Е ова беше дефинитивно најдобрата епизода до сега. Секоја чест. Спојлер Ова со Аманда беше морбидно, мене ми е мекотелец (израз на Тренди ), ама дека заслужи вакво нешто - не. До тука претера Емили, се повеќе и повеќе ја вмеша, ако не се случеше ова, некоја друга несреќа ќе ја спотераше (нарачана од Викторија). Битно ќе се најдат очи во очи Емили и мајка и, а и Викторија нема да биде поштедена од нејзината посета. Има ептен лудачка фаца, бррр се наежив. Не верувам дека ќе ја прободе Вики, веројатно ќе биде само обид, ама од луда жена се можеш да очекуваш. Нолан, врати се од другата страна, поарно ти беше.
Спојлер Јас сметам дека оваа Падма крие нешто и ако испадне така жал ќе ми е, мене баш и се слатки со Нолан. Инаку жал ми беше за Аманда, колку и да е непотребна во серијава пак не требаше да ја лупнат така. Емили се повеќе и повеќе добива ладни тушеви, толку заплеткана е нејзината приказна, ова со мајка и беше ептен жално и морбидно, а и стварно лудачка фаца има типкава. Вики, што да се каже за неа, ја мислиш злобна, потоа си велиш имало нешто и добро во неа, за накрај да заклучиш дека уствари немаш претстава каква личност е всушност.Опасна е, ама дали опасно лоша и опасно добраа, па опасно го прекрива тоа, не се знае. Фина епизода и фина нова сезона, очекувам многу повеќе. А да и Даниел со Ешли ми се како створени еден за друг, потрчковци по пари. Емили јас уште ја сакам со Џек!
Оваа Падма се скисели откако на плакетата го прочита името на таткото на Емили, така? Немој сега да испадне дека и она е тука поради одмазда... можеби мајка ѝ не била воопшто болна, туку летала со авионот кој се урнал... бла, бла, бла, си измислувам сега тука, т.е. наѓањам... И да, се согласувам, многу лошо и болно заврши фејк Аманда. Не ми беше омилен лик, ама па човече - имај милост. И не знам сериозно зошто Емили се опседна со мајка си, да ја најдам, па да ја најдам... и? Што ќе се случи? Мислам тој развој на настаните ми е чукнат и бизарен, ама ајде - ѝ се исполни желбата и виде каква глупача и лудача има/ла за мајка. А тој типот, другарчето на Емили, што се вртка и ја заштитува, мене баш ми е ок, нека падне еден секс помеѓу нив двајца, па нема да е на одмет. Џек нека си ја скрати косата.
Спојлер Jас сношти се здрвив кога оваа Aманда падна,баш се здрвив Cеријава секогаш оди бавно,полека и вчера бам не изненадија. A на оваа Bикторија мува не ја лази,ми падна жал за Aманда колку и да ме нервира,оваа Eмили веке стварно па со мајка и,мене ми личи на лудачка,па и сцената кога сакаше да ја удави A кога дојде в болница да ја посети на Aманда,кога ја галеше на лице,мислев дека ке ја задави
Многу морбидна епизода. Особено делот со мајка и како беше прикажан. Ама требаше да очекува дека колку повеќе копа каде што не треба, толку е поголема евројатноста да дознае нешто што најмалку сака. А штом татко и ја лажел, значи воопшто не било за кажување. За Аманда сите се сложивме дека и покрај тоа што е антипатичен лик, не требаше ова да и се случи. Сепак мислам дека ќе преживее, ама со некои поголеми последици. Не ми е јасно како Даниел глатко си премина преку фактот дека Ешли цело време била шпиунче. Па одеднаш се покаја, овој слушна и ко ништо да не било Него за новава девојка Падма се знаеше дека не се појави туку-така. Многу кажа моментот кога се загледа во името. Дури сценариото на Трендафилка ми изгледа многу реално. Ако не е конкретно она, сигурно ќе се појави уште некој таков огорчен лик што ќе сака да се одмаздува. Ехее којзнае какви се перипетија не очекуваат, верувам дека во наредните епизоди и сезони одмаздата ќе премине на други нивоа.
