1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмори и боледувања за време на корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Deni87, 6 април 2020.

  1. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Дечки, заради одредени приватни причини имам потреба од вадење на боледување. Се консултирав со матичниот доктор, и истиот ме информираше дека во овој период на корона нема дозвола да издава боледувања.

    *Дали некој имал слично искуство?
    **Дали некој има извадено боледување, и на кој начин го има изведено истото?
    ***Дали со извештај од специјалист ќе можам да извадам?
     
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.243
    Колку што знам, пријателка е на боледување.Матичниот сега имал право да дава боледувања до 14 дена.

    Ако одиш на работа и ако се разболиш, не гледам причина зошто не би дал...нормално ако не е фиктивно боледување па да се плаши матичниот.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.774
    Допаѓања:
    259.764
    Само ако си навистина болен.
    Инаку нема да ти дадат, пошто не само ти, сите сакаат.
    Ни специјалист нема да ти пише сега, освен ако стварно си болен.
     
  4. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Не сум болен, само имам потреба да бидам во изолација.....
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.774
    Допаѓања:
    259.764
    Сите имаме таква потреба.
    Ако си бил со лице заразено пријави си.
    Ама од чиста мира може и матичната, и тебе да те казнат.
    Многу е строго сега.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Не, не сум заразен....
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.774
    Допаѓања:
    259.764
    Дали си бил во контакт со заразено лице? Дали имаш некоја хронична болест?
     
  8. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    Oсигурени лица кои се во изолација (карантин) заради спречување на зараза бидејќи
    дошле од ризични земји или биле во контакт со заболено лице но за истите не е
    потврдено дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус)
    Вработените лица кои се во изолација (карантин) заради спречување на зараза бидејќи
    дошле од ризични земји или биле во контакт со заболено лице но за истите не е
    потврдено дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус) , не треба да отвораат
    боледување кај избраниот лекар.
    Отсуството од работа можат да го оправдаат со решение за изолација издадено од
    Државен санитарен и здравствен инспекторат ( ДСЗИ), или со изјава потпишана
    поткрепена со било каков доказ што потврдува дека истиот треба да биде во изолација.
    Повелете.
     
  9. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Не не, заради друга приватна причина не треба да се движам периодов надвор....
     
  10. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.774
    Допаѓања:
    259.764
    Епа тогаш тешко.
    Не можеш да земеш боледување без сериозна индикација.

    Во нормални услови можеш, знам, ама сега ептен е стегнато и на матичните не им се ризикува.
     
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    33.961
    Пол:
    Женски
    Јади нешто со поминат рок и кажи на лекар дека најверојатно имаш стомачен вирус.
    Земи неплатен одмор.
    Или ако постои некоја потврда од некаде дека не смееш да работиш, ќе земеш неплатено, но немаат право да ти дадат отказ.
    Над 50% од популацијата светска има проблем како твојов сега.
     
    На Deni87 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    А зошто не ти дава боледување? Маж ми до вчера беше на боледување. Стомачен вирус го фати.
     
  14. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Зошто ништо не ми е......
    а ми треба боледување многу.....
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Тешко да земеш на тој начин. А да измислиш дека те боли грбот?
     
    На Deni87 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Не го учете да лаже аман..
    Така сите ако лажеме кај ни е крајот..
    Здрав прав ќе оди на боледување..
    Зошто? Затоа што имал приватна причина..
    Да бе..
    И јас сакам сега да сум на боледување па нема..одам преку 7 планини и ридови затоа што работникот е на одмор..

    Сакав и пред 2ипол години да сум на боледување кога лежев 3 месеци закована за кревет, ама не ми следувало боледување затоа што сум била помалку од 1 месец пријавена на тоа раб.место...не ми следуваа ни штаки ни корсетот што го платив 9500

    Луѓе со вистински проблеми мака мачат да земат боледување, а он курташак си игра ..

    Приватни причини..сериозно? Што е толку приватно? Стравот да не се заразиш? Сакаш да лежиш дома? Сакаш да одмараш?
    Земи си одмор..неплатен
     
    На ALISA0000, black-angel, NarCis@ и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Значи тебе ти треба одмор, а не боледување. Боледување е за болни. Си имаш право на неплатен одмор, земи си го.

    "За неплатеното отсуство од работа (мирување на работниот однос) основно е дека вработеното лице има право да побара неплатено отсуство поради лични причини, и за тој временскиот период не прима плата, за него не се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување, а правата и обврските од работен однос му мируваат.

    Неплатеното отсуство временски е ограничено и изнесува најдолго 3 месеци во текот на календарската година. Доколку вработениот користи неплатено отсуство од работа 3 месеци, работодавачот е должен да му издаде решение дека работникот користи неплатено отсуство, а притоа работодавачот е должен да му го чува работното место."
     
    На naturallmess, CameliaMiller и Annath им се допаѓа ова.
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.068
    Допаѓања:
    13.143
    Пол:
    Женски
    Боледување даваат поради здраствени причини, а за приватни причини ќе си бараш друго чаре.
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира која е таа приватна причина.
    Ај не е битно, може е важна стварно.

    Туку коментарите на темава
    Кажи стомачен вирус, кажи грбот те болел
    А бе најјаки сме.
    После државата ни е крива.
    Кога излегоа меркиве за еден родител да седи дома со детето до 10 години, една пиша како да не одам на работа детето не ми оди во градинка, и една друга и кажа излажи дека само што си сакала да го запишеш
    Од сиромаштија може сме научени да приграбуваме кога има шанса.
     
    На SuperGirl24 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Не јади ништо расипано. Доволно е да речиш дека те мачи стомакот, сега никој нема да те испитува, или грбот ко шо ти рече членката.

    Не требало да бараш боледување без причина, не даваат никогаш ако не си некој син брат или владика. Безобразни се, колку пати мене ми требал матичен си заминал пред крајот на работното време дома.

    Ич да не ти е гајле, овој систем не се грижеше за тебе ко пропушти опасен вирус преку границите, не се грижи ни ти шо користиш. После земи си и одмор ако ти следи.
     
    Последна измена: 11 април 2020
    На Deni87 му/ѝ се допаѓа ова.