Одмаздници (The Avengers) [2012]

Дискусија во 'Филмови' започната од malechkata, 4 јануари 2013.

  1. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Ако веќе има ваква тема, бришете. Ама, мислам дека не најдов.

    The Avengers, или подобро познат како Marvel's The Avengers е научно фантастичен суперхеројски филм, базиран врз истоимениот стрип во продукција на Marvel Studios и Walt Disney Studios Motion Pictures.
    Премиерата на филмот беше на 11 Април, 2012 година. Филмот доби релативно позитивни критики и ја доби титулата на трет филм со најголем промет во светот на сите времиња.
    Со буџет од 220 милиони долари, филмот собра 1.5 милијарда долари на светско ниво.

    [​IMG]

    Долго време го одложував гледањето на овој филм, прво, бидејќи немав време, а потоа и поради тоа што мислев дека нема да ми се допаѓа. За второто ќе кажам дека многу грешев, бидејќи иако не сум голем обожавател на стрипови, сепак филмот ме остави воодушевена. Воопшто не е досаден, има одлична приказна, многу акција, а и актерската екипа е одлична. Плус, многу згодни момци во хеланки - па, сега вие видете. :D

    Улоги:
    Robert Downey Jr. - Tony Stark / Iron Man
    Chris Evans - Steve Rogers / Captain America
    Mark Ruffalo - Dr. Bruce Banner / Hulk
    Chris Hemsworth - Thor
    Scarlett Johansson - Natasha Romanoff / Black Widow
    Jeremy Renner - Clint Barton / Hawkeye
    Samuel L. Jackson - Nick Fury
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Одлична идеја на Марвел да ги обедини сите супер херои во еден филм!
    Го гледав веднаш штом искочи, сега сум во исчекување на вториот дел.
    Поединечно ги имав гледано сите Ајрон Мен, Халк, после тоа си ги изгледав и Тор и Кептн Америка.
    Се на се Марвел секогаш ме воодушевуваат и ги сакам сите нивни филмови.
    Одлични костуми, ефекти, глума, приказна. Леле некогаш си замислувам дали во Галаксијава се случуваат вкави работи за кои ние обичните луѓе немаме поим? :D
     
    На Istata od vcera му/ѝ се допаѓа ова.