Девојки,ако може некој да ми каже каде да ја спуштам 3 епизода од втора сезона? првите две и четвртата ја имам, третата на замунда ја нема. друг сајт незнам. ФААЛЛААА
Конечно стигнав да ја изгледам и 4 епизода од 2 сезона и останав шокирана Спојлер Како прво Емили по некогаш знае да ме изнервира за некој постапки и помалку ми е злобно за тоа што и го направи на Аманда(иако не ми беше омилен лик).Гледам дека на вас повеќе ви се допагаат Емили и Џејк како пар, а мене па Емили и Даниел повеќе. Многу антипатичен лик ми е брат му на Џејк, Деклин, не го варев ни во Госип Гирл а сега па уште повеќе Фаворит ми е Ноел, иако и јас се збунив со бакнежот со Памба, мислев дека е геј.Не верувам дека легна со Тајлер само за да и помогне на Емили, мислам дека е тууу мач Новиов лик некако ми е симпатичен но не ми е сигурен премногу. Викотирија си е Викторија-дрска и безобразна. Мајка и на Емили психо невиден Во серијава најмногу ми се допаѓа тоа што не се знае што ке се случи и незнаеш(особено на новите ликови) кога и на кого да му веруваш.Одвај ја чекам следната епизода!
Мораше да стивнат малку работите, инаку многу ќе ни дојдеше. Спојлер Мене ми е драго што Емили и кажа на лажна Аманда дека Џек е навистина таткото. Сметам дека не ни требаше воопшто да ја излаже, затоа што и животот нејзе и на малото и беше во опасност ради нејзе, бар ако ништо друго - тоа почитувај го. Дали овој Мејсон ќе проговори некому дека знае за лажната Аманда? И од каде побогу се појави? Нема да ме чуди ако и Дејвид Кларк се појави. Другото во епизодата беше boring. Даниел, Конрад и Викторија . . . Последните 10тина минути беа добри. Промо за наредната, ќе има пак возбудувања на обновувањето на завети. http://www.youtube.com/watch?v=iOjWIrt480o
Првата сезона ми е цела изгледана, последна беше 22 епизода ако добро се сеќавам. Е сега може ли некој да ми каже како да ја барам втора сезона (на линковите погоре дадени не се снаоѓам), како Revenge s02e01 итн. итн., или пак Revenge e23, е24... Однапред фала. Спојлерите ги прочитав и ептен се загреав за вторава сезона. Плиз хелп, немам многу време да баратам
Да така барај ги, Revenge s02e01 или па уште полесно, пиши само Revenge и стисни на сеендерс, и автомсатски ти ги дава новиве епизоди дека сега излезни се, сите ги симуваат и имаат најмногу сидерс. Или еве ти ги до сега сите ликнови на епизодите од 2 сезона што се излезени. http://thepiratebay.se/torrent/7689978/ ... V.x264-LOL.[VTV].mp4 http://thepiratebay.se/torrent/7705226/ ... _x264-LOL_[eztv] http://thepiratebay.se/torrent/7728285/ ... V.x264-LOL.[VTV].mp4 http://thepiratebay.se/torrent/7750203/ ... V.x264-LOL.[VTV].mp4 http://thepiratebay.se/torrent/7769827/ ... _x264-LOL_[eztv] И совет не читај спојлери, ептен повозбудливо е да си ги гледаш онака изненадна си, шлогови маваат скоро секоја епизода. Спојлер Мејсон, к*пиле мрсно, претерано ме иритира, зашто мораше пак да се појави. Малку не сватив намерата на Ејдан со Ноланкорп, ама вајда нема да му наштетат. И тамн кутриот се заљуби, баш најде у која. Виктроија и Конрад-лончето си го нашло капачето, не разбирам бре зашто се разверуваа кога се исти двајцата,подмукли. Мене језива мие Кара, мислам дека нема баш добри намеро со Аманда, но ќе видиме. И Даниел ми е ептен вртикапест, дефитнивно не многу поглуп, отколку што се прави. Нема свое јас, само се ку*чи дека е различен од татко му,и се спротивстаувава демек е не е како нив, кога на крај секогаш они ми ги решаваат работите и пад подпаѓа под влијание. И Емили бре, некогаш како да е оперирана од чувства, неможам да ја сватам искреного сака Џек или не, за Даниел мислам дека вопошто, а од Ејден е бесна, ама дали навистина и некогаш го сакала неможам да видам.
Искрено ништо посебно не ми беше епизодава. Спојлер Ме нервира тоа што не прават помалку глупави на моменити, како на пример телото на Гордон уште не го нашле или мајка и на Емили одеднаш се појавува во болницата, па уште каде го носиш мојот внук А што е со мајчинскиот инстикт кај Кара?!?!?! Многу ми е жал за Ноел, баш кога почнуваше да се заљубува, Падма го разочара. Мило ми е што Емили и кажа на Аманда дека Џејк е таткото, сепак имало во неа нешто човечно во неа.Го погледнав промото за следната епизода и се надевам ќе биде поинтересна од оваа.
