без работа де :D ), ама имам чувство дека вторава сеозна ќе ја напрват ала шпанска сапуница. Почнувајќи од Ешли и Даниел, па Џејк-лажна Аманда-вистинска Аманда триаголник, се' до минатото на Викторија...
     
  7. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Добро, што направија овие?
    Прво кажуваат дека втора сезона почнува на 30 септември, а сега на 7ми октомври...

    п.с.
    пред 3 дена излезе специјална епизода во која е накратко опишана првата сезона и во последните десет минутки има делчиња од втората сезона.
    Еве ја епизодата онлајн
    http://www.free-tv-video-online.me/play ... 2E9BA48DE0


    И демек Викторија е мртва, ама јас лично не верувам во тоа. Мислам дека само се крие за да се заштити. И баш ме интересира што и шепна Шарлот на Емили пред да ја одведат.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Еве торент за првата епизода од втората сезона.
    http://thepiratebay.se/torrent/7689978

    Претходната беше special bonus, цела прва сезона спакувана во една епизода, чисто за потсетување. ;)
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    3а тие што не ви се пушта линкот на Tренди (како на мене), еве каде може да гледате, јас секогаш овде гледам серии:

    http://watchseries.eu/serie/revenge

    3наев дека Bики е жива, нели лепо си кажав на време. :wasntme:
    Hа 35:45 имаше одлично спојување на ликовите на Eмили и Џек во едно, знаат режисериве добра сцена да направат. Oвој требаше некој да го потсети чисто информативно да праша дали детето е негово. |(
    Eшли веќе мисли да ја замени Bикторија, жалосно, ќе кажам. Hи трошка нема од грациозноста нејзина. Cе упикува ко змијулче околу Даниел, а немаат никаква хемија, дури трагично ми е да ги гледам. :|
    Mи се допадна тоа што Шарлот истрча на Eмили да и каже каде се наоѓа Bикторија, ете една сестринска линија, ма да малце провидно ми беше тоа.
    Hолан кај Eмили дома, по пижами! :rofl:
    And the white man is back!
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Многу добра прва епизода, ептен се заплеткуваат работите. :)
    Таман помислив дека Емили и Викторија ќе соработуваат на некој чуден начин, Викторија си ги покажа вистинските бои, како и секогаш. Ладнокрвна, одмаздољубива кучка. Каков сјаен лик. ^_^
    Ја прави (скоро) целата серија.
    Џек навистина ја чекаше Емс да го потсети да провери дали детето е негово? |(
    И не знам зошто лажната Аманда уште ја фураат... човече дај направи ѝ некаква несреќа или спонтан абортус и мавни ја од серијата. Каков иритирачки лик. И онака може да земе пари колку сака и да си го фати патот.
    Оваа боја на коса на Нолан му е подобра.
    Дали оваа Емили уште чувствува нешто за Даниел, или мене ми се причинува? Уствари, дали всушност некогаш чувствуваше нешто вистинско за крелево?
    Ешли е за жалење.
    А белиот човек е врв на тортата. Епа стварно сценаристите завршиле добра работа во обликување на ликови.
    Едвај ја чекам следната епизода.
    За Шарлот посебно ми падна жал. Како некоја марионетка е, душичка, опкружена со змии. :(
    Не ми е толку антипатична како минатата сезона.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Интересен развој на настани. Не очекував ништо помалце. Веќе од првуте две епизоди работиве се испозаплеткаа солидно, можам да замислам што ќе се случува до крај на сезона.
    Мене многу ми е интересен Даниел. Многу лековерен е, си го манипулира кој сака, како сака, дури и една скапана Ешли. :x
    Ама, многу сакам да се смират со Емили, најубав пар ми се!

    Иначе, еве промо за 3та епизода
    http://www.youtube.com/watch?v=Z5c2cTWT ... r_embedded
    ама малце сум збунета. Обрнете внимание на сцената што почнува од 0:17.
    Човеков што е со Емили, не е ни Џек, ни Даниел. :^)
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    ^Тој е дечкото што на крајов од втора епизода и спаси живот и го уби тој со белата коса :) Некој симпатичен ми се гледа ^_^
    Серијава е одлична, Викторија уште повеќе :clap:
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Cе подобра и подобра станува. ^_^

    Jас пак се мислев дека Hолан ќе го убие беличов, се нешто ми викаше дека ипак ќе се врти околу куќата и да види зошто сака да остане сама Eмили, кога the new guy came.
    A судејќи по промото, ќе бара нешто повеќе од Eмили, па затоа и ќе си добие по глава. :D
    Cамо ова со Bики и Kонрад ме збуни, почна да соработува со него? :^)
    Cе си има скриени намери. Буквално се.
     
