Би почекала после избори да видам како ќе биде, па август може. А до избори не верувам дека ќе затворат граници А не знам како е во Албанија, да не се збутани многу едно до друго лежалки, гужва..
Јас имам можност да одам уште од задутре, да се вратам до 14ти, ама пусто страв ми е дан си останам таму
Фала Бубаче на охрабрувањето Ама се шушка за затварање граници со Србија и Косово, зошто не и Албанија... Грција размислува за затварање граници за србите.. ништо не е сигурно. *Едит: Грција официјално не пушта влез за србите
Ги затвори границите Грција за Србите. На иста мака сме и ние, сакаме за Турција страв ни е да не не затворат па да останеме ни таму ни таму..
@LovelyGirl3 @mssuniquee Србите кои се во Грција можат да си ги завршат аранжманите па да си заминат. Границите за излез од Грција ќе останат отворени. Значи и Србите што денеска заминаа можат да останат таму до крај на нивните аранжмани.
Некој периодов да бил на одмор во Албанија? Како функционираат? Многу ни се оди, ама од друга страна ризик ни е... Охрид не ни се оди, цела Македонија е таму. Плус море си е море
По која цена би можел да најдам приватно сместување во Ксамил при крајот на овој месец или почеток на следниот?
Дали има некој што бил во Голем, Албанија на одмор? Сега гледав на booking што понуди има за, сместување, но не знам какви се плажите и водата. Некој со искуство?
Има некој моментално во Албанија? Каква е ситуацијата? Дајте апдејт @mssuniquee (извини на таг), знам дека ќе одевте ама не знам кога. Ако не ти е проблем сподели искуства и по некоја фотка
Ние денес се вративме од Албанија. Си поминавме многу убаво (освен патот кој беше многу лош) и дефининтивно би одела пак само преку Грција, директно преку Албанија веќе никогаш. Патувавме ноќе и на граница бевме први и за натака и за навака па пак не фати по 11 часа пат од Кочани. Бевме сместени во Хотел во Саранда, меѓутоа не ни се допаднаа плажите таму, камења, бранови и студена вода. Ама затоа плажите во Ксамил, рај за очи, чиста вода, ситен песок... секој ден бевме на различна плажа. Лежалките се плаќаа 1000 леки (500 денари), беше полно, но онака гужва буквално немаше. За ноќно шетање исто повеќе ми се допадна Ксамил, имаше предобри локалчиња како Бианко и Гувет со прекрасна храна и прекрасен поглед. За децата паркчиња со лулашки и замоци за скокање, лунапарк со сударни колички и сл.. секое возење се плаќаше по 100 леки. Во Саранда има исто многу ресторани и барови, ама гужва невидена, не можеш да се разминеш од автомобили, а уште помалку да најдеш место за паркирање. Значи дефинитивно Ксамил е подобра опција во секој поглед. Во врска со короната, нема никакви правила, маски никој не носи, средства за дезинфекција нема секаде, растојание меѓу маси нема. На граница нема никаков протокол, дури ни пасошите не ни ги проверија, само ги потфатија и ни ги вратија. Народот е прекрасен, љубезен, зборуваат англиски речиси сите.... во споредба со Грција (Халкидики) можам да кажам дека Албанциве ми оставија многу подобар впечаток.
Сите плажи се таму во близина, не се големи и пространи, туку се како во мали заливчиња и обично се под некој бич бар... Бора Бора, Лори, Бела Виста, Tre Ishjut (ова не знам како се чита)... Посебна некоја да издвојам не можам, на Лори водата беше најтопла, но имаше трева во неа што не ни се допадна, на Бела Виста имаше бранови, ама беше многу забавно за бањање, на син ми посебно.... вреди сите да се посетат. Ако сте со кола тогаш нема да ви е проблем, една меѓу друга се на 5 минути возење.