Досадна епизода. Вики едвај и да ја имаше. Спојлер Таман почна да ми станува фин Ајден кога ме разочара што се меша во бизнисот на Нолан. А да олабавиш малку, да не го чепкаш Нол и да оставиш работите Емили да ги реши? ццц...
Пак имам проблем.. пробав да ја спуштам од линкот една феминка што го имаше поставено од thepiratebay ама незнам како да ја спуштам.. се нешто како вируси ми се спуштаат... кој линк да го кликнам? Благодарам п.с.- се снајдов! Фала уште еднаш ))
Не знам искрено како преживеа фејк Аманда. Секој момент очекувам да скине конци од внатрешно крварење или некој да и` го скине вратчето. Жал ми падна за Емили кога ја слушаше мајка и` преку вратата. Се расплака, леле напатено девојче. Оваа Падма мислам дека има план да му се одмаздува на Нолан. Нема поента да ја гони Емили, не и` го знае вистинскиот идентитет. Малку досадничка во принцип ми е вторава сезона... се` се случува - и ништо не се случува... И што му е на оној типот што упорно се фиксирал на барот на Џек? Напаст.
Значи во последнава епизода многу работи се случија, а ништо не се разјасни ни малку. Наредниве би требало да бидат подинамични, барем судејќи од промото за седмата епизода . http://www.youtube.com/watch?v=PSdazJQPcRM Мејсон лиглено пополека ја разоткрива Емили, многу одвратен карактер ми е ама дефинитивно не е за потценување. Кога тогаш ќе го извлече подебелиот крај, само засега мислам дека ќе соработуваат . Туку од кој ракав ја извади Викторија информацијава за да му ги спои коцките Никогаш не можеш да бидеш на чисто со неа, што знае и за што се е способна. Што се однесува до дијалогот помегу Емили и Даниел, ми звучеше како шанса пак да им се шмугне во фамилија по потреба. И онака нема лице толку да ја вмешува Аманда помеѓу Грејсонови, па не би ме зачудило пак да бидат заедно во скоро време. Инаку Џек ми изгледа некако многу изолиран од сите настани. Фин лик ми е, ама многу почнаа да ја тупат приказната негова. Две сезони се обидува да го задржи барот и ништо друго. Ваљда се чека малку повеќе да ги 'рчнат Деклан или Аманда за да премине на темната страна во спротивно, стварно не му ја разбирам улогата. Не може една таква фина и наивна душа да балансира меѓу останативе.
Како шмекерски климна Емили откако го уапсија Конрад. Како што разбрав, Емили го чувала Гордон мртов цело ова време? Ја мислев го фрлија телото негде. Оваа мајка и на Емили ми е тотален фрик, устата едвај ја мрда при говор. Биваше ли Мејсон да ја открие Емили? Венчалниот фустан на Викторија . Совршенство.
Jaс се заразив, ептен ми е добра серијава. Ја симнав пред неколку дена прва сезона, готово ќе ги изгледам денес/утре. Секоја епизода ми е напната и одвај чекам друга епизода да пуштам. Си одев од излегување за дома да стигнам викендов да ги гледам Емили ми е прилично антипатична глумица, но за чудо некако ја засакав бре со серијава, таква е злобна, лошка, супер за улогава Ама преубав пар ми се со Даниел. Иако пар убав ама за на филм. Многу се разочарав кога дознав дека се пар и во приватен живот Мислев Даниел дека мене ме сака Сеа си ги симнав и 6те од втора сезона. Ајде во тек ќе сум А и што убаво се облекуваат, оф оф.
Спојлер Таман помислив како и успеја на Емили да ги направи сите далавери и да го намести Конкорд и ете на крај дадоа објаснување, тоа ми се допадна. Додека танцуваа Емили и Даниел многу ми изгледаа симпатични и си се понадевав дека имаат пак шанса. Пак не ми е јасна оваа Памда, па и објаснувањето пред Ноел и беше баш безвезе. Инаку мене Аманда иако на почетокот ми беше одбива, сега ми станува симпатична и навистина се гледа дека го сака Џејк а и секогаш е тука да и помогне на Емили. Јас сеуште не му верувам на новиов и не верувам баш дека се порменил. Мајка и на Аманга емногу грда а и мислам дека не е излечена сосема, се гледа дека и фали нешто.
Во првата сезона Емили им кажа на Грејсонови дека живеала во дом бидејќи имала проблеми со очувот нешто така беше, не памтам, т.е. ја кажа историјата на лажната Аманда Од таму знае Викторија за информацијата