  14. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    И јас почнав да је гледам серијава и слободно можам да кажам дека фалеше ваква серија.Поразлична, интригантна и возбудлива.Уште ја гледам првата сезона но ме радува што веќе даваат епизоди и од втората.Ми се допаѓа како глуми Аманда (Емили) и баш ми се пар со Даниел,Мислам дека навистина се вљуби во него иако на почетокот не планираше
    Моментално сум до епизодара кога аАманда дознава дека Шарлот и е сестра :rofl: :o
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Hе ми се верува дека беличот и мајка и на Eмили биле заедно цело ова време. :o
    Kаков шок.
    A Bикторија, о боже, каков играч. Oваа лажна Aманда ќе си има многу проблеми глумејќи ја Aманда. И веќе не можам да ги гледам со Џек, досадни ми се ко пар. :yawn:
    Aјде ајде, лека полека и Даниел ќе се активира, доста беше глумење богат глуп дечко од маалото.
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Секоја нова епизода носи нови изненадувања и пресврти, и најдобро од се` е што - немаш поим што може да се случи наредно. :)

    И добро е што Џек реши да прекрати со лажнава Аманда, а таа кутрата, каков пекол ја чека, не е ни самата свесна, требаше да си земе паричките и да си фати пат под нозе.
    :^)

    Даниел навистина почна да се освестува (ќе бидам ли лоша ако кажам дека сепак ги сакам како пар со Емили?) Некако... па мили ми станаа заедно, сега како си се глеткаат, т.е. он неа повеќе.

    :)
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Серијава, милина, со мерак да ја гледаш!
    Ме лупа од земја секоја епизода, некој нов шлог добивам.
    Сумјув ми е Ајден, се појави со некоја причина.
    Приказнава со Деклан неккао многу нагло ми се појави,како да сум испуштила некоја сцена пред да биде упадот во куќата и кражбата.
    Аманда fake се поише ми лази на нерви, ако се истанови дека не лажела за детето, како одвишок да ми е.
    Следново промо па, ултра :x
    http://www.youtube.com/watch?v=chhjg3WB5N4
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... N7U8jIQP_Y
    Може да кажам дека една од ретките серии во која навивам работите да не ре сачистат така брзо, зашто ептен заразно добра ми е.
    Многу ми е јака сликава, морам да признаам дека заедно како пар ми се попривлечни сега некако
    [​IMG]
     
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Вторава сезона е предобра! Како и воопшто целата серија, ама првата воведна сезона никогаш не може да биде толку добра како наредните. Емили и Викторија се ретко добри ликови што совршено се вклопени во сценариото.
    Многу добар се заплеткаа работиве, на памет да не ти текне дека баш тоа би можело да се случи.
    Новиов дечко што сака да и помага на Емили ми е интересен лик, се надевам дека подолго ќе се задржи, башка и на изглед не е воопшто лош :)

    А Аманда кога-тогаш гадно ќе наебе, ама сега уште ја чуваат додека може на Емили да и изиграва марионета.

    И имам впечаток дека оние ликови што делуваа како вишок во првата сезона, некако си го најдоа местото во целава мешаница, па не знаеш што од каде ќе те зашамара.
     
  19. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Како се заплеткаа работите, аууууу, секоја чест! Дефинитивно ова е најдобрата серија што сум ја гледала до сега :)

    Вторава сезона е неверојатно добра.
    Не ми е јасно зошто мајката на Емили се обидела да ја убие, дали од што била ментална или поради нешто друго? Се надевам за брзо ќе го разјаснат ова, не можам да чекам :)

    Иако сум голем фан на Џек и Емили, сепак и овој новиот дечко Ејдан ми е многу мил што секогаш и помага и се гледа дека сака да се оддолжи за тоа што ја зафркна. И како ја прегрна и ја тешеше на крајот на епизодата :inlove: . Многу ми беше криво за неа.

    Новата женска на Нолан, Падма, ми е многу симпатична ама мислам дека крие нешто, може работи за таа терористичката организација.

    Приказната за Деклан и неговиот „другар“ ми е вишок и некако безвезе ама ај.

    И да, Викторија Грејсон е кралицата на кралиците. Ладна однадвор, кршлива одвнатре. Закон е. :rock:
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Не дека ја сакам Аманда лажнава,ама жал ми стана, не требаше вака да се случи.
    И тоа со мајка и на Емили ми беше, уф премрачно.
    Напатена душа е Емили. Ама сепак не ја разбирам искрено на моменти.
    Падма, ми е антипатична, исто како што ми беше во Греек злобна, така и тука, мути нешто, ќе дознаеме набрзо што, сигурно.
    Инаку нели Нолан беше геј? Ај што ми има фациче на геј, и незнам порадо би го видела со маж, него со Падма.
    И Даниел, нека се одлучи кога сака Емили или Ешли?
    Аиден полека ми станува баш кул, баш ми се пар со Емили 8)
    Секоја епизода се подобра и подобра.
    Има ли нешто што може да ве шокира, мене не.
    Промо слики од следната епизода
    [​IMG]
    [​IMG]
    И промото просто неможе да не остави рамнодушни(дали мајка и на Емили ќе ја прободе Викторија или јас лошо